Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    Многу нервози, глупости. Караници, воглавно лоши работи. Ги изгубив сите луѓе што многу ми значеа. Со задоволство би избришала се што се случи во 2011, ама невозможно е. Ајде веројатно 2012 ќе биде подобра :)
     
  2. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Немам нешто посебно за паметење. Но сепак имам посебни моменти што не се за во јавност :D
     
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    2012 дефинитивно ми тргна наопаку, се надевам ке се смени нешто натаму
     
  4. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    2012 ќе ја паметам по нај глупавата година што ја минав до сега !
     
  5. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Оваа година стварно ми донесе значајни и убави работи. Некои желби ми се исполнија, ми ја вратија вребата дека полека и ако силно посакуваш нешто ке ти се исполни. останува да видиме понатаму до крајот, и 2013 што ке ми донесе ... :)
     
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Абе чекајте,која година....има уште една добра третина од годинава,а тоа не е малку. :)
    Темава треба да се проактуелизира во втората :!: половина на декември.
     
  7. M-lady

    M-lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    6
    По премногу нервирањаа...
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    здравјево годинава за никаде ми беше а во глобала ке ја заокружам еве 8мица нека биди ништо посебно не се деси за паметење
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    - исполнет оставен аманет
    - исполнување на голем дел од зацртаните цели
    - една пропуштена неостварена средба
    - изгубена драга личност, нека почива во мир
    - неуспешен обид привремено да заминам во пензија,
    ми кажаа уште многу сум имала да ринтам до истата :D
    - изненадувањето од брат ми и сестра ми на мојот роденден
    - и најново добив уште еден внук денес, нека ми е жив и здрав ^_^
    за до крај ќе видиме :)
    ќе си ринтам уште многу, ако сум жива и здрава :)
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    По преубавите моменти со мојот сакан,по преубавиот летен одмор, по уабавите празници и денови поминати со моите сакани и моето семејство,исто така имаше и многу солзи и многу грижи кој понекогаш мислев дека немам сила и нема да издржам но се борев, се надевам дека новата 2013 ќе биде уште поубава и поисполнета во секое поле и се наделам со многу помалку грижи болки и солзи се надевам на среќна година исполнета со уште поубави мигови NADESTA POSLEDNA UMIRA нели?
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    По тага... ;(
    Заминувањето на дечко ми во Авганистан...најболна година.
    Да врнеше дожд колку што јас солзи исплакав, богами на земјоделците ништо не ќе им останеше.Ќе се удавеа растенијата.
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.977
    Пол:
    Женски
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    По болниот удар шо ми го зададе животов...
    На проклетиот 25ти февруари кој ми го зеде татко ми, на проклетата Прочка на кој ден го сахранивме...
    ..знам дека тој мене ми прости се тој проклет студен ден...ама како ли јас да му простам шо си замина?!?!?! ;(
    2013.. или нека биде подобра.. или ич нека не иде!!!
     
  13. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    По многу многу лоши работи,за жал :(
    Немаше умирачки и такво нешто за среќа....... ама пак затоа сето останато одеше само по надолна линија.....ама како што е познато надежта последна умира и се надевам дека 2013 што иди ќе ми биде многу многу поубавааааа :)
     
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.829
    Допаѓања:
    39.873
    Пол:
    Женски
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Оваа 2012та година ќе ја паметам по раѓањето на мојата ќерка ^_^
    Ми го промени животот дефинитивно ... :inlove: :inlove:
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Што по некое чудо успеав сама и по оглас да си најдам работа, каква-таква (тукуречи никаква), ама пак...
    По тоа што не отидов на одмор (само 2 вакви години ми се бројат во животот, меѓу кои едната оваа 2012).
    Многу тага, многу солзи, жива депресија... безмалку лоша исто колку и проклетата 2011 година.
    :(

    Да не бидат сосем лоши вести, една од поубави е секако часовникот од Фемина. :)
    Прекрасниот подарок од Тедимече за роденден.
    И некои фини летни моменти во Неготино.
    Тоа се моите најубави спомени од годината.
    :)
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    22.836
    Пол:
    Женски
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Прво што ми текнува кога ќе помислам на оваа 2012 година е незаборавното искуство кое го имав летото во Германија. Франкфурт во срцето ми остана! Слободно би можела да се преселам уште сега таму и да останам до крајот на животот!
    Друго по што ќе ја паметам е што конечно оваа година, да чукнам у дрво, татко ми немаше некои поголеми проблеми со работата и скоро цело време работеше. Тоа значи дека немавме некои поголеми грижи дома како претходната година.
    Ќе ја паметам и по интензивното дружење со колегите од факултет. Мило ми е што се почесто си правиме собиранки, се смееме, планираме заедно :)
    Ќе ја паметам и по големиот број на пријателства и контакти кои ги остварив со различни луѓе, ги носам во срцето сите.

    Се на се, не можам да се пожалам од 2012, добра година беше за мене :) Се трудам да не мислам на некои ситни работи кои ме натажиле или расплакале. Само добрите спомени си ги чувам себично :)
     
    На TheCandy880 и Doozy им се допаѓа ова.
  17. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Многу лоши, премалку добри работи. Само едвај чекам да си замине. Дефинитивно втора најлоша година во мојот живот.
    Годинава како почна така и ќе заврши како што гледам. Се надевам следната 2013 ќе почне добро и ќе заврши добро. Со овие пусти надежи до кај ќе стигнеме којзнае....
     
  18. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Секогаш велат дека треба да се паметат добрите работи но годинава баш ке ја паметам по заминувањето на личности кои на некој начин беа дел од мојот живот,можеби не толку блиски личности но сепак толку блиски за да останат во моето сеќавање ;(

    А добрата страна од годината......
    Значи се што е поврзано со летото:вода,сонце, забави, коктели :wasntme: ,сончање 8) ма све бре. Аааа и моите озборувачки :lol: :* :*
     
  19. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Многу вртоглава и напната година, како торнадо беше,опустоши се` за на крајот од оваа година од прав и пепел да се роди нов живот во мене,нова надеж,нов лик досега непознат и за мене :) . Можеби е до мене,не е до годината. :)
    Најмногу ќе ја памтам по зближувањето со другарките на едно многу повисоко ниво од претходно,по некои борби кои ги водевме со моето семејство но на крај успеавме да излеземе како победници,замолувам фино лепо 2013 да биде со повеќе бои,многу очекувам во оваа година, инаку тешко неа :)
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    По што ќе ја памтите 2012 година?

    Ново училиште, нови другарчиња, нов почеток.

    Од друга страна, ова беше екстремно мрзелива година. Онака си ги поминав деновите, мрзеливо. И туу бе, малце книги прочитав. Е ова е најмрзеливото нешто што сум го направила до сега.

    Си направив твитер, и станав addicted. Нови другарчиња и таму. :lol:

    И некако, ептен трошачка година. Сите пари и’ се исцицаа на мама од кредитната сметка, и тоа за сметки, екскурзијата на брат ми, и триста чуда (Исклучок се нови алишта, на такви работи не ни трошиме. Оти не купуваме. Добро де, само фармерки и некои маички, ништо скапо.)

    У целина - глупа година. Пих, само името и е големо - две илјади и дванаесетта. Е чудо големо.