Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Ќе ја паметам цееееел живот... оваа година ми се роди моето бебувче. Друго ништо не е толку важно
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Оваа година едвај чекам да си ги собере парталите и да исчезне и како оваа никогаш да не се повтори... пу..пу..пу.. страшна година нека си оди што побргу,се надевам дека малеров ке си го понесе со себе
     
  3. Emcee

    Emcee Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    ќе ја паметам по тоа што бев многу често болна баксузна ќе ми беше да не си ја родев ќеркичката.повеќе среќа следната година дај боже на сите поздрав ;)
     
  4. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    2012 не ми беше нешто многу сјајна, па ќе ја испратам и ќе се надевам на подобра и поуба година.
    Грдо е то шо имав стресови и здравствени проблеми.
    А убаво што во 2012 бев на 3 свадби и летото си поминав убо :P
    А ќе се надеваме поубава 2013 година..
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Најмногу по тоа што имав големи очекувања кои не се остварија...
    Созреав како личност, престанав да бидам перфекционист, исклучив некои "битни" личности од мојот живот, го проширив кругот на пријатели, имав неколку незаборавни помини и случки за паметење, добив внука која си ја сакам највеќе на свет...
    Сепак би рекла монотона и досадна година...
    Нека си оди побрзо! |-)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    По Новата Година со тогашниот дечко.
    Раскинувањето.
    Дека останав сама и само сестра ми беше до мене.
    По тешкото преболување.
    Борбата да бидам среќна без него.
    Убав период од летото кога го успеав погорното, си поминував убаво и си ги запознав најубавите братучеди.
    Крајот на летото, кога почнав да јавам и да уживам во секој момент.
    Тешкото полугодие, во кое нож во грб ми зари другарката која ја сметав за сродна душа. Во кое почнав да имам надеж за нова љубов која исто така ми се сруши.
    Стресови, стресови.
    Сфатив дека и се ближам на депресијата.
    Немањето стално друштво. :emo:
    Рушење на плановите за Нова Година.
    Но најважното од се е дека драстично се променив кон подобро, созреав многу како личност, почнав работите да ги гледам многу порационално. Научив да бидам силна и подобра од тие што сакаат да ме кочат. :)
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.203
    Допаѓања:
    139.602
    По мирот во душата, кој нескромно сакам да ми се повтори и следната, и таа потоа, и секоја година до крајот на животот.

    Тоа е првото нешто што ми паѓа на памет, за мене најважно.

    А имаше важни нешта. Исплаќање на првиот кредит, нов договор на работа - „сигурност“ уште две години, прваче, неколку килограми помалце од претходната година ова време, физичка активност, и сигурно има уште. Можеби сите овие придонеле да бидам во хармонија со себе. А може и нема врска.
     
  8. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Годинава беше интересна, но не ја надмина најдобрата досега - нејзиното Височество 2011 :rofl: Хајлајт на годината - концертот на Ред Хот Чили Пеперс, секако :) Други работички вредни да се споменат:

    - За почеток, имав (изненадувачки) интересен и доста пијан дочек (ова второво не толку изненадувачки :D) на 31ви. Периодот после вторите колоквиуми бев многу заљубена.
    - Ја завршив најдолгата врска годинава. И пак ја почнав. И пак ја завршив. И имаше уште еден обид за обновување, ама тука веќе се откажав.
    - Престанав да дружам со една многу добра другарка со која бевме неразделни во средно поради х причини.
    - Музичко откритие на годината ми е Лана Дел Реј. Новиот албум заедно со нејзините постари песни ми стојат на плејлиста во телефонот од јануари, а кај мене песна во плејлиста се задржува месец најмногу.
    - Трите летни одмори исто така, особено оној во Сончев Брег. Многу пиење, враќање на зајдисонце, украдена ташна и летна авантура :D
    - Се научив да возам, сеуште немам положено. Ама ќе биде :)
    - Мрзеливо ја почнав вторава факултетска година, Скопје повторно, брзаница и турканица.
    - Запознав куп кул луѓе на еден семинар, купив паметен телефон, почнав да посветувам повеќе време на себеси.

    Па 2013та, what's in store for me?
     
    На L-enna, zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Море по многу работи ќе ја паметам. :)
    Ја заборавив пази, првата и непреболена љубов, хах!

    Еднодневна посета на Аквамаре во Цирих, сум се забавувала ко мало дете, сите лизгалки по 5 пати ги испробав, а 15 се :rofl:

    Еднодневна посета на музејот за транспорт во Луцерн, доста впечатливо, и возев авион, симулација де.

    Конечно го исполнував и последниот услов за да ме примат на факултетот што толку го сакав, и си го сакам, и ме примија де.

    Поминав еден доста, ајмо речи интересен одмор од 7 дена во Опатија со мама и тато, ами кај знаеш може догодина дечко ќе имам ке мора со него да одам на одмор, па искористив шанса да поминам време со нив.

    Имав една исклучиво лоша, квази љубовна врска, ама ако, искуства треба да се трупаат во животов.

    Конечно ја мавнав „другарката„ што беше емотивен вампир, и бонус најфалш личност што некогаш сум ја запознала, и не дај Боже пак некој таков да ми се залепи.

    Прекрасни моменти поминати во факултетот со новите колеги.

    Па тоа би било све народе, сума сумарум, убава година имав.
    Се надевам наредната да биде уште поубава! :)
     
  11. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Многу работи. Повеќето се лоши. Не велам дека нема некои убави ама ете...
    Сватив и научив многу работи. Сменив многу работи кај себе. Запознав прекрасни личности а некои ги избришав. Големиот број на направени глупости. Имало и полоши години од оваа.
    Ајде, нека е на арно оваа нова 2013. :)
     
  12. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    2012-та ми беше(сеуште трае,ама досега де...) доста доминатна.
    Да почнам од почеток :

    -запознав еден куп нови луѓе,со некои уште се имам,а со некои не баш.
    -доста фризури менев оваа година :wasntme:
    -новиот албум на Пинк,и секако мислам оваа година ја открив Лана дел Реј :inlove:
    -Опен фест од летото,нешто што нема да го заборавам.
    -љубов?what was that? боље наредната год.
    -оваа година најмногу се занесов во Хаус.мислам ваув.
    -екскурзијата,и воедно првото излегување од Македонија :rock:
    -Смртта на една личност.
    -најдобро лето досега :!:
    -по форумот исто,многу работи научив од тука :)

    Се на се,тоа е :D
     
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    По тоа што скоро цела година сум бремена. :D
    Може уште повеќе ќе ја запаметам ако до крајот на месецов на свет дојде бебушка. :)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам по:
    -Најдобро лето
    -Запознав многу нови личности
    -Се зачленив на форумот
    -На една наставничка која ни дојде ауу каква беше,е ова навистина не се заборава :rofl: :rofl: :rofl:
    -Неколкудневното дружење со братучетка ми од Скопје
    -Најакиот роденден на една другарка
     
  15. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Годинава ќе ја памтам по ..
    - Тоа што се изнашетав надвор од МК :geek:
    - Ми се родија две прекрасни внучиња
    - Најубаво лето
    - Полуматура :wasntme:
    - По моите бубу и мечето :angel:
    Што знам има уште многу, многу ама сеа за сеа тие ми се битни
     
  16. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Започна со раскинување на мојата најдолга врска досега-една од моите подобри одлуки во животот ;)
    Па запознавање со една драга личност од форумов, излегувањата летово, неколку зацврстени пријателства, по некое лудо познаство, заработени парички и истрајноста да успеам во некои работи. Почнав да се слушам повеќе себеси и да им верувам на инстинктите. Сума сумарум се чувствувам позрела и посилна од лани. 2013 please be good to me! :d:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Многу работи!
    А најмногу по тоа како некој идиоти креваат паника дека е КРАЈ НА СВЕТОТ!
     
  18. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    По првите положени испити,
    по најубавите штикли кои сум си ги купила некогаш,
    по крајот на светот :lol:
    се на се како една година на еден бруцош кој беше изгубен во свемирот :D
     
  19. yanartgoth

    yanartgoth Активен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    По што ќе ја паметам? По почетокот или крајот? Почетокот кој ми тргна со една промена што ми направи еден куп убави работи една по една? Или крајот по запознавањето на новите луге, факултетот, и овие убави последни денови од оваа година?
    Ајде крајот нека го краси делото сепак поубав ми е некако :)
     
  20. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Годината ќе ја памтам по
    -смртта на една блиска личност
    -сите луѓе кои ги запознав