Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    По тоа што запишав Магистерски студии.
    Поминав уште една прекрасна година со момчево мое сакано.Патувањето во Израел,оваа земја секогаш ме остава без зборови.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Годинава започна многу лошо. Останав со повредена нога, уште првиот ден ме удри кола. :tmi:
    Годинава ќе ја паметам по тоа што јас се изменив многу, како личност. Увидов на многу нешта, кои претходно не ни знаев дека постојат. Вечно ќе жалам затоа што на многу луѓе не им оставив ВИСТИНСКИ
    прв впечаток, па така да свесна сум дека тоа не може да се промени. Потребно е многу време додека луѓето навистина сватат каков си, која е всушност твојата филозофија.
    Криво ми е и тоа што не бев доволно снаодлива во некои работи, па често се случуваше да бидам повредена или изиграна на крајот.

    Годинава ќе ја паметам по многуте неуспешни обиди за спијателување со некои личности.
    По поставувањето на мнооогу повисоки стандарди, општо.
    Сватив како повеќето работи функционираат. Сега сум психички спремна да ги издржам предизвиците кои годината ќе ми ги приреди.

    Годинава не е запаметена по многу посебни и убави моменти, туку по многу искуства на разни полиња што ме направија посилна како личност.
     
  3. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Ех оваа година се сменив 360 степени.. и многу работи се случија за прв пат..
    ке ја паметам по многуте промени на љубовен план, пред се по првиот дечко... првиот бакнеж, миговите поминати со него.. разделбата, болката.. ;( и по многуте поуки кои ги добив од сето тоа, и колку ме направија по зрела и поразумна личност.
    Потоа дефинитивно по многуте журки меѓу кои и најјакиот помин на Пивофест,
    по првите пијанства во мојот живот, првата запалена цигара... :$
    по новите другарувања благодарение на кои имам незаборавни моменти...
    ке ја паметам по тоа што прв пат бев кума, по раѓањето на мојот внук..
    Исто оваа година мама и тато ми исполнија неколку желби, ми купија работи кои одамна ги сакав..
    Дефинитивно ке заворавев, најголемото доживување во мојот живот... екскурзијата низ многу земји кои сакав да ги посетам и незаборавните моменти со школските другарчиња :D
    Запознавањето лично со неколку познати личности :D

    Се на се... оваа година 2012 ке ми биде година за паметење! :)
    [​IMG]
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Буквално по ништо. По глупава година, здравје

    Се надевам дека во наредната ќе надокнадам :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    За жал оваа 2012 ми беше многу баксузна година.
    По лоши работи претежно ќе ја паметам.
    Не би сакала да ги набројувам зошто ми враќаат спомени и тешко би ми било ако почнам да ги кажувам...
    Битно кавги во најјак интензитет скоро со секого,болести,разделби...и што ли уште не.
    Ваква година не паметам да сум имала... :|
    Ама затоа нареднава сакала или не има да биде убава и точка!
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па не беше најдобра за мене. Уствари вака кога ќе погледнеш можеби беше една од полошите, барем првата половина.
    Ќе ја паметам по нервозите и еден ужасен период кој ме беше зафатил во самиот почеток.
    По одморот кој ми беше онака, може да се каже убав и кој ме извлече од монотонијата во која бев западнала.
    По почетокот на факултетот, оној вистински почеток :).
    И не знам што друго :^), не се случија некои посебни работи. А секако и по елиминацијата од Баерн на пенали, тажна ноќ беше тоа за мене :( .

    Во секој случај јас за секоја година си посакувам да ми е подобра од претходната, па така се надевам дека 2013 ќе е успешна. Hope is what keep us going on :) .
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    - На време исчистив година, и бев раат цело лето.
    - Купивме кола, каква - таква.
    - Мајка ми доби унапредување конечно, работите почнаа да се оправуваат.
    - Летово, особено августот беше бурен. Многу пари потрошив, ама најубаво си поминав.
    - Фатив доста пати на спортска.
    - Станав посериозна и посамостојна.
    - Врската ни е многу позрела од порано.
    - Накачив 5-6 кила, и одлично ми е.
    - Започнување на следење многу серии, веќе и јас крајот не им го наоѓам.
    - Испишав многу мислења тука, и виртуелно а и во живо запознав прекрасни моми со кои имам одличен муабет.


    Една од подобрите години ми беше 2012та. Дај боже, секоја наредна да е се подобра од претходната. :)
     
  8. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Убав одмор
    Убава врска
    Убав почеток на факс
    Убави искуства
     
  9. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    По моето гооолемо изменување.И психички и физички.Се извишив,ликот ми се промени,за среќа на поубаво.Психички,ако се видам себеси пред една година,и сега,ќе се зачудам.Скоро нема да се пепознаам.Научив многу нови работи,сега многу повеќе го ценам се она што ми е овозможено во животот,повеќе сакам и сум многу посилна.
    Годинава ќе ја памтам и по сите убави работи во неа,од незаборавното скијање,до уште поубавиот летен одмор. :)
     
  10. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    10.060
    Пол:
    Женски
    по тоа што се вработив инаку по лоши работи...се надевам дека 2013 ке биде подобра..мора да биде
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Па, нема некоја посебна причина да ја паметам... Беше далеку подобра од 2011, а 2013 очекувам да биде уште подобра.
    А уствари јас година во која не сум била на свадба не ја рачунам за асална :D Во 2010 на 3 бев, 2012 на ниедна.
     
  12. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    По раѓањето на мојата втора ќерка :inlove: сонциња на мама :*
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.174
    Допаѓања:
    156.598
    По генерално убави работи,не драстични,ама убави. Годинава научив работи за себе и за другите и годинава ги добив најдрастичните промени на личноста воопшто до сега,што не ми е чудно,туку нормално. Можеа да се случат и други нешта,но не сум неблагодарна. Генерално убава.
    Јануари,по обичај и не го помнам баш,па дури и новата година ми требаше време да се сетам кај ја минав. Ништо посебно ни вечерта,ни јануари, само малце стресен ми беше,ама не знам зошто. Февруари врпочем започнаа наголемите каки кои подоцна ми ја зезнаа пролетта. Март продолжија, бев во емотивно бунило предизвикано од многу страни и заради многу причини,стрес,стрес,стрес и само стрес. Април, ме фати некоја смиреност,но нештата и понатака продолжуваа и го држеа генералното место. Ах да,си имав и работичка овие пролетни месеци,па си анулирав. Мај веќе почнав да окончувам ама откако ми се укака цела пролет. Јуни ме фати некој немир до каде ми се амбициите и каде сакам да терам. Јули беше прекрасен месец,развежбан и динамичен. Августски си ги наполнив батериите. Септември,мирен,смирен, го добив најголемиот емотивен мир, признание,средба, и пак останаа недоречености кои на себе си ги должам. Октомври,исчекувања и резултати. Ноември, во некој домашен немир со планови и буџетирања,големи планови и проекти и главно и јас самата го минав по обуки лево десно. Декември, ладен и страден, да не ми се десеше куршлус по дома,да ме разголат на сите страни,па да се туткам од ќош во ќош дур да средат мајсторите, арно ќе си беше,ама планирам по други полиња супер да го финиширам.

    Арно ама плановите за другата година НЕСКРОМНО големи ми се. Па сега... и да не се исполнат,тоа што зависи од мене знам дека ќе се исполни,ама другото... среќата и ѕвездите, што знам,кармата која се надевам ќе ми е наклонета. И така...

    Како и да е, ај малце хепи ликови, лоша година сите се испожалиле. Како па да не,здрави сте,живи сте? Имате топлина,имате за јадење? Можете да си купите по еден кит кат дневно? Немате мука,ама ич!
     
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    По могу работи но и моето прво искуство со тешките колоквиуми
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    2012 не ми беше нешто многу сјајна, па со мерак ќе ја испратам и ќе се надевам на поубава година.
    Имав многу нервози и стресови, здравствени проблеми, недовршени планови, неочекувани пресврти...
    Нема да ја паметам по ништо посебно, освен по некои мали но убави спомени што ми значеле многу кога сум била во тешки моменти.
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mене 2012 ми беше убава,добра година....
    Kе ја паметам по...добивање возачка дозвола,посетата на Mелбурн,по многуте гости што ни дојдоа од Mакедонија :)
    Hови пријатели,излегувањето на мажулето од старата работа и почнување подобра и сега тазе губење на едно деде што го знаев цел живот :sweat:

    Hо,сепак беше добра година,нормално имаше и добри и лоши моменти :bow:
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Многу исполнета година, завршување средно,матура,упис на факултет,прв стрес ,шок ама и успеси со факултетот,добивање возачка дозвола,губење на стари и стекнување на нови пријатели. И исполнување на една долгоочекувана желба што ми е на дофат само не сакам сега да ја зграбам.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.689
    Па така просечна година ми беше, малку добро, малку лошо имаше. Некои огромни промени нема.
     
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Многу хаос година, се што можеше да се искомплицира се искомплицира и прво тргна наопачки ама на крај сепак се се среди. Се излезе добро, како што треба но со многу тегнење, напнување, нервози ..
    Најчесто тоа беа проблеми со визи, со документи, од суд, од осигурување, од лекар, од забар, од работа, од факултет, од амбасада, од министерствата,.. Секој ден ми почнуваше со читање на еден куп мејлови и писма за неплатени сметки, за некој документ што не е во ред и треба одново да го пратам и слично.

    Годината ми помина тропајќи од врата на врата, средувајќи документи, по преведувачи, нотари, шалтери, но на крајот сето тоа се исплатеше.

    И покрај тоа што 2012 ми беше многу исцрпувачка, и ни малку сјајна ќе ја паметам по тоа што мојот животен сон и реалноста оваа година решија да се сретнат таму некаде на север, во една студена држава каде што одамна сакам да живеам, давајќи ми можност да студирам на еден престижен унивиерзтет, целосно менувајќи ми го текот на животот и давајќи ми надеж за блескава иднина и карира.
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па, по буквално ништо. Искрено, мирна ми е душава што немам по нешто драстично да ја паметам бидејќи сум имала толку лоша година пред 2-3 години, што до ден денес до детал ја паметам по сите тие лоши работи, немаше ништо добро да ми остане во сеќавање колку ете да не биде цела година ужас.
    Затоа 2012 мило ми е што помина вака, секако дека можеше да биде и подобро, ама задоволна сум од текот на настаните во смисла што не беа полоши, онака си помина се, тивко, нечујно, без трага.
    Некој хајлајт на годинава, како ете нешто поразлично што се случило, е што прекинав долгогодишна врска и изгубив (или се спасив од) човек што премногу ми значеше, ама и на тоа не сакам да му давам преголемо значење бидејќи не сакам по лошо да помнам ништо.