По она нешто ќе ја паметам годинава.. Дефинитивно ќе ја паметам.. По летниот одмор.. Се надевам дека следната ќе биде со уште понезаборавни доживувања
По многу работи, еднакво добри и лоши. По љубовта, колку и да не беше вистинска на крај. По прекрасниот Св. Валентин. По прекрасната пролет, незаборавна, особено месец мај. По тешкото и најболно досега раскинување. По првата вистинска работа. По неуморното, но воедно многу исцрпно лето - чудна контрадикторност, нели? По издржливоста и созревањето. По прекрасниот летен одмор на крајот од август. По патувањето во Америка во септември. По свадбата на братучед ми. По незаборавниот број доживувања во Америка. Чикаго. По успешно положените колоквиуми една недела после враќање од Америка - успех! По повторното создавање нови пријателства и обновување на старите. По простувањето ... По повторното откривање себеси кое допрва треба да се случи. Секој ден сум еден чекор понапред.
Годинава ќе ми биде запаметена по : - по тоа што ја собрав најголемата храброст и го направив нештото за кое што ќе си бидам горда сама на себе цел живот и Никогаш нема да ми биде криво за тоа што го направив -многу учење -права понуда, но одбиена -многу смеа, радост, среќа, но и малку разочарување -откривање на М.Ј. и да се надеваме дека во 2013 ќе има и нешто повеќе ....
2012 ке ја паметам по сите смешни и засрамувачки случни, по тоа што се скарав со другарки што се дружев од многу оддамна..по мојата половина (другарка ми) од Скопје..По тоа што оваа година ме тепаше некој си филм т.н. ЕМО ...хахах по тоа шо тогаш почнав да ги слушам 1Д по тоа што по толку години скоро како да го заборавив..:/ тоа е
-2012 ќе ја паметам по една пропадната врска (али како викаат тркалото се врти ) -ќе ја паметам по едно ново запознавање кое прерасна во љубов -ќе ја паметам по еден фантастичен одмор со дечкото -ќе ја паметам по најубавото лето,седење до сабајле,шетање низ цела Македонија и многу смешни ситуации кои се имаат случено со другарки,другари,пријатели,дечко,колешки,непознати луѓе -ќе ја паметам по трагедијата на сестра ми -ќе ја паметам по напорното учење,колоквиуми,испити :geek:
По многу работи ќе ја паметам Првата цигара, првата пијачка, првиот мувач, првата љубов, првото разочарување во љубовта. Потоа ќе ја паметам по најдосадното и најдепресивно лето и по тоа што направив многу глупости во текот на годината ... Сеуште не е помината, но во глобала ми помина 50 - 50 и убаво и неубаво
1.по неколки здраствени проблеми кои што претпрев многу лоши ситуации и болки 2.по смирувањето со дечкоми
По многу работи Ставив крај на тоа што ме измачуваше 2 години. По тоа што ме примија на факултетот кај што сакав. Најдобриот одмор со друштво. Го запознав него. Како и да е среќна година