По завршувањето на долгата врска, по долгите трудења и напори.. По неупешните други љубови, љубопитноста ме однесе предалеку. По патувањата, искусувањето на туѓа култура, традиција. По најубавата екскурзија во мојот живот, по лудите забави! По не и баш толку сјајната ситуација во семејството.. сега е добро. Ма се` е добро кога добро ќе заврши. Мене ми е супер
По моите успеси. По раѓањето на моето братучедче. По незаборавниот одмор во Холандија. И по многу многу други работи.
По зачленувањето во Фемина, разочарувањата во љубовта и лошата финансиска состојба. 1. Со заќленувањето значително ми се подобри македонскиот, создадов многу нови пријателства, создадов поинакво гледиште за многу нешта, незаборавно се забавував, се подобрив во многу нешта, од многуте совети што ги добив и станав подобра во многу нешта. 2. Иако се разочарав, научив многу. Научив дека не треба да се брзам, научив како да ги сфатам љуѓето подобро, како да се сфатам себеси подобро, и дека секој крај најавува почеток на нешто ново, се надеваме подобро. 3. Со ова научив како да ги ценам подобро нештата. Сфатив дека можам да се чувствувам среќна и со празни џебови. Научив да се радувам на мали нешта. Слободното време го поминувам со семејството, сепак, на крајот на денот, кај нив се враќам, и тие се единствените кои вистински се грижат за мене. Се разбира, избегнувам контакт со родителите, сеуште не знаат... Ќе се потрудам годинава да бидам подобра, да се концентрирам на моите планови за иднината, да се обидам да најдам работа, да не дозволам да ме повредуваат пак, доста ми беше...
Hе можам да верувам колку брзо лета времето,дефенитивно ова беше моја година Kе ја паметам по... Kонцертот на Pајана Cмешките,убавите моменти,секавања на часовите по англиски Mногубројните пикнизи,и маки мачење со диети Mакедонија,Mакедонија,ми се исполна желбата да си ги видам моите,мојот братучед,другарките... Tагата за дома(пак) започнување на возење кола,и непријатната случка интересни,бурни ноки Eх и 2-3 часовните чекања за такси A да и по многуте родени бебчиња
2011 год. ке ја паметам по многу убави работи.Ке паметам моменти поминати во радост и хармонија , секако и мали препреки кои ги поминавме заедно и во слога.И една од најубавите работи сто во 2011 ни се случи _ Гостод не срадува да останам бремена Сега ми останува само да се надевам дека и 2012 ке ја дочекаме со многу лјубов и искрени прегратки и секако рагањето на насето мало бебуле
2011 ќе ја паметам по лошите и пред се по добрите случки. Ќе ја паметам како една од годините во кои имав најмногу успеси, најмногу кавги, најмногу креативност, најмногу тага, најмногу болка, најмногу среќа.... ПО СЕ ! На која и случка да се сетам од изминатава 2011 година нешто во мене причинува големо задоволство. Исто така, морам да напоменам дека оваа година ќе ја паметам исто така по тоа што се зачленив на форумов Јас искрено се надевам следнава 2012 да ми биде уште поубава од претходнава, мада и претходнава не беше лоша. Поздрав, и среќна Нова
годинава ќе ја паметам по 1. навиката за заедничко живеење (иди ми дојди ми ) 2. убавиот одмор 3. подготовките за свадбата која ќе се случи на пролет сите пријатни моменти поминати со него сите насмевки и солзи за многу посакани работи. Во глобала оваа година што помина немав некој големи пресврти помина се без големи падови пред се мирно и сталожено.
Годината ке ја паметам по .... 1. Испраќањето на старата т.е 2010 - 2011 .... 2. По мојата голема решителност и после паузирањето од една година, да се запишам на факултет.... 3. Љубовта која ја имам и ја давам колку што можам.... 4. Според начинот, на кој го прифатив животот, бидејки сфатив дека нее така лесно ... 5. По мојот прв, најубав летен одмор, со моето најмило сонце, мојата љубов, мојот живот ....... Има многу работи по кои ке ја паметам минатава година, сепак... тоа е тоа... со новата година, имам нови планови, и нови полиња на кои можам и планирам да се докажам
Ќе ја паметам по тоа што многу научив годинава, многу работи се случија и сите заедно ме направија подобра и позрела личност. И секако, љубовта на големо ми дојде
За среќа секоја година ми е од убава поубава Меѓутоа 2011 ке ја паметам по -мојата втора бременост (прекрасно чувство кое не се опишува) -започнување и изградба на нашата куќа која не направи многу среќни -вториот роденден на моето мало детенце -постигнување на голем успех во работата И дефинитивно најголемата среќа е доаѓањето на свет на нашето второ најмило СИНЧЕ Оваа година 2011 беше година на љубов среќа радост на убави моменти
Поради причини споменати во СДК, оваа година нема да ја паметам, оваа година ќе ја заборавам! Значи 2010,2012...
-Напредував/м во созревањето, градењето на мојата личност... -навременото завршување на 1ва година на факултет -убавиот цимерски живот -одлично лето, поинакво, пошарено.. -новото збиднување со Д. и сите прекрасни работи помеѓу...
- свадбата - промената на местото на живеење - стресните моменти и нервозите кои ги имаше во изобилство - претерано потрошените пари во шопинг - убавите мигови поминати со мм - негативните тестови за бременост
Стресот, ме уби. Одморот, би сакала ист таков на исто место со исти луѓе. По парите што ги потрошив, а ни јас не знам кај отидоа. По тоа што време беше да си откријам со какви личности си имам работа.
2011 ќе ја памтам по - незаборавното дружење со колегите од работа - мојата свадба - моминската вечер