Не знам дали насловов на темава е профатлив, ама би сакала една тема за статии кои се дно на новинарството (ако може да се нарече новинарство) кои се или со глупи наслови или текстот им е неверојатно глуп, базирани на невистини, преувеличани, статии кои не требало да се напишат не па да се објават, статии со лажни слики (пишува одрон у Скопје става слика од Вашингтон), трач кој нема допир со насловот и слично. Нормално, ставете извор и ако има име (најчесто не сакаат да се потпишат) на оној што напишал. Чисто да се изнасмееме на желбата за кликови на порталите. Пример: http://sitel.com.mk/rechenica-koja-...-na-majka-si-pred-da-se-udavi-go-krshi-srceto И што сега ние со ова? или http://www.press24.mk/foto-lila-pozira-vo-shpanija-sashko-kocev-i-postavi-nezgodno-prashanje прашањево од незгодно пука!
Се нервирам кога насловот нема никаква допирна точка со веста. Се ќе направат само за да им се чита веста.
На vistina.mk и story.mk им нема рамни Овој првиот сајт и посебна рубрика Радио Милева имал, дури сега приметувам Дно, бруки за новинарството. Лила им е една од омилените музи изгледа http://vistina.mk/?p=519981
http://exclusive.mk/articles/34549/...-sakashe-da-izleze-od-kola-eve-shto-se-sluchi Сватовите во шок - невестата не сакаше да излезе од кола, еве што се случи У КИНАААА
Куп ги сретнувам преку ден ама не пуштам овде зашто не сакам да кликате и некој на таа глупост да заработи. Искрено си кажувам.
Тие статии најчесто ги објавуваат Сител. За повеќето од починатите прв пат читам. Едни од поглупавите статии ми се оние за смртта на српската пејачка Јелена Крсмановиќ. Често објавуваат - Пронајден е убиецот. Кога ќе отворам да прочитам - Постојат сомневања кој би можел да биде. Не знаат веќе што да напишат. Пред некој ден на фб читам наслов поврзан со клиника. Демек нешто се случило. Си помислив дека тоа е кај нас. Отварам и тоа да ти било во Србија. А ставиле слика од нашата клиника. Последната вест - Сообраќајка на Партизанска. Си помислив на Партизански одреди, а тоа да ти било во Битола.
Click-bait штосови, стари колку „божјата“ листа. Прават за да бројачот им отчукува со што повеќе нули испред, за да после тоа се фалат дека се најчитани. Единствен и најдобар лек е да не ги отварате.
Ова! Импресум Контакт Маркетинг Последни Вести Видео Резултати Форум Згодна плавуша ја крена температурата на „Филип Втори“ арената (ФОТО) Жешко е на трибините на „Филип Втори“ арената каде за неполни 15 минути ќе почне мега пресметката од европскиот Суперкуп. Останато Категорија: Останато 08.08.2017 20:37 Прочитано: 2164 пати Трибините на нашата најголема фудбалска арена во земјава се веќе исполнети до последното место. Атмосферата е прекрасна, се е подготвено за вечерашниот спектакл во Скопје, за дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, а ние издвоивме што ги примами очите на повеќето на трибините... Фото: Кочо Сотировски (24фудбал) Ужас и катастрофа. срцето ми беше исполнето зошто сме домаќин на вква манифестација, бев понесена од орото македонско, ама ваков испад треба да биде вест. Рили? Го гнаси настанот и на вакво нешто не треба да му се посвети внимани, а не па да биде одбележување на настанот.Секако, секакви вести кои упатуваат одушевување на било какви старлети, вана би стралети, emerging стралети, спонзоруши градски ми се кражба на медиумски простор. Сериозно! Натаму: 1. Сите вести врзани со Бијонсе и нејзините деца, маж, слики и се останато. Ич не ни е гјале. 2. што секој пат кога отворам агрегатор искача: Дара буба Мара, задолжително и без исклучок Цеца и ќерка и со потполно небитни нешта. Не да не ги читам, ама бодат очи бре! 3. Шокантно! и следи тешка глупост. Заморно е.