моето куче кога ќе има сонце легнува на грб и така лежи се сонча и не се мрдаа, така еднаш ме исплаши си мислев кузнае што му е... исто секој ден ме буди за во школо 07 00...кога нема да ја прошетам ми се лути и легнува и јас ќе ја викамм и ништо не реагира и послее едно бисквитчее и одма смирена ми е..... ... денес расцветаа цвеќињата во дворот и трчаше и ги искинаа сите дека жбунче многуу цвеќиња с еи се фрлии во нив и сите ги искрши.. ...
Кога му давам јадење непрекинато мјаука седодека не му дадам.Исто така ако му го фрлиш малку подалеку од него те гледа се додека не му пкажеш кај е .Или пак еднаш го галев и оди накај бунаров и јас по него одам да си го фатам и пак да го галам и сега ме погледна и ми мјаука вака како да сака да каже:,Аман веќе од тебе остави ме''.
Моето кога си игра и ко ќе сака да ми ја гризи раката,а јас ја плесам по муцето лај и се слуша ко да вика АВА АВА, АВА АВА АВА Сум се умрела од смеа
Моето мачее многу бесно. Постојано сака да си игра. Има милион глупости направено. Мало е и постојано на маса се качува и таму спие, па кога ќе го видам го симнувам долу, но пак се качува. Што се однесува до храната јаде се' и сешто од лубеници, дињи, краставици, домати, компири, соја, супа, сирење, храна за мачки, сладолед, кикирики, пченка..Абе чудо од маче.. Кога одам некаде постојано со мене иди, како некое кученце, бидејќи мало е сеуште и кога спие со мене си шмука од кебето и "цица" наводно да кажам, си мисли дека мајка му е тоа. Никогаш не мјаука, но знам кога се гали дека му се јаде.
Eдно од моите мачиња го повлече гајтанот на пеглата,па и малку да не му е се беси на терасата на оградата ги крши цвеќињата .Mајката нивна е полуда ,скока трча како бесна се треска во кантата ако не најде месо ,се катерат врз фрижидерот спијат во една кошница ,и што ли не,но си ги сакам повеќе од се на светот
Го промашува радијаторот и паѓа, се качува каде стигне(нормално), еднаш на висечите во кујна го најдов, се пика по чанти, ми го окупира цел кревет па јас немам кај да легнам, а ако го подместам и легнам ме бутка. Еден куп има ама не ми текнуваат сега.
Вчера со Теза моја се глевме надвор во дворот и од надвор поминува комшииското куче, а тоа огромно и Тези се плаши од големи кучиња. Почнува да зјапа во кучето и јас ја прашувам што е тоа, а она ми замрче како да сакаше да ми каже држи ме да не го убијам! Но, не е само тоа. Кога сакав да ја помрднам и го поткренав телото, а главата и остана здрвена во едно место и фокусирана на кучето. Се згазив од смеење и си играв со неа 5 минути додека не си отиде кучето. Завчера пак, ја барам да и дадам тврда храна, а се заборавив дека конзервата е отворена во гаража. Влегувам внатре и имаше што да видам! Тези аробена во конзервата трча наоколу како мува без глава! Ја фатив, ја извадив конзервата и ја казнив две недели дека ќе јаде само тврда храна. Инаку би можела да се испокасапи, па по ветеринари да одиме ќе треба. Но, си се казнив и јас да не ја давам храната во гаража туку пред врата.
ајде да се уклучам и на оваа тема се изнасмеав на глупостите на нашите миленици па морав да го споменам и моето кутренце Буба свекор ми ја земал на пазар со него да купува краставици и ко го прашале какви да бидат дали може да стават и некоја крива краставица тој им рекол дека нема врска тие ке ги јаде кучето и се обложиле со продавачот за тоа дали јаде краставици и му рекол дека ако јаде да си ги земе гратис тој и дал на буба оваа си ја изеде краставицата и си дојдоа дома со 3 кила гратис краставици
Моево кученце често прави глупости, ама лани два дена пред куќната слава ја претера и си го доби Цел ден седеше казнет во ВЦ Бевме во паника сите, еден торти прави, друг кифлички, трет чисти, а тој само се вртка околу кујната и чека некој нешто да му фрли за јадење. Мајка ми ја испекла тортата, ја спремила и ја ставила во дневна на масата. И тој, малку по малку ја влечкал прекривката од масата со забите и цела торта му паднала над глава. Ама не битно, он си продолжил да ја јаде.. Кога го видов што прави не знаев дали да се смеам или да го карам. Мене искрено повеќе смешно ми беше, ама мајка ми кога го виде збесна Почна да го кара а тој целиот со трошки во главата, ја навали надолу и брзо избега во ВЦ. После цел ден си го преседе таму.
Ако е налутена на некого, тогаш се одмаздува со тоа што ги расфрла кондурите или влечките. Значи не ги гризе, туку само ќе џапне некоја и ќе ја однесе во двор. Па ти оди барај си ја Ама секогаш ги зема обувките на тој на кој што му е лута Не е глупост, ама многу е интересна кога си игра со чапите Бидејќи се топчиња, ја играм со нив за да и биде поинтересно. Па почнува да ги тркала, да ги фаќа со заби и да ги џитка на друга страна, се бори со нив, влегува во некој акционен филм и на крајот ги јаде во знак на победа
Mojata kucka ima napraveno mnoooogu belji... Kako na primer: izela do sega nekolku para patiki, papuci, gakji, corapi... Ima izedeno pola dalinsko... Ima napraveno dupka kolku nejzinata glava na edna frotirka, ima izgrckano kraevi od kebe, ja ima rastureno 5-6 pati kantata za gjubre vo kujnata, ima uste raboti hahaha
Леле, моево, што не направи за 2-3 часа. Додека спиеше, сонуваше како трча. И трча ли трча, почна да цивка. Почнав да го галам, и се смири. А, друго, го легнувам на грб во кутијата негова, и овој, лежеше мирен и ме гледа како му ставам весници за вршење нужда. Иначе, одлично се сложуваме. Знам точно кога му се оди да мочка, или сака внимание. Најслатко куче на светот ми е! Тоа му е омилена поза за спиење. На тајмлајн на фб си го имам.
Штикличките што си ги купив за Нова година ми ги изгриза Цел ден шетав , барав , пробував и на крај не ги ни облеков преку ноќта ми ги дофатила и сега нови (иако не постојат барем приближно убави како тие )
кога одам кај некоја комшивка ми ги зема влечките и ми ги носи дома... изгледа не сака да си идам дома до толку ме мрази, душиче
Мачето што го чувавме претходно беше толку хиперактивно просто да се чудиш. Дека беше многу мало, ке се сокриеше некаде и го баравме со часови. Најинтересно му беше кога ке се фатеше за завесата и ке се лула се додека не ја откорне целата Од саксијата редовно целата земја ја вадеше и ја разнесуваше каде стигнеше. Изведуваше акробации и се качуваше и на највисоките места ( незнам само како успеваше ) и така ви велам. Го дадов на другарка ми да го чува , сега е смирено малку