Кога разговарате... Зависи што зборувам и со кого (читај на кого се дерам) . Некогаш со раце објаснувам, кога мие е незгодно пукам прсти.
Кога разговарате... Не мафтам со рацете кога разговарам, освен кога терба да објаснувам нешто па умерено ги движам колку што од мене бара ситуацијата како би можела подобро да го доловам моментот. Инаку сум сталожена и смирена кога разговарам, па дури и кога се карам Лично многу не ми пречи кога некој ќе се размафта со рацете додека разговараме но е доста непристојно и нападно, мислам нема потреба од тоа, мора да се има самоконтрола на гестукулациите, ај во секојдневниот говор со пријатели не е нешто страшно, но професионално или при запознавање со нови ликови е доста важно и добро би било кога би можеле на некој начин да си го контролираат тоа луѓето. Рацете исправени поред телото или евентуално вкрстени само кај дланките и така ќе може да се воспостави контрола. Многу ми е смешно кога на презентација некој ќе се размафта дали со пенкало или со листови или пак со празни раце, и мафта ли мафта, а најинтересното е што тоа одзема внимание на слушателот и се фокусира на движењето на рацете, а не на она што го зборува презентерот. Една од причините зошто треба да го научите да го контролирате тоа гестикулирање.
Мене ми е интересно кога некој додека разговара гестикулира со рацете. Некогаш и јас тоа го правам, зависи за што разговарам и колку сум внесена во разговорот.
Јас не гестикулирам но не можам да го задржам погледот на соговорникот,едноставо не можам да го гедам соговорникот во очи. Велат тоа било знак за немање самодоверба.
Не може да не гестикулираш ... сите гестикулираме , има безброј видови на гестикулации. Тоа што не можеш да гледаш некој во очи иницира на тоа дека имаш ниска самодоверба или си потчинета личност или можеби едноставно ти е срам ... затоа говорот на телото е сложена структура и секој гест значи збор така што треба убаво да се проучиш за да знаеш да го читаш тој говор.
На моменти наликувам на онаа од МТВ1 за време емирување на парламент што ја прикажуваат доле во левиот агол
Фааааааак! Хаха. Треба малку да мрдне глава, рамо, кук.... Сигурен сум дека не си монотона ти како оваа.
Гестикулацијата на телото е природна и нормална работа, а е различна во зависност од темата на разговор, друштвото, расположението и многу други фактори. Понекогаш гестот на телото кажува многу, доколку знаеме да читаме.
Јас често гестикулирам со рацете кога објаснувам нешто. Кога слушам најчесто главата ја потпирам на рацете. А секад кога ме лаже некој обавезно става рака на устата дур збори.Тука се издаваат највише