Глупости што ги прават нашите миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од Dala, 13 октомври 2012.

  1. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.889
    Ајде кажувајте глупости што ги прават вашите миленичиња :)
     
  2. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Моето на пример (мачор е,голем) некогаш кога си одам и он до мене,од нигде никаде ќе ми рипне и ќе ми се закачи :^) Будалче :)
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.884
    Пол:
    Женски
    Моето прави многу глупости,ама најмногу мњ нервира што голта чорапи.Значи кај и да најде чорапа ја голта
     
    На GossupGirlxoxo и Twinkles им се допаѓа ова.
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    мене ме нервира кај мојот мачор што е многу дрчен за јадење што и да му дадеш ќе јаде е највеќе ме нервира што се качува на маса ме гледа дали го гледам и само што ќе се завртам за секунда на маса |( еднаш ми се случи само што ручав додека го приберам лебот тој се качил на маса и го лижеше тањирот :envy: значи многу ме нервира што само јадење му е во главата на гарфилд ми личи дебел еден :lol:
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.975
    Мојот мачор секој ден прави глупости. :D Пример ќе има јадење ,пред него ќе го гледа а ќе ми се мотка в нозе и ќе се гали се додека не му го покажам каде е.Или пак ќе има од неговото јадење и претходно ќе јади,а ако во меѓувреме намириса нешто да се готви ќе се умилкува се додека не добие од тоа и само ќе го лизне,а не го јаде ]:) .Ко беше помало,а богами и сега го прави тоа ќе се затрча од некаде ко некое изулавено и ќе се акни во мене и пак ќе избега.Некогаш и ми се крие некаде,ќе излези пред мене ќе ме види демек ме уплаши и пак ќе се скрие :rofl: Ко детенце малечко е некогаш,во секој случај интересни се деновите со него.
     
    На CameliaMiller, SV1911 и Twinkles им се допаѓа ова.
  6. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.889
    Е па например и моето куче сегогаш кога ќе најде кондура,патика,апостолка...Одма ја гриза.И партал ми ги направи патиките така. :D
     
  7. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Моето папагалче ја изгриза целата дрвена рамка од сликата,сега сме без пола рамка :lol:
     
  8. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    980
    Мојата мачка крадеше риби од комшиите.Човекот си оди на риболов и рибите ги става во чешмата надвор додека да ги изчисти.И таа кога тој нема да гледа му ги крадеше :lol: Еднаш 5 риби така си изеде,а не е дека не и давам за јадење,ама ете така и е поинтересно :D
    А еднаш јадеше смоки и грисинки и тоа качена на маса,госпоѓата си седи и си јаде,гајле си нема.А не се плаши од мене да побегне кога ке влезам,чудо од мачка :lol:
    И и има уште многу вакви глупости што прави :)
     
    На Twinkles и manekenka10 им се допаѓа ова.
  9. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Кога е гладна мојава кучка, гребе по фрижидерот дур не го отвориш и не и дадеш да јаде. :emo:
     
  10. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    13.608
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата мачка, никако да се научи :envy: 1 ипол година е дома и пак не разбира и сега и синот нејзин оди по нејзините стапки, баш како што опиша, потполно истото се случува кај нас :D

    Секој ден по нешто ново изведуваат :D Пред некој ден се пресмеав со мачорчето, трчаше в кујна а подот е со плочки и тој така засилен, заигран кога се лизна, се извиши со нозете нагоре и се лупна со главчето на плочки :D се пресмеав. Стана како ништо да не било.

    Спија со мене ноќе, кај 7 саатот станува и иди кај лицето мое за да се гали, абе преди корни :rofl: многу ми е мило тогаш и ќе си легни на гради кај мене и спија така |-)
    И мајка му ја оставам некогаш за спиење, таа на фотелја а тоа кај мене в кервет и слушам ноќта кај 3-4 саатот грчи мачкава и се степале ]:) абе лудница се.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Леле, кога ке се сетам дека ми се напика во фрижидер. :rofl:
    Бев надвор, а дечково имаше научено да отвара врати, па така јас паметната не сум ја дозатворила (ете му олеснување) вратата од фижидерот, среќа беше исклучен, ама се простивме од саламите внатре :lol:
     
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Низа глупости од разни миленици.Книга треба да напишам.
    Имавме една кучка, се научи влезната порта да ја отвара па моравме да бидеме многу креативни за да ја спречиме. :lol:
    Месото го имат крадено, сомуните, една мачка целиот кајмак го изеде(и се чудам како не умре), кучињата два-три фустани ми имаат кинато, блузи, а за влечки ич да не расправам-стотици и стотици.
    Имав едно кутре, троа домакинче си беше, па од сите комшии крадеше влечки и дома ги носеше.Awkward moment беше кога одевме да им ги враќаме.Бруки :tmi:
    А врв на се, ова лето, кутрето ми, зело еден мој прслук од сушарата и оп-пред портата на мегдан.Кога си дојдов дома има што да видам.Не знам само како им било на комшиите.РЕЗИЛИ! :D
     
    На Kimberly11, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.811
    Допаѓања:
    7.034
    Мојот пес е толку напален,што кога ќе сакаш да го задевниш со ногата ти се качува и си се клецка :$
    Колку пати ми било незгодно и не бира секоја човечка нога тој си ја клецка!
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Markusa2 им се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    1.320
    Мачката моја отвора фрижидер , врати , пие вода стриктно од лавабо ,никако од нејзин сад ,пошизува кога ќе слушне судирње на прибор за јадење ,оти си мисли дека се отвора конзерва со грашок (кој и е на листата на омилени јадења) ,скока на телевизор ,спие на аспиратор...
    Се што прави таа е лудо.
     
    На CameliaMiller и Twinkles им се допаѓа ова.
  15. Ashitaka

    Ashitaka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    34
    Моето маче е прашко. Знаете она за собирање прашина?
    Е! Омилена активност му е одење позади шифоњери, кревети, и собирање пајажина и прашина.
    Кога ќе излезе од позади целото е, оул уел , со прашина!
    И тука имаш кивање, пробување да се ослободи од пајажините со тресење на главата наоколу ко хеви-металец.

    Нема потреба да се мачам со чистење, нели? Си имам лична домаќинка по дома. Ко Моника Гелер од Френдс да му е мајка. :D
     
    На Twinkles, ilipili и Salome им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Си ги остри ноктите мачката на мало чергиче, и и се заглавуваат и стои така како треснано неможе да ги одглави. :rofl:
     
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.441
    Допаѓања:
    10.992
    Пол:
    Женски
    Кучката моја, мојата душичка која ја чував 11 години обожаваше да јаде обоени јајца. :lol:
    Две-три години за Велигден се чудевме каде ни се јајцата, не оставаше ни лушпа од нив, а немаше никаде ни траги од боја.
    Корпата на маса во која ги чувавме јајцата беше на свое место ама празна, од јајцата никаква трага.
    Кога ја фативме на дело како ги тамани, почнавме да ги криеме од нејзе секогаш кога планиравме од дома да излеземе и да ја оставиме сама.

    Беше многу паметна, ништо од маса не смееше да чепне, месо да оставевме и да заминевме некаде, кога ќе си дојдевме дома го наоѓавме на истото место, нечепнато.

    Ама на велигденски јајца не можеше и не можеше да одолее.
    Се прашувам каде и ги собираше цели две табли, па тоа се 60 јајца бре луѓе? Како не приумре? Зарем не и било лошо од толку јајца?
    Обично варено не го чепкаше, ама за велигденски душа даваше.
    Дури и старите закопани јајца ги откопуваше и ги јадеше. Старо една година, скапано ќе го намирисаше, ќе го откопаше и ќе го шматнеше. :x
    Што куче ќе беше тоа, не знам. :lol:
     
    На CameliaMiller, Jenniffer, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    ***

    *Кученцето пред неколку години што го имале мм им донело замрзнато пиле. Го украдил од продавница :lol: .
    *Бидејќи бил бел кога и да го избањале, право заминувал под автомобил. Тоа ви е автомеханичар :D .

    ***

    *Овој ѕверов денес што го имаме, ни ги искорени сите цвеќиња и тоа од корен :!: . Прво ги копа од страните и потоа ги вади од корен ( и тоа трендафили од еден метар). Градинар не му е рамен :D .
    *Преку еден ден или повеќе прави пауза и десерт со по два гулаби :tmi: .
     
    На Twinkles и Salome им се допаѓа ова.
  19. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    278
    еднаш мачорот од комшиите имаше удавено кокошка и цел двор ни беше со пердуви ( не комши нашиот мачор :$ )
    за на маса беше прв и тоа со засил од врата и ќе се лизни на стакло ќе се преврти и пак се бендери.
    кога ќе се капевме на врате пиштеше мјаукаше дур не му отвориш и ќе му отворев и ќе седеше ќе ме чекаше да се искапам и кога ќе излезам и тој по мене и ќе седнам да се мачкам да се одлекувам а тој ми ја лижеше косата кој филм му беше не знам :D
    навечер идеше и ме гризеше за нос редовно и не се откажуваше јас ќе се покријам со ќебе тој упорно ќе нурка под ќебе ама ќе ме касни и си заминуваше среќен и задоволен :^)
    а дури беше помало имавме едно привезоче шо се паѓаше во смоки како маче беше и го лижеше/капеше :rofl:
     
  20. TweetyxP

    TweetyxP Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    28
    Хах.. а кај мене моето куче па.. ако остаиш нешо на биро или било кое др место.. и ако го најде после 2 недели ти го враќа.. а исто така ме нервира најмногу коа ќе ја изнесам надвор и ќе почне да трча ко улаво и и викаш се праи дека не слуша и за 2 сек ја глеаш на улица отишла.. или коа ќе и викаш ајде да си одиме намерно бега и се крие позади грмушки.. будалче :rofl:
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.