1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глупости што ги прават нашите миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од Dala, 13 октомври 2012.

  1. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Глупости,игри,прегризани неколку полначи за телефон ама и брбаланки еден тон:rofl: ...Како што ќе скокне така и ке си остави две три под него...Фабрика за стоби флипс топчиња :D Е овој величенствениот што го сакам најмногу!И покрај сите овие ствари најсреќна сум што го имам :l::l::l:[​IMG]
     
    На realGirl, Alanna, Lady Phoenix и 10 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас немам миленче, но ќе ви кажам една случка од другарка. Моја другарка има мачка, но мачката многу сака да се пика по кутии, ташни а особено чевли,чизми и патики. :lol: И сега јас така одам кај неа, скроз заборавена дека има мачка таа, си ја отварам ташната и си ја оставам отворена, ко ништо да нема. А мачката опасна го искористила тоа си се пикнала внатре и си седнала, а јас без да забележам си ја закопчав ташната. И ајде минува времето, незнам како не и се здосади еј внатре да седи, и јас тргнав да си одам гледам нешто ми тежи. Си одам јас дома и на пола пат почна да ми мрда нешто, кога отворив кога видов лелеле ме фати една смеа и враќај се назад. :rofl: А ние претходно мислевме пошто ја нема дека она се качила горе на катот и спие. Ах, мори мачко мачко :rofl:
     
    На Dulceee, CameliaMiller, Beautiful_girl.. и 6 други им се допаѓа ова.
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    и така
     

    Прикачени фајлови:

    На zalosna, Lady Phoenix, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Е па глупост не направи ама пакос направи,пилето печено го изеде и згора на тоа плочките во кујната лом ги стори со мрсно ,ама не помина неказнет отогаш нема ништо фатено
     
    На Lady Phoenix, la gina00 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Во последно време, кога и' е досадно и и' забранувам да беснее по дома си го брка опашот. :D

    Исто така многу е несмасна, ама и вообразена. Што значи, кога ќе падне, прави како тоа намерно да го направила. :rofl: Ако падне, се врти на грб, со јазикот исплазен, божем чека да ја погалам. :D Не за џабе кажале, Ерделите се циркузанти во кучешкиот свет и би направиле се' за да се насмее неговата публика. :wasntme:
     
    На Lady Phoenix, CameliaMiller, Arthur и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Го крие јадењето под неговото креветче, под тепих, во тепих, под кревет (после не може да го извади).
     
    На la gina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    дома имам 2 желкички(водни) 3 златни рибички и едено папагалче
    сите прават глупости
    желките спијат една над друга :D
    едното рипче се удира во стаклото од куглата :D
    и папагалчето кажува неколку зборови како "пичка" и "педеp":rofl:
     
    На Lady Phoenix и la gina00 им се допаѓа ова.
  8. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    18.605
    Пол:
    Женски
    Имам хрчаче , навечер строго не ми дава да спијам со тоа што ги гризе решетките од кафезот хаха, кога му ставам храна , цела ја бутка во устата и после се крие во ќош и ја плука ,ако му ја отворам вратничката од кафезот и се свртам на страна на 1сек обавезно има излезено па го барам каде се има напикано :rofl:
     
    На la gina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. la gina00

    la gina00 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    моето маче постојано кога ги носам моите омилени фармерки онакви икинати ги лиже се дур не ги направи утоп...постојано го карам ама не вреди марко пак по свое...:lol::lol::lol::lol::lol::l:
     
    На Lady Phoenix и kjukli им се допаѓа ова.
  10. Aerial

    Aerial Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Моето мало зверче си има чудни места за релаксација,
    влегуваш во тоалет и оп куче во кадата :D
     
    На Kimberly11, SV1911, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Леле кучкава моја има изгризано еден полнач за телефон,два пара слушалки за уши,чорапи,паричник и што ли уште не:@...Ама ајде,мала е..
     
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Аххх, не можам да добројам кои се' не глупости ги прави мојава мачкица. Аздис невиден е.

    - Се фрла врз папратот на мајка ми во стил како Ејс Вентура кога се фрла во дворот на лудницата преку живата ограда. :rofl:
    - Се пентари по комарникот и пее „опери“ ако има некој на другата страна (да пие кафе, да пуши цигара и сл.) :music:
    - Ако се отвори вратата од комарникот, тогаш успева да се искачи до горе и да стои на рамката од истиот и да балансира. :sweat:
    - Знае да се залета и да се фрли накај прозор, а истиот да е затворен, па да се тресне од стакло, да падне доле и да избега збунета. :?:
    - Се пика по плакари и може комотно човек да и' затвори врата - таа ќе си отспие таму без мака. 8)
    - Сега неистражена територија и' е купатилото, па седнува пред врата, лажно мјаука дека и' се оди во веце и со брзина на светлината се упатува кон кадата. Успева да се искачи и после, ако тече во мијалникот вода, фасцинирана е од млазот, се обидува да го брка, да го гризне, без да осети дека и' тече вода по глава. Не е битно ни шепите што се мокри. Втора варијанта е да се пикне во када и да седи како тутурутка некоја, иако кадата е често и влажна. (facepalm)

    Битно, глувците од комшиите не припариле веќе кај нас. 8) Доста е засега.
     
    На SV1911, kim.k, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Си го зема креветчето и го одвлечка меѓу мојата соба и собата на мајка ми и татко ми. :D Вечер решила тука да спие и точка. :!:
    IMG_20151012_224457.jpg

    Едит: Сега додека јадев ме дружеше, па додека чека си легна на плочки. По некое време ѝ текна дека на кревет е поудобно. Си тргна накај работна соба (каде што ѝ беше креветот) и се чуди каде ѝ е креветот. Ја викам и ѝ покажувам каде го оставила, оваа цела таква "О, да бе, таму го оставив", цупкајќи си легна во креветот.
     
    Последна измена: 12 октомври 2015
    На Alanna, SV1911, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам, мачки не обожаваат да се шлапкаат во вода.
    Ова моево е изрод изгледа. Да се разбереме, не сака да се бања, ама во мијалников цел ден би седела и би си играла со чудесниот, најинтересниот на цел свет - млазот вода. Уаууууу! :o :mm:

    [​IMG]

    После ушите и главата мокри. Епа мокри де. А знае и во када да си влезе. :|
     
    Последна измена: 20 октомври 2015
    На SV1911, Dgirlll, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    93.720
    @Lady Phoenix јас познавам исто таков мачор како твојава. Значи вода пие САМО од млазот вода во кадата. И тоа, демонстративно бара кога е жеден така што квакнува пред вратата на вц-то и чека да се отвори истата. Доколку не се случи тоа, почнува да гребе и видел, не видел мораш да му отвориш. Тогаш зема залет, рипнува во када и дреме под чешмата додека не потече млаз вода баш како на сликава. Кога е готов рипнува од кадата и спремен е за шетња. Каков пар би биле со твојава, мераци:rofl:. Ама вака кога си мислам стар да не е за твојава мома, он пет години е ако не се лажам па ми кажаа кај мачките тоа било многу:wasntme:.
     
    На SV1911 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Сегашново (куче) ги растураше сите саксии со цвекиња во куќата и во дворот, јадеше кромид, компири и се што ќе најде околу кујна кога ние не сме дома. Чешмата надвор ми ја изеде цела, неколку алишта и ќебиња исто така лом ги направи. Сега е помал бељаџија.
     
    На Lady Phoenix, Salome и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Редовно ми носи ,,поклон''-мртво врапче.Гревчиња ми се.:(
    Јас им оставам трошки, она ги лови и ми ги носи пред врата да ми се пофали.
    Ми ја украде топллинката и ја закопа во лисјата.Тоа минатиот месец беше.:DОбожава да краде штотуку исперени џемпери и да спие врз нив.Посебно мои и на мајка ми, изгледа убаво и мирисаат-на омекнувач.Абе што да расправам, алиштата по два пати си ги преперуваме.(facepalm)
    Еднаш ја бутна сушарата на земја.И слика има од тоа ама не ја ставам, да не ја препознае некој мајка ми од фб.:$
    Ама па си ја сакам, она ми е :sun: во животот мој.
     
    На Lady Phoenix, buba4e89, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Мoетo пaпaгaлче не сaкa синa бoјa. Имa вo кaфезoт лулaшкa и нa неa имa жoлтo,синo и црвенo ѕвoнче.
    Првo штo ќе нaпрaви кoгa ќе му гo oтвoрaм кaфезoт зa дa пoлетa мaлку е тoa штo гo oткaчувa синoтo ѕвoнче гo вaди oд кaфезoт сo клунчетo и гo пуштa нa земјa a пoтoa слегувa нa земјaтa и гo туркa сo клунчетo пoдaлеку е пoтoa летa нa мир хaхa
    И секoгaш слетувa нa шишки и тaму седе/лежи хaхaх

    Пa и не е глупoст oвa нели
     
    На SV1911 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.526
    Пол:
    Женски
    Јас моментално чувам само хрчак и знае да збесне. Има една топка т.е. тркало со решетки и на него се качува и беси, како Тарзан е.:D Штом ја спуштам раката во кафезот за да го земам или да му оставам храна или вода веднаш се затрчува и ми се беси на рака. Гризе што може да се гризе а често се исправува на двете задни нозе и потскокнува. :D Срцка ми е.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Оваа случка не е од мојата мачка ама морам да ја кажам. :D
    Мажот на сестра ми е од Богомила, и сега имаат уште куќа таму.
    Имаат и мачки еден куп.
    Еден ден си седеле, и кога во дневна влегла мачкана со цела ќеса кило колбасици :rofl:
    Ја влечела од кај комшии, им ја украла. И уште горда.
    Домаќинка мачка, нема што :wasntme:
     
    На Emy867, SV1911, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.