1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Говор на телото при разговор

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од N1ky, 14 април 2012.

  1. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Незнам дали е во соодветна категорија темава па ако не е слободно преместете ја
    Кога разговарате со другите луѓе дали ги користите рацете за објаснување на некои работи(мислам дека се викаше тоа гестикулација со раце) и дали ви пречи кога некој ви објаснува на вас со рацете.
    Јас не ги користам рацете за објаснување и не ми пречи доколку некој го прави тоа.
     
  2. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    За некои работи додека разговарам правам гестикулации, за некои не.
    Воглавно гестикулирањето ми зависи од тоа колку сум се внела во разговорот, значи тоа ми се случува спонтано :)
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Многу ретко губам контрола и говорот на телото секогаш соодвестува на моето расположение.Ептен ретко ги користам рацето несакам да изгледам збунета и изгубена само кога сум ептен внесена во содржината на разговорот.Не ми пречат таквите луѓе,само ако не почнат да мавтаат прекумерно. :)
     
  4. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Кога разговарате...

    Па често правам гестикулација со рацете, особено ако се внесам во разговорот. :)
    Иначе не ми пречи кај другите ;)
     
  5. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Не правам гестикулација со рацете никогаш и не ми пречи кај другите .
    Имам една другарка што прави со рацете како да рапува е тоа ептен ме смее :lol:
     
  6. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Кога разговарате...

    И јас имам една другарка и кога зборува,кога ти кажува некоја случка ќе фати да те мава со тетратка,ќесе со се што и во близина.И додека да ти ја каже случката ти ќе станеш целата со модрици,затоа најубаво е со неа муабет да правиш преку телефон. :lol:
     
    На Lovely15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovely15

    Lovely15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    31
    Кога разговарате...

    Па правам гестикулација со рацете. И не ми смета кај другите.
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Многу ретко правам гестикулации со рацете.

    За други воглавно не ми пречи, освен ако не се работи за некоја нападна гестиклуација, или па ако премногу и пречесто мафта со рацете :D Е тогаш почнува да ми пречи.
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Кога разговарате...

    Сум приметила дека прилично гестикулирам кога разговарам со нови или луѓе кои малку ги познавам.
    Со луѓето кои ми се блиски тоа не е случај.
    Веројатно моите чести гестикулации се производ на некоја скриена нервоза или желба подобро да ме разберат луѓето кои не ме познаваат доволно.
    Барем така јас ги толкувам своите гестикулации....
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Хаха, ова често ми се случува кога објаснувам некоја лекција.
    Ова не се случува дека ти сакаш, тоа е спонатано, дури и нема да забележиш дека си почнал да правиш форми во воздухот. :D
    Кога ги учам лекциите полесно ми е за сваќање, или кога ќе се внесам во разговор, сакам да објаснам поубаво, да биде посликовито...хаха
    Инаку, не ми пречат таквите луѓе, најчесто наставниците, тие се такви, само претаат со рацете, дури и појасно ми станува кога прават гестикулации со рацете. :D
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    ....хммм воопшто до сега не сум помислила на тоа. Ама ќе заприметам и ќе ви пишам.
    Очигледно ги користам онолку колку што е потребно,како што самиот разговор води.
    Инаку не ми смета кајфругите.
     
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Кога разговарате...

    Ги маФтам рацете горе-долу додека зборувам. :D

    [​IMG]

    И мразам кога објаснувам нешто ги користам рацете и некој почнува да ме повторува и имитира. :|
     
    На N1ky и ana-girl им се допаѓа ова.
  13. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Па веројатно ги користам, иако не сум забележала :!:
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Кога разговарате...

    Постојано ги користам. Еве баш сега се замислив и не ми поминал последниов период ниту еден разговор, а јас да не гестикулирам со рацете. Шознам, навика.
    Правам некои необични движење, кругови со дланките или со прстите некои повторно необични движења.
    Како и да е, ова не го сфаќам како некоја си моја маана, ама пак ниту како доблест. Можеби треба да се одвикнам, ама изгледа тој процес ќе си бара упорност, трпение и време.
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Кога сум во фазон, да објазнувам со раце, со прсти, мафтам често кога сакам да доловам подобро.
    Според некои искражување не чинело да се користат гестикулации со раце, но неможам да си помогнам.
    И не само кај мене, многу луѓе во мое опкружување користат.
    Не ми смета, не гледам зашто
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    Кога разговарате...

    си ги користам рацете за објаснување на некои работи, си мафтам така и на еден другар секогаш му текнува да ме имитира -.- неможам да не објаснувам и со рацете, па посилно од мене е :D
     
  17. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    140
    Кога разговарате...

    Нон-стоп ги користам рацете за објаснување. Не го правам тоа намерно, туку спонтано. Тоа на една моја другарка многу и смета, а таа седи на мене во школо и кога да почнам да раскажувам некоја лекција на час или пак воопшто да водам било каков разговор, а она е во близина, тогаш таа ми ги држи рацете доле :D :D :D
     
  18. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Кога разговарате...

    Сега брзо бев на обука за говор на телото, односно бевме сите од компанијата во која работам, бидејќи се смета дека тоа е доста важно и несвесо влијае на нашите соговорници.
    Пред тоа воопшто не сум обрнувала внимание, но после обуката ми стана јасно колку не забележуваме, и гледам да користам тоа што ни кажаа.
    Кога се разговара со некој никогаш не се стои со рацете скрстени, бидеќи несвесно се блокирал соговорникот, поставуваш граница, и не си пријателски настроен. Баш ние правевме и вежби, и некој ако ги скрсти рацете, веднаш како некоја блокада да има, која не ја забележуваме секојдневно.
    Има огромна разлика ако некој е отворен со рацете, и се труди да објасни нешто, од некој со скрстени раце баш вака:
    [​IMG]
    Рацете секогаш треба да бидат отворени, и да се гестикулира со ненападни гестикулации, а не некој цело време да замижува, да си мисли дека во око ке го буцеме :))
    Спред мене гестикуациите не значат нервоза нешто да се објасни, туку на некој начин заинтересираност, желба за соработка, и на труд да се долови некоја ситуација и во никој случај не се негативни, и многу подобро е да се гестикулира, отколку ништо да не се прави со рацете, и цело време да им се бара некакво место, што најчесто завршува со скрстуваење.
    Јас порано додека разговарав не гестикулирав, и најчесто рацете ми беа во косата... Што изгледа глупаво и смешно, и одвлекува внимаие, па се префрлив на раздавање :))
     
    На srcekrsacka и Serafima им се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Кога разговарате...

    Не сум приметила мада мислам дека не ги користам многу при разговор.
     
  20. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Кога разговарате...

    Никогаш не гестикулирам со рацете додека зборувам,особено кога е нешто важно бидејќи секогаш од трема рацете ми треперат :lol: Кај другите не ми пречи,напротив имам неколку другарки кои постајано мафтаат со рацете додека зборуваат.Но се тоа да биде во граници на нормалата,да не испадне на крај повеќе да бидам фокусирана на мафтањето одколку на тоа што ми го зборува соговорникот :lol: