Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    По болестите што дојдоа кај мене :D
     
  2. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    многуте лоши работи кои ми се случија,но и по среќните моменти што ги доживеавме 8)
     
  3. tinna123

    tinna123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    ставање на фиксни протези
    одмор во летувалиште
    запознавање многуууууу нови пријатели
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Oваа 2012та ќе ја паметам по:

    - Љубовниот спокој кој цела година ме прати, ланската 7мица ни беше некако кризна а и практично се покажува дека врските често завршуваат по 7 години, ама пребродивме и 8мицава се покажа одлично, имам личност до мене која ме подржува и љуби толку време. Уживам што сум само негова!

    - По малите здравствени проблеми кои јас како голем паничар пресериозно ги сватив, жива среќа што навреме сватив дека се е до главата. Па така со свежа глава и јак имунитет ќе ја започнеме 2013та. Настинки мали не се рачунаат. :!:

    -По лудото лето, по мини одморот со родителите и дада, па колку и да сум постара некако се повеќе и ги сакам оние безгрижни фамилијарните одмори, по и неколку пијанчења и лудувања летово, па свадба на една од другарките, па и незаборавна забава покрај базени, а и нормално одморот само со него.

    - Ќе ја паметам и по злобните луѓе кои постојат на светот заради кои јас ќе го загубев мојот миленик. Нема да ги заборавам тие фебруарски денови кога заедно дома се боревме и Рики а и ние. Ама Рики е борец, се избори и еве го трчка со нас и ќе славиме дај боже уште многу родендени заедно. Па дури во оваа година стана татко на 10 кученца. Пффф мајсториште е бре 8)

    - По зголемената плата и зголеменото работно време, фино е кога не си дома 12 часа, ама штом дојдеш го гледаш како светост креветот. Убаво е кога новчаникот е полн, ама смешно е кога си легнуваш многу рано. Му реков на дедо дека се чуствувам како пензионер и си легнувам во 10-11. Ми рече не се бламирај, ако беше пензионер после вестите во 8 ќе беше заспана :D

    - По малтретирањата, чекање комисии и по чекањето 6 месеци за термин, па конечно ја заокружив 2012та со моето магистрирање. А како се чуствувам? Како личност која има една хартија плус која треба да ја пази во папка, а наскоро и диплома за бришење прашина. И притоа размислувам за запишување нови постдипломски или евентуално втор факултет. Зашто? Па гледајки ја радоста кај моите родители, нивното воодушевување и гордост ме прават среќна и задоволна. Баш нив само ги прават среќни овие дипломи, учиме за нивна радост, сеуште не ја согледуваат веројатно реалноста дека мојата и сечија диплома вреди како тоалетна хартија. Ама ако е за нивна среќа се исплати бре!
    Во секој случај ај џас кидинг за повторен упис на факултет :wasntme:

    - А реално годинава беше прилично просечна, еднолична, со убави моменти, со кризи, со насмевки, со солзи, со гушкања, со карања, а следнава само нека донесе здравје и среќа и сигурно ќе е подобра!
     
    На pamelche, Mermaid и Libera им се допаѓа ова.
  5. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ја слушав песната од Уснија Реџепова ,,Животе мој горак ли си био'' да горки моменти од предходните нови години.
    Убава година задоволна сум од годината што изминува.
    На работа добив преместување не унапредување условите за работа се полоши,ама колегите ми се добри.Со работа имав нервози,работев прекувремено,но немаше некој големи проблеми.Љубовта ми одеше добро,кавги,плачки,смеа,романтика од се помалку имаше.Имав убави викенди Грција-Света Гора првомајскиот празник,посета на Св.Јоаким Осоговски,Гиновце,Пиво фест,Битола,Велес сето тоа во два дена бевме два пара одлично си поминавме.Одмор во Албанија само ние двајца прекрасно беше.Прошетки до Банско-Бугарија,Солун-Грција грев е да се пожалам.Здравјето добро ме служеше редовни контроли на гиниколог, стандард моите болки во грбот.Си се подновував оваа година со многу гардероба,бижутерија,козметика.Кафаните беа неизбежен дел од моите излегувања со вкусна храна,добра музика и многу алхохол.Качив некое кило имам салце,подносливо е ,несмеам повеке да се поправам.
    Срекно ке ја испратам оваа година,а Новата ке ја дочекам во Златибор.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Најмногу по личноста чија сум права копија, со која си го пиев првото утринско кафе и за која уште не можам да се помирам дека ја нема. 2012 ќе ја паметам како година на огромна загуба, година кога ми се отвори огромна празнина во животот, која се надевам дека годините кои следат ќе имаат храброст и моќ да ја пополнат.
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да ви кажам мислам 40 пати почнав да пишувам по што ќе ја памтам годинава и никако не се решив што да напишам. Ама денес имам инспирација.

    Очекував дека 2012 ќе биде подобра од ова што беше, ама не ми ги исполни баш очекувањата. Сепак јас имам повеќе среќа во непарни броеви. Ќе ја паметам по тоа што живеам сама неколку месеци, по сите мали и поголеми проблемчиња што одат со тоа и мојата решеност да не се откажам да ги решам. По сопствената храброст во повеќе ситуации кои никогаш не мислев дека ќе ги доживеам. Во 2012 си го замразив и повторно си го засакав факултетот, сфатив дека можам да постигнам се што сакам и успехот никогаш не е нешто од што треба да се срамиме. Станав поотпорна на сите оговарања и малограѓански муабети. И најважно сфатив колку ми е значајно семејството на чело со мајка ми и колку многу и се восхитувам за се што има претрпено, жртвувано и направено за мене и брат ми.

    Сега ја чекам 2013. И иако цело време си викам дека нова година не е ништо посебно, од денес мислам дека е. Да, има само мала промена на датумот, ама решена сум да ја прифатам можноста за нов почеток со широко отворени раце. Да ја зграпчам и гушнам додека не остане без воздух. Ете по тоа.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    јас оваа година би сакала да не ја паметам по ништо,туку да има како да ја заборавам...секоја минута се се и никогаш да не ми се повтори ;(
     
  9. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    Исто,само ќе се потрудам да ги паметам убавите моменти :)
     
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    По првиот наш заеднички одмор :inlove:
    Крај на средношколските денови и станување академски граѓанин... :D
    болеста,за среќа добро се заврши... :(
    се надевам новата ќе биде далеку поубава...
     
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    По студеното Скопје и грдото раскинување.

    По драматичниот финиш на работното место, момент за кој и моментално се смешкам.

    По сочните цреши, стандард секоја година од дрвото во дворот.

    По истоштувачките тренинзи и многуте моменти кога се сомневав во тоа што го правам, но издржав.

    По зближувањето со девојка која ме фати целосно неподготвен и ми го направи летото преубаво.

    По делењето сладоледи, крофинички со крем, утрински кафиња, мачкање со Black Up и натпревар кој ќе се исонча повеќе, детски игри со камчиња, шепотење и бакнежи на темните клупи и како ја топлев во студените летни ноќи. Сеуште ја чувам.

    По исчекувањето на еден убав настан веќе 10-ина месеци исполнети со одложување, пречки и сопки. Премногу долго се чека и изеде премногу нерви. Мора да се случи во 2013.
     
    На crazylady, WildCherry и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Искрено, годинава ништо друго освен симнатите 40 кила, не ми е доволно силно за паметење.
    Открив нови светови, нови хоризонти, нови луѓе...

    Неубавите работи не ги рачунам.
    :f:
     
    На Doozy, crazylady, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    По првото долго раскинување.
    По првиот заеднички одмор.
    По првото рабоно искуство.
    По првата плата.
    По милион караници и нервози.
    По запознавањето на нови прекрасни и драги пријатели и по заминувањето на старите, непотребни.
    По запишувањето на факултет!
    Воглавном, ништо посебно, не прилично задоволувачка година. Сепак со желба за подобра 2013.
     
  14. Nataska-brasnar

    Nataska-brasnar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    12
    по најголемата љубов со мојот сакан
    по добивањето на мојата среќичка, мојата срничка, мојата Ивана
    по добиените 10 кгр од бременоста што си ги носам како потсетник
    по безбројните обиди за диета
    по враќањето на работа
     
  15. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    По првата стипендија на факултет.
    По караниците на домашните.
    По нервозите на факултет,но и добрите оценки.
    По најубавиот одмор.
    По тоа што Господ не чуваше мене и моите најблиски здрави и живи во текот на целата година.
    Се надевам ќе биде така и следната!
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.170
    Допаѓања:
    156.579
    Море кои битни работи сум ги заборавила ... Најбитното е што запознав многу,многу нови луѓе и повеќето ми се допаѓаат многу!
    И дури 6 бебиња добивме,тракторчето се породи,станав тетка ете толку пати уште...
    Многу емотивна година исто така... ама многу! Од секаков тип на емоции...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    6.487
    Пол:
    Женски
    За жал доминираат лошите работи..
    Но со надеж за многу подобра и поуспешна 2013 :) ;)
     
  18. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    И по добри и лоши работи,нормално.

    - Најпрво по завршување на средно,па матура,па започнување со факултет.
    - Долгиот шопинг во Сефора,тоа мора да се запамти ! :inlove: :D
    - Запознавање на многу нови луѓе,ми се чини годинава највеќе запознав :wasntme:
    - Анксиозноста на дечко ми :doh:
    - И највеќе што ќе ја памтам дефинитивно е несреќата што ми се случи,и што ми остави добра лузна на лицето ;(

    Тоа е тоа :^)
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    По преживувањето на крајот на светот. :rock:

    Ќе ја паметам по убавите пијанки - собиранки, дружби, зумбата, убавиот пренајубавиот помин во Германија, работата, запознавање прекрасни луѓе, и пронаоѓањето на љубовта моја :inlove:
     
  20. kb..k

    kb..k Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    по пронаоѓањето на мојата сродна душа :D