Мојава мачка ... јаде само исклучиво пилешка храна за мачки и пие само млеко... (никако вода).Обожава да оди под сушалната и додека не ги извлече сите алишта од неа на под и додека не ја бутне сушалната на земја не се откажува... Скоро сите мачки бегаат оф бода мојава со трчање оди во тоалет и кога ќе пуштиме вода од казанчето таа ќе се качи на вц школката и упорно со шепата ја допира водата и гледа надоле со главата,додека пак најитересна ми е кога ќе се качи на телевизорот и наопачки ѕирка што има на ТВ ... Денот ми почнува и ми завршува со мачката...секогаш ме расположува и ми дава позитивна енергија...
Моето кученце е многу културно само понекогаш многу јавно ги искажува своите ставови. Комшивката(која инаку многу го сака кученцево,го чува повеќе од мене) си стави нова фасада на куќата и така си седи жената пред куќата и си ја гледа фасадата(ко да е единствена во градов)...Тогаш доаѓа кучево и баш на нејзината нова фасада... Комшикава остана буквално ваква ,кутрата
Имам голем дебел бел мачор, секое сабајле ме буди ме трга и ме насочува да одам во кујната да му дадам јадење ајде се трпи тоа ама се случува и во 4 часот наутро да ми досадва за во кујна да ме буди ,стварно е досаден дебелиов!!! Иначе многу си го сакам .
Имам голрм дебел бел мачор, секое сабајле ме буди ме трга и ме насочува да одам во кујната да му дадам јадење ајде се трпи тоа ама се случува и во 4 часот наутро да ми досадва за во кујна да ме буди ,стварно е досаден дебелиов!!! Иначе многу си го сакам .
Хех.. Цлцката Мила прво ми се мота околу нозе, после ќе почне да се закачува на панталоните со ноктите и да мјаука „гласно“ за да ја земам во раце..
имам минијатурен пинчер малечко 5 месеци ( можете да замислите колкицко прцулче е ) ама ептен е таква бесна само џавка по све што ке види врапци ,луге а највеќе по мачки ... вчера ја пуштив надвор Спојлер да оди по нужда и слушам лае ли лае ,зиркам надвор и гледам на два метра од нејзе една мачка ,мачкава мртва ладна си стои а ова моево се мрднува од лаење ..кога одеднаш мачката ја збркува мојата кучка ова прцулов мој почиња да бега и незнам што и текна сеа па она ја збрка мачката ,мачкава фаќање шпринт по улица кутрево по нејзе ја со една патика цела збунета трчам по улица по нив да го фатам кутрето . вака можда и не е толку смешно ама глетката беше хаоссс и док го пишувам ова се смеам
Моите мачки (брат и сестра се) се масираат Значи не ве лажам, сега ќе се обидам да објаснам Значи ги имам гледано неколку пати од прозор и ваква е ситуацијата: Мачорот лежи, а мачката лежи позади мачорот и нејзините предни шепи ги става на вратот на мачорот (одма позади глава) и ги„мрда“ шепите (незнам како со зборови да го кажам тоа) како да го масира, а мачоров како господин некој ги затвара очите и јас зафрла главата наназад Комедии се, пробав да ги снимам ама „нивното место“ каде што си лежат ми е малце подалеку од прозор и не се гледа убаво снимката, а кога ќе им се приближи некој одма се тргаат (ова го прават исклучиво кога се сами) Абе срцки ми се
Моето куче многу ме нервира кога во 2 часот на полноќ (а некогаш се случува и подоцна) ми се качува на грб и ме буде за да го пуштам надвор во ВЦ Па морам и да го чекам за па да влезе дома. (а проблемот е сега што му ги исечив ноктите сега па не го слушам кога иде, како дух е)
Имам еден дебел персиски мачор кој секое утро во точно 7 часот доаѓа до мене и мјаука и ме удира со шепите по лицето и кога ќе станам си оди
Имам 3 мачиња и 1 маца И кога одам да им дадам храна, оваа големата ги тепа сите што ќе и се најдат на патот, и + истата обожава да влегува внатре и веднаш се качува во мојата соба и си легнува на мојот кревет Бидејќи ги чувам надвор, а понекогаш се случува и да се качи додека спијам и да ме разбуди
Мајка ми го размази мачорчето, па сега кога кака во песокот не го закопува туку само ќе се сврти и ќе го види г*мцето и после гледа накај мајка ми и почнува да мјаука (за да стане да го исчисти).
какви ли не глупости прават моите миленичиња.имавме еден мачор кој крадеше храна од фрижидерот,сам си отвараше врата,врескаше како заколен ако се уплаши од нешто,крадеше и по комшиите храна резил невиден .скоро почина,инаку сега чуваме мачка со три мали мачиња,синчињата нејзини.големи палавковци се.се закачуваат на завесите,си играат со бонбони со лешници фудбал,интересни се многу .мали гаволчиња . а мачката е разгалена,од кај комшиите дојде кај нас да живее само цвили натаму наваму фучи се нешто не и е погодено ми спие во креветот ме турка навечер ептен е разгалена.
бев една вечер кај една другарка и добро влегов кај неа, но во меѓувреме нејзиното куче(тоа надвор од куќата) ми ја земало чизмата и ми ја скрило некаде и ајде сега излегувам јас по саат време чизмата никаде а тоа вечер накај 9 саат и ми даде патика па утредента ми ја донесе дома..
лелее и моето куче...а мноогу сака да го ческам зад учите и мешето за да го чешкам како маченце се умилкув Срцка моја
Моево куче не знае да лае.(барем не сум го чула, а претходново што го згазија не престануваше да лае ) И сега го врзав за тераса и кога спаднувам по скалите тоа ме слуша и трчи право накај мене и скока ко нездраво, сака да се гали и многу, ама многу сака да лиже а мене тоа ужасно ме нервира..Сепак многу си го сакам..Инаку женско е но цела улица му се плаши, ахах ѓаволче мало со зелени очиња