* Концертот на Суперхикс, а и овој на Нокаут утре; * По личноста која радикално ја промени МОЈАТА личност и која ме увери дека соништата се остваруваат, само треба да бидеме доволно храбри и да посакаме; * Првото паѓање на испит ; * Дружбата со луѓе за кои ни на крај памет не би ми паднало дека ќе се здружиме; * Ама најмногу ми се чини ќе ја паметам по НЕГО. Желба по која пекав тивко, лажичка со мед која се слизна низ моето грло и сега се‘ што ми останува е да се сеќавам на добриот вкус.
Исполнив дел од сопствените аспирации за кои се стремев кон остварување веќе подолго време, и во оваа година ми бидна. Направив еден нов голем чекор во животот. Вдишав длабоко, после одреден период. Ја сменив бојата на косата, стајлинг мајлинг... се по ред.
2011 ќе ми остане во сеќавање по првиот заеднички одмор со него, воедно и најубав до сега По новата работа на мајка ми, која тотално ја исполнува и ја прави среќна По новата работа на татко ми, многу подобро платена од претходната По 2та концерти на Суперхикс, на кои преубаво си поминав По зближувањето со другарка ми, навистина ми недостасуваше еден период кога не се гледавме толку често
Годинава беше прекрасна ќе ја паметам по: -по најубаво помината година со другарките -по најубавиот одмор во животот -по завршување на едно и почнување на друго -по многу нови пријатели -по запознавање со многу важни луѓе -по многу плачење и главоболки -по конечно пронајдување на вистинската љубов -по него.......
2011 ќе ја памтам по - новите луѓе и другари со кои се запознав -драмските претстави во кои учествував -по кампот во охрид - по ТАКСИРАТ 13 , каизер чифс -последна година со истиот клас ...
Успесите на нашите кошаркаркари на ЕП, сета таа еуфорија, радост, среќа, гордост. Прославата по повод Независноста на Македонија во Скопје. По новото другарство, некои нови запознавувања, среќни моменти поминати со посебни личности.
По сите убави моменти поминати со дечко ми, и прекрасниот летен одмор. По тешката борба во спортот, по успехот на кошаркарите. И се разбира по матурата.
И јас ќе ја паметам годината по позитивното расположение кое владееше низ цела Македонија кога нашите кошаркари редеа успеси и не правеа сите горди. http://www.youtube.com/watch?v=wTiVQaKyLTs Ќе ја паметам и по убави моменти но и по неколку разочарувања кои ми се случија на крајот од годинава.Сепак не жалам за ништо кое ми се случило.Разочарувањата и падовите се тука да не направт посилни како личности.Звучи како клише но навистина е така.А убавите моменти секако дека ќе ги паметам,сепак на крајот спомените остануваат.
Паа 2011 година ќе ја паметам по многу нешта... како на пример годината , поточно втора половина од моето запознавање на факултетските другарчиња , заедно борејќи се со професорите за добри оцени ...итриноста како фактор за подобро положување и шармот како неуспех да ја освоиш и натераш асистентката да не ти дава семинарски Влегувањето на полињата на љубов, учејќи ги лошите и добрите страни .... исто научив дека е очигледно девојката ќе се наљути ако и кажеш дека ќе идеш цел ден на компјутери со другари да играте.... Памтам по лошите моменти во Јапонија и кој се надевав дека нема да биде крај на светот, како и вулканите во Исланд и еден куп поплави и цунами насекаде низ светов .... глобалното затоплување и понатаму не уништува и највероватно недајбоже ќе го видиме пак у 2012 Годината која го запознав 9GAG ... и останав другар со него Годината кога запознав многу нови виртуелни пријателчиња на фемина како и подоцна ги ставив на фацебук ... BECAUSE I WANT TO DO THAT Година кога Македонија се издигна на облаците и годината кога не нападна Политичката еуфорија Годината кога летото ми беше испреплетено со манијачејќи по плажите на нашите соседи како и сликици на фацебук Година која ќе се пријавам и борам за стипендија Година која положив возачка откако ме изнамачија ко црв под земја Годината кога си добив imaginary friends Година која ја преживеав со храброст ,љубов и разбирање како и мала доза на итрина
2011.... На љубовно поле имав прекрасни 11 месеци... Декември ја зезна малце, ама успеав до крајов да се извадам од гомната... Добив сила, добив многу убави совети, и виртуелни и реални. Станав друг човек. Да ја оставиме љубовта на страна, годинава ќе ја памтам по многу други работи: - Мојот прекрасен 21ви роденден... Моменти кои за првпат ги доживеав, кои ми се врежани во срцето како една голема насмевка. - Смртта на дедо ми. - По неколкуте стресни моменти што ги имавме со татко ми, кога на два пати годинава, спаси жива глава. Многу стресни периоди беа тоа за мене. Нека ми е жив и здрав во 2012. Ништо повеќе не сакам. - По прекрасното лето, малце работно лето, ама сепак волшебно лето 2011то. - Успехот на факултет. Се на се, не сакам да се жалам од годинава, ама искрено не ми цветаа ружи, освен во љубовта. Досадна година. Да го пишував постов пред недела дена, ќе речев дека имаше лош крај. Не дека е сјајен крајов, ама конечно ми се деси нешто ново, па ајде 2012, надмини ја годинава што изминува и биди добра.
Годинава ќе ја паметам по започнувањето на една прекрасна врска, првиот одмор на Јадран.... Во глобала и ништо друго посебно не се случуваше...
По екскурзијата во Прага, Виена, Будимпешта, Братислава, по запознавањето на едно прекрасно девојче со кое сме толку слични а толку различни, која по само малку време на познавање ми стана најдобра другарка.
По преубавите случки и моменти...По него ...по неа ...по прегратката која изкажа толку многу чуства...без да се чуе ни збор. ЗАсекогаш ќе ми остане во паметење 2011 година.
2011-та ќе ја паметам само по убави работи. Точно дека имаше некои стресни моменти, но ништо страшно. Се' на се' беше супер. Матура, матурска вечер, почеток на студентски живот, нов мобилен телефон (кој за жал 100 пати ми има паднато до сега и не знам како се' уште функционира ) концертот на Жељко Јоксимович, свадбата на братучетка ми, одмор со дечко ми, убаво лето, уште поубава есен. Убавини на сите животни полиња. Ако и наредната, биде таква, ќе бидам пресреќна .
Морам да кажам дека се на се, годинава ми помина убаво( пу-пу, да не урочам ). Ќе ја паметам по нови почетоци. Тоа е се што ми се случуваше во текот на целааата година. Да.
Оваа 2011 ми стартуваше лошо со караница со тогашниот сега бифш дечко ... И како што викаат по утрото денот се познавал само ќе ви кажам има многу вистина лошо ми почна за среќа многу подобро завршува. Годинава ми се чини проживеав за 5 во негативна смисла нажалост . Изгубив многу ама добив бар двојно повеќе искуство ... Пропадната врска со неславен крај , пропаднати пријателства , нови непријателства , малку смеа повеќе солзи , разочарувања ... Ако се свртам наназад мило ми е што поминува , како да вртам нова страница . Па тоа е смислата на Нова Година зар не ? ! Почнав одново ама ова ќе биде и со некоја нова бројка што за мене ќе означува нова ера за нов почеток Никогаш нема да заборавам кои луѓе ме повредија , кои удрија на гордоста , кој на срцето . Никогаш нема да ги повторам истите грешки , нема да бидам таа што бев ... во 2011 . Се соочив со многу , дури многу повеќе од што бев спремна . Тонев ... долго време , многу ноќи поминав во солзи , во порази во предавстава. Ако треба да ја опишам со една реченица ќе биде . Оваа година ме промени . На потешкиот начин на оној понеубавиот се реши да ме научи . Преку удари , кои болеа ... О проклето многу . Се сменив не сум истата , да ќе бидам реална и ќе кажам полоша сум , ама подобра за себе . Посебична можеби , порезервирана , поприземјена но и доооста посилна . Кога ќе наидам на тешка ситуација си велам кога го преживеав тоа ќе можам и ова . Сама се дигнав од дното . И тоа без ничија помош . Сфатив дека јас умеам и сама на себе да си сум најдобар пријател . Горда сум на тоа ... Зошто по се чинам успеав ... Не не ми цветааат рози , имам уште многу ќе си ги лижам раните уште некое време ама затворив многу , безвредни луѓе избришав многу повеќе . И веќе не ме лутат не ми создаваат непријатно чувство . Јас гледам низ нив !!! На крајот се појави ТОЈ не знам како ќе биде ни каков крај ќе има . Нема да заборавам како ме гледаше денеска , држејќи ме за рака како да сум единствената . Не ја осеќам магијата не сум ни заљубена , но доколку се потруди , и јас покрај него ... Ми мириса на нешто убаво .