Близнаци Според говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур. Баш така
Овен Без разлика на физичкиот изглед, настапот на овенот е секогаш сигурен и одлучен. Движењата му се разиграни, сигурни и вешти, кога разговара, соговорникот го гледа во очи, а кога самиот нешто сака да каже, без двоумење го прекинува соговорникот. Овните секогаш се туркаат пред другите, одат со брзи и отсечни чекори, честопати со главата кон напред.
Вага Женските ваги испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и машките ваги на особено својствен начин ќе дадат до знаење дека ја забележале секоја жена што поминала покрај нив. Привлекувањето внимание на спротивниот пол, е клучот за разбирањето на говорот на телото на вагите. Тие сакат да им оставаат добар впечаток на луѓето, да воспостават телесна комуникација и да ја испробаат својата заводливост. Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените се кокетни и по малку дистанцирани.
Рак Припадниците на овој знак многу тешко можат да изгубат контрола над самите себе со користење на говорот на телото. Но, сепак нивната воздржаност и претпазливост која се огледува во нивните очи, можеби покажува несвесна потреба за разбивање на нивната крута надворешност, која всушност е најчесто резултат на нивната несигурност. Сензуалноста кај раковите може да се почувствува според менувањето на тонот во зборувањето, малку поцврстото стискање на раката, долгите погледи и неконтролираното треперење, кое станува забележливо во нивните најинтимни моменти. Точно е.
Девица Гестикулацијата и мимиките кај овој знак се сведени на минимум, но тоа малку што се гледа, доста зборува за нив. Колку и да се трудат, понекогаш не можат да ја скријат нервозата поради која тропаат со нозете или ја чепкаат косата, со што ја разбиваат извежбаната воздржаност и мирен поглед. Колку се поуспешни, емотивно постабилни и поздрави, толку движењата им се посигурни и смирени.
Бик Речит поглед, муртење, ситни брчки околу устата и подигнати веѓи, сето тоа е говор на лицето кај бикот. Со движењата и гестовите, припадниците на овој знак, едвај дозволуваат да се насети нивната сензуалност и еротичност, но кога ќе почувствуваат дека се на сигурен терен, нивните движења стануваат поспонтани и поотворени Се е погодено особено тоа со подигнатите веѓи
Близнаци Според говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур.