Целиот куп емоции што ме возеа од почеток на годината до сега. Нестабилноста, Болката, колку моја толку и туѓа, Смртта и воскреснувањето на моето срце, Инспирацијата како никогаш досега, што уште трае, Радостите на пролетта со еден уметник, смеењето низ вино со него, Промените на моите најблиски другарки, Концертот на Hurts - премалку зборови за толку силно доживување, Успехот на Иван, Гушкањата со Фиш и Биси, Струшките вечери и сиот тој радосен спев што за мене среќа значи, Една случајна средба на точак - се роди Љубов, Тангото на Месечина и белото вино во нас, Растењето секој ден со нови предизвици, ... По еден толку шарен ролеркостер, кај што вкусував најразлични нешта. Се радувам што е така. Има што да се заборави од годинава, но има многу повеќе што да се запамети. И да трае во идната.
1. Преубаво помината нова година 2. Нов мобилен 3. Успешно завршена 2ра година на факултет 4. Најубавото лето исполнето со многу лудории, запознавање на многу личности... 5. По интересните викенди до Охрид со друштво, концерот на Дејвид Гета 6. полека но сигурно надминување на мојата анксиозност 7. Зачленувањето на фемина 8. Започнување на врска со една моја самер лов, која за жал не траеше многу долго.. 9.моето прво и последно "пијанство" Генерално за 2011 можам да кажам само пофални зборови, убава година беше 2011 за мене со многу нови искуства,предизвици настани, личности... се надевам дека 2012 ке ми биде уште поубава и поуспешна, и со помалку нервози, за глупости!
Па годинава ми почна малку нервозно со полагањето на последните колквиуми, па продолжи весело со свадбите на сестра ми и братучедка ми кои беа во размак од две недели, па следеше дипломирањето и супер летото , па опет се вратила нервоза заради барењето на работа и полагањето стручен испит и на ќе ми заврши со свечено доделеување на дипломи . Се на се не толку лоша година, ама се надевам дека нареднава ќе биде подобра
Годинава ќе ја паметам по најубавата работа што ми се случи во целиот мој живот. Станав мајка на едно прекрасно машко бебе што од глава до пети личи на татко му. Дури и дупчињата на образите се од него
1. Разочарување од многу блиски личности 2. Разочарување на љубовно поле 3. Нови познанства. Ништо посебно не ми се случи оваа година, одвај чекам да помини.
Најмногу ке ја паметам, по тоа што го запознав НЕГО и мислам дека ке остане уште многу години во мојот живот... незнам барем така претчувствувам.
По тоа што оваа година мојот живот се смени од корен,и се најдов на најтешката а воедно и најубавата крстосница за насока на иднината..
Хмм .. 2011 ќе ја паметам, тоа сигурно. По неколку добри, неколку лоши нешта, но сепак, интересна година, со неколку „големи“ промени ... иако сеуште не е завршена. - Полумесечниот одмор во Кавадарци, за зимскиот распуст; - Првиот дечко, воедно и првата љубов, која сеуште трае; - Прекрасниот провод за полуматурата; - Најдобрата прослава на мојот роденден; - Досадното лето; - Првиот ден во средно училиште ... се` беше толку различно; - Одлуката на сестра ми да ја остави ќерка и кај нас пола година; - Смртта на тетка ми, - Долгоочекуваната свадба на првата братучетка. Ако има нешто плус, ќе дополнам.
Египет. Срцепарателната ситуација таму. Прекрасниот роденден. Манчестер во Лига Европа. Тешкиот крај на едно другарство, итн.
2011 беше доста турбулентна година за мене и еве ме стојам победнички на крајот од годината. Преживеав. Беше година на промени во светот, а и на промени кај мене. 2012 со сигурност можам да кажам дека ќе биде само подобра иако не знам што ќе ми донесе. Битно во 2011 воспоставив целосна контрола и рамнотежа на моето тело и дух, психички и физички сум појак, поискусен, попаметен, поблиску до дипломата итн. Продолжува караванот и во 2012. Во 2011 почнав и на Фемина да пишувам. Престанав да се кладам и да губам неповратно време во обложувалници и целосно сум посветен на студиите. Факт е дека коцката е гадна работа и може само да ти го уништи животот. Не зборам за мене од финансиски аспект, туку од временски аспект. Многу изгубено време во анализа на тимови кој ќе победи, кој ќе изгуби, дали ќе паднат повеќе или помалку од 3 гола, после изгубено време во казино, играње рулет и остали глупости. Младост - лудост. Драго ми е што решив да го затворам тоа поглавје и да воспоставам апсолутна доминација над самиот себе. Сега јас ги контролирам сите работи во животот, а не обратно. Мислам дека се победив самиот себе и сега сум непобедлив. Кажано у 9GAG стил, Fuck yea. Мислам дека најтешкото помина, го истуркав каменот на врвот на планината, сега ќе уживам додека се спуштам надоле. Во 2011 направив план и проекција за мојот живот во наредниве 5-10 години. Уште еднаш Fuck yea. Со нетрпение чекам да видам што ќе ми се случува во 2012, сега знам дека чекорам по прав пат, ќе биде само подобро. Епа секогаш е така на крајот, а во 2012 завршува светот, па барем 1 година да ми се погоди среќата. Исто запознав и една колешка на факс која плени со доброта и лепота. Ново познанство може само позитивно да влијае. Да не откривам превише детали, пошто ќе ме открие типката и она доаѓа на фемина, however she may recognize me and I want that. You are such a cute girl baby. Одиме со нови победи и нови сили во 2012. Нови предизвици се на повидок, не гледаме назад само напред кон остварување на целите. За 2012 I have a good feeling: http://www.youtube.com/watch?v=3OnnDqH6Wj8 И ветувам ќе пишувам почесто и секојдневно на Фемина, ама најверојатно тоа ќе биде во летниот период, а до тогаш вака кога ќе имам време. Останете ми добро феминчиња.
На вакво спуштање мислеше? http://www.youtube.com/watch?v=U_b_hP2E ... re=related "се шалам, се зезам" И никакво спуштање надолу, само качување уште погоре!! И што си се распишувал толку, кажи кратко и јасно дека годинава ќе ја паметиш по згодни пусиња иначе џабе хантер А сега на темава - Да не беше веридбата на сестра ми годинава ќе ја паметев само по исчекување решение за работа кое се уште не го добив , ама ете има и една радосна вест.
Хаха знаев дека ќе бидам предмет на зезанција со тоа спуштање доле ама го оставив така да стои. Епа животот е Сизифов труд, цело време туркаме камен, во одреден момент се искачуваме на врвот и за да продолжиме напред мора да се спуштиме надоле и пак да се искачуваме по нови планини. Никако нема спуштање, само качување напред идеме. Така е, во глобала ќе ја памтам годината по згодни пусиња, сакам секаков вид на пусиња. Уживам да бидам во друштво на пуси , сакам секоја цура да направам да се осеќа посебно, да ја гушкам, љубам итн. Мислам дека знам како со женскиот род и имам потребна доза романтика на која секоја девојка ќе падне. )))) Назад на темата, се надевам и сакам да добиеш решение за работа и добра паричка да правиш.
Годинва ќе ја паметам по.. 2011 навидум кратка,но сепак долга година. Кога од оваа точка се вртам назад,сфаќам.. Сфаќам дека оваа година созреав и се креирав себе си.Научив да стојам на нозе.Но и многу пати се дрецкав.Научив да се смеам,но и да плачам.Најбитно..научив да се помирам. Сфатив дека столобот на се е семејството.Кога дома врне,надвор неможе да биде сончево.Не било цело време сончево ни дома,ама..кај е ?Никаде..имало проблеми,фрки,расправии ама семејство!Ни по сто години нема да ги заборавам сите ручеци,вечери,седенки со фамилијата.Љубов,смеа,хармонија.. По се што се случи со него,со мене,со нас..сфатив дека ние постоиме.Еден до друг,еден за друг..цело време.Ризикував со сопствениов живот,поради него.Се исплатеше.Сега сме цврсти.После 5 години,можам слободно да кажам..ние сме цврсти.Научив дека и 3 дена да не се видиме,3 дена да не се чуеме исто е.Заедно. 2011 ќе ја паметам по сите кафиња испиени Аквариус и Куба под сонце.По јунска вечер над Скопје..која беше крај.И успеав!! По краткото и брзо лето кое донесе многу.Од глупости,до нови пријателства..од солзи..до солзи од смеа. По Суперхикс. По возачката дозвола и сиот тој процес на обука.Сигурна сум барем,дека него нема да го заборавам. Убава година.. Ни жалам што си замина,ни ми е нешто посебно мерак што доаѓа нова..сеедно дали ќе се вика 11,12,15.. Битна е реализацијата во тој интервал.
Ај прво убавите работи да ги напишам Почнав со физичка активност, ама не она 1 недела вежбај 3 не, туку асално вежбање, се надевам нема да ме мрзи и нареднава да вежбам. По Холандија и Белгија убаво беше да се видат. По најголемиот успех на брат ми до сега, Спојлер магистрираше на University of Cambridge Толку од доброто , сега лошото По најкатастрофалните резултати на факултет од моите студии, ако продолжам вака црно ми се пишало... По најлошата моја лична финансиска состојба, никогаш не сум била посиромашна
2011 ќе ја памтам по големите промени во мојот живот.Започна многу напорно, а ќе заврши еднакво напорно, само што сега се чувствувам многу посреќно.Јуни ќе ми остане во срцето засекогаш само заради една прекрасна вечер.А во септември започна се.Последниве неколку месеци од годинава беа најубавите месеци во мојот живот и се надевам дека продолжи овој преубав период и во следната година
Храброста, одбивањето, минатото, дружењето, пијанствата, караниците, концнертите.. Годинава ќе ја паметам по животот и случувањата. Остананува запаметена по многу настани. Добри, лоши, тажни, среќни, fail, мотивации, нервози, напнатност.
- По полагањето матура и одличната матурска забава - По многуте забави во летниот период - По уписите на факултет - По познаствата со колегите/колешките од кои произлегоа многу нови пријателства - По тоа што созреав и се изградив како личност - По променетите ставови и гледни точки за одредени работи - По отпишувањето на неколку личности од мојот живот меѓу кои беше и ТОЈ Се на се добра година иако не ги исполни сите очекувања
Пу, пу да не се подрчам, годинава ја минав без ниедна бубрежна колика. Промената на животниот стил и поздрави животни навики пред се во исхраната, дадоа резултати. На семеен план убава година. Се наоѓам во период од животот кога ми се решени поважните животни прашања. Го гледам детето како секојдневно расте, созрева, ...и се радувам. Си го гледам семејството и си велам колку е убав животот, и повторно пу, пу да не подречам, само да не служи здравјето.... и паметот. На професионален план релативно добра година. Меѓудругото еден публикуван научен труд, неколку успешни презентации. Еден службен пат во странство и долгоочекувана средба со колегите со кои долго соработувам, а сега и лично ги запознав. Ке ја паметам годинава и по убавите мигови со моите најдраги колешки со кои делевме и добро и лошо, кои во многу важни моменти ми беа значајна поддршка, а неколкуте конфликти со М-р Биг се обидувам да ги заборавам. Уште еден убав одмор, септемвриската кошаркарска еуфорија, славење, солзи радосници, денови кога по дома во вазните место цвеќиња чувавме знамиња. А она што остави лузна во мојава душа, додаде уште неколку брчки на челото, е моето мало пријателче со големо срце со кое минавме низ пеколот, заедно си плачевме, се нервивавме. И сега велам ако има Господ, доста беше. Ајде во Новата година и таа измачена душа да почувствува малку радост. И се разбира годинава ќе ја паметам по Фемина која ми беше вентил, прибежиште во тешките мигови, а сега веќе ми е навика. Убава...
- По матурата и запишувањето на факултет на сестра ми, а богами и по одличните резултати на тоа поле so far ( пу пу машала) - По концертите на Дивље Јагоде, Прљаво Казалиште, Ван Гог (на саем) и одличната забава со Здравко Чолиќ на Пивофестот во Прилеп. - По прекрасните мигови со саканиот, блискоста, согласувањето, разбирањето (машала) - По некои промени во мојата личност кои водат на подобро - По првите чекори во мојата професија - По некои убави работи на семеен план и прекрасни моменти поминати со семејството - По малиот Бруно Има и неубави работи, но нема да ги спомнувам. Нема место за тага.