Дефинитивно по обновувањето на едно старо пријателство, кое ми го промени цел живот (на подобро), Спојлер и едно неубаво нешто - можниот развод(ама се надевам ке се подобри ситуацијата)
2010 ќе ја паметам по диломирањето, концертот на 50 cent, најубавиот роденден (досега) и мрдање на љубовната стрелка од под нулата... до небото ! После долго време... убава година.
матурата и најубавиот роденден во мојот живот исполнет со премногу солзи радосници. запишувањето на факултет и запознавањето нови луѓе. убавите моменти со него. лошите моменти со него. Бескрајното долго искрено смеење кога после одреден период ке си се видиме најдобрите другарки од средно. По долгиот преубав одмор кој имаше малку лош крај. Има и други работи ама ајде доста се. Се на се навистина убава година. Греота е да кажам дека била лоша. ПА не за џабе лани ми се паднаа паричките од двете лепчиња
Една од најубавите години година на независноста искачување со највисокото ниво на љубовта повеќедневни прошетки луди журки запознавање на луѓе дружење се надевам и наредната да биде така немора повеќе задоволна ќе сум
ќе ја паметам по едно мое незаборавно патување со многу дружба, ќе ја паметам по најубавиот одмор,доста журкање и сончање, ќе ја паметам по успешно положените испите, ќе ја паметам по свадбите не кои сум била, ќе ја паметам и од први јануари ќе свртам нова страна,зошто доста и е на оваа година
Ќе ви кажам на 31 декември, можеби до тогаш ќе ми се случи нешто ново , инаку ништо спешл, исто како и претходната Дома-Работа_Факултет
ова секогаш си го пишувам и на лист во овој период, секоја година Јануари - почна преубаво, заврши катастрофално Февруари - тежок месец како последица на јануари, среќа што беше краток Март - исправување на катастрофите од Јануари и конечно среќа Април - како Април, се` е убаво Мај - беше прилично убав месец, посебно од 8ми Мај Јуни ќе го памтам по светското и по романтичните моменти Јули - лошо почна, среќа на одмор отидов, повеќе рехабилитација беше, цел Јули на море, преубавооо, посебно последниот ден од Јули донесе нешто навистина прекрасно Август беше убав, бев и јас, исончана, ослабена со желба за се`, дури една стара љубов од детството ми се појави Септември сама си направив неколку трагедии, ама добро испадна, бидејќи Октомври и Ноември ми беа ПАК и оваа година најубавите месеци во годината Декември никогаш не бил добар, не ни почна којзнае како, ама сепак ќе видиме и да, по сево ова ќе ја паметам годината многу памтам ситници, сакам да памтам, и лошите работи покасно ги гледам како убави спомени ах, не била лоша годинава, сега видов, бурна
Оваа година ќе ја паметам по: +Моето започнување на нова убава работа. +Првиот роденден на моето ангелче. +Обновување на едно старо пријателство. +Прекрасен летен одмор. +многу љубов од мојот сопруг +купување на нов автомобил -караница со мојата мајка и брат -едно неделна самотија (мојот сопруг беше на службен пат). -мали нервозички кои неможам да ги заборавам СЕ НА СЕ МНОГУ УБАВА ГОДИНА
оваа година ќе ја паметам само по убавите моменти (лошите сакам уште сега да ги заборавам) * по матурата * по најубавиот летен одмор во Хрватска * сите убави моменти поманити со дечкоми * по тоа што си зедов возачка дозвола * по тоа што го доживеав мојот прв секс (пред неколку дена )
Оваа година ќе ја паметам по: -убавите моменти со него -лошите моменти со него -многу прочитани книги -многу изгледани филмови -изненадувањето за 17тиот роденден -дочекот на 2010г.(се надевам оваа година на поубаво) друго nothing special 2011 да биде поубава
Годинава ќе ја паметам по: -пред се полнолетството и воедно најубавиот роденден -прекрасното лето и сите “лудории“ што летото ги донесе -оваа измината година едно пријателство многу ми се зацврсти Се на се убава година беше, се надевам и 2011 ќе биде убава
Годинава ке ја паметам по: -сообраќајката од летото -долгите возења со моторот -по еден прекрасно поминат викенд - по големиот број прочитани книги -по тоа што нивото на љубовниот статус не се помрдна над 0-та ...и ке чекам до 31 декември можеби ке ми се случи нешто по битно и нешто што ке ми ја разубави СМОТАНАВА година!
неможам да не ја паметам. дечкото со кого сеуште одам го запознав на 1ви јануари потоа имаше тажни и тешки моменти, разделби и повторни средби со него бидејќи не живееше овде. прекрасен 1ви мај, прекрасен летен одмор кавги,плачки,дружења,забави екскурзијата низ Европа иииии се надевам до 31 декември ќе има уште моменти за паметење иако деновите се избројани
Годинава ќе ја паметам по убавите моменти тоа се неколкуте свадби на блиски луѓе,убавиот летен одмор,неколкуте патувања,заедничкото живеење со дечко ми и други убави моменти. Но на жалост има и лоши моменти,но ајде да се надеваме дека новата година ќе ни донесе повеќе среќа.
Годинава ќе ја запамтам по раѓањето на внук ми и внука ми, прекрасниот одмор со дечко ми и по тоа што и мене годинава богот Амор ми испрати стрелка во срце, за да се заљубам како никогаш до сега и да не ги заборавам лудите журки со другарките...
1.По запознавањето на либето мое.Конечно и мене среќата да ми се насмее. 2.По многуте прочитани книги. 3.По онаа работа во летото.Ах,пораснав! 4.По прекрасните вечерни излегувања,никогаш нема да заборавам ниту еден момент,паметам ситници... 5.По собиранките со другарките,незаборавните пијанства,журките... 6.По изгубените 10 килограми. 7.И секако најважното,како што поминува времето,ден за ден,сфаќам колку тие што ми значат стануваат дел од мене. Се на се,тоа е 2010.Се надевам дека наредната година ќе биде уште подобра!
Секоја година викам дека нема да ја заборавам,али пак нема и да ја запамтам,но во оваа година стварно некако по среќно си поминав..