1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ќе ја запамтам,и тоа како годинава.
    Но скоро по ништо убаво.

    Прво,како ми почна. Во друштво на една тешка фраерана од нашиот град...Ајде,поминав некако преку тоа дека бев искористена.
    Почнав редовно и претерано да конзумирам алкохол и цигари.
    Ги загубив моите другарки,односно нивната доверба,а тоа е исто како и нив да сум ги изгубила..И тоа заради некоја коза,која среќа ја научив каква е пак навреме ја исфрлив од мојот живот.
    Мојот однос со мајка ми достигна кулминација на бедови. Не се поднесува повеќе.
    Климакс да,ама овоа е неподносливо.
    Сестра ми исто.Ебати гуската.
    Конечно заврши годинава бајката која три и пол години ми го исполнуваше животот.Типот е (не)среќно оженет.Веќе ми е и сеедно,и да се заљубил во неа,му посакувам среќа.
    Во меѓувреме Мистериозна си го исполнува своето слободно време со грешка особи,се меша во врски..Со еден збор,не знае кај тера.

    А потоа,се појави Тој..Како се заљубив во него,не се осетив..Како седмооленка...
    Огромна грешка.


    Имаше и убави работи годинава.
    Годинава се запишав на студии. Имаше глупости со другарките летово,кои ми недостигаат страшно многу...
    Животот во Скопје е ...Средно жалосно :D
    Добар е..Запознав милион нови луѓе,супер ми е...
    Е тоа е единствената добра работа.

    2010,оди си побрзо.И не ми се повторувај повеќе.Те молам.
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Си ме претркала со темава. :lol:


    2010 ќе ја помнам како година во која на еден начин созреав и се пронајдов себеси. Ја пречекав весело со друштвото, дома се вратив дури попладнето. :)
    Првиот месец помина најобично, распуст, дружење, забави. Потоа запознав една прекрасна личност. На моменти чувствувам дека ја знам цел живот, а не знам речиси ништо. Дали беше само чудно дежа ву не знам, но жалам што не стигнав да и` се заблагодарам за сите прекрасни моменти што ми ги подари. Нема да и простам на Марта и на годинава што ми го зема дедо. Доживев загуба и сеуште ми навираат солзи кога ќе помислам дека го нема. Годинава ќе ја памтам по фактот дека за прв пат во животот бев одлучна и решив да не појдам на истото место на кое се навраќав девет години за да ја видам личноста што пет години престојуваше во моето срце. Им купив карта во еден правец до спомените. :) На крајот на летото доживеав преубав концерт, затреперувам од самата помисла! :rock: Во последната недела од распустот лудо се заљубив. Тоа беа најубавите денови од оваа година. Секоја минутка убаво спакувана ја чувам во себе. Во септември го доживеав моето прво пијанство. :lol: Сега ми е смешно, ама можеше трагично да заврши. :lol: Испратив и една личност која не заслужуваше место во моето срце и не се каам воопшто.
    На крајот, како јаготка на шлагот дојдоа двете дипломи.
    Ќе ја помнам и како година во која музички се надоградив многу.

    Годинава што измина беше многу чудна година за мене. Микс на најубавото и најлошото, црно и бело. :)


    Останав со џеб полн желби и соништа, цврсто и со нови цели да пречекорам преку прагот на новата 2011 која се надевам ќе биде многу поубава и исполнета со повеќе насмевки. :)
    Протресете ја и разбудете ја среќата. Поминете си најубаво заа дочекот на 2011 година! :*
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    За паметење ќе ја паметам сигурно.
    Незнам што се случува ама времево ѓаволски брзо ми поминува.. Годинава ми се случија некои работи во стилот среќа во несреќа или уште подобро речено несреќа во среќа :lol: Годината ја дочекав со другарка ми кај нејзе дома, бевме само ние две, се изнаигравме и топ ни беше. Многу брзо после тоа запознав едно дете, тотално погрешна личност дури сега увидов ама лудо се заљубив. Најубавите моменти со него се одвиваа во цутот на пролетта и раниот почеток на летото.. каде се заврши. Многу го сакав а и сега се присетувам на некои наши заеднички моменти.. Бев заслепена од љубовта не видов колку беше тој погрешен и колку се тоа беше погрешно ама убавината беше во взаемната љубов ( колку што јас заклучив, меѓутоа неа веќе ја нема. ) Ете таа беше таа несреќа во среќа или среќа во несреќа. На други моменти така повпечатливи не ми текнува баш сега, ако се сетам ќе ги пишам. Во летото воопшто не се ни сеќавав на него, мислев се поминало .. ама не. Љубовта и спомените се вратија, ама подоцна.. Кога беше за се касно. Летото ми помина ужасно. Здодевно и монотоно. Искачања до 9 ипол, што накрај и почнав и да не искачам. Бев само со една другарка, најдобра и на крај и тоа пријателство сврши, сега сме повеќе здраво здраво и ретко кога ги правиме тие долги муабети по телефон како порано.. Ни трага од тогашното другарство.. Па тоа е. Завршена љубов и изгубено пријателство. Тоа ја одбележа мојата година. Се надевам 2011 ќе ми донесе нови победи и успони, подобри времиња, нова љубов и нови пријателства. Да се надеваме.. :*
     
    На unknowgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. unknowgirl

    unknowgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Годинава ќе ја паметам по...прекрасно поминатото лето,по забавите,дружењето...по дечкото шо си го фатив ко почна летото и со кого одам уште и станаф сериозна :Р
    иии не знам...мислам интересна година ми беше мене оваа.
    се чека 31 декемврии :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Едино по вердибата :) Другото мање, више исто. Работа, факултет, натаму,наваму и тоа е :)
     
  6. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Хмм 2010 :angel: Па не беше лоша ама можеше да биде и многу подобра па затоа ајдее поминувај побргу сакам 2011 осеќам дека ќе ми е посреќна :?: ( 11ка ми е среќен број )

    2010 ќе ја паметам по
    љубовта што ја разрешивме и ги отворивме картите и сега е многу подобро од кога и да било :!: :inlove:
    по летото што си поминав пре пре убаво...баш тогаш ми се случија клучните работи во животот!
    по најубавите 10 дена со дечко ми и по прстенот кој ми го подари ипод палме на обали мора :) не беше официјално само нешто интимно само меѓу мене и него :* :inlove:
    по некои лочи работи ама се обидувам да ги поправам...имаше доста ама сега на прагот на Новата Година се ќе се заборави... :!:
    по неуспехот што не можев да најдам работа ( иако цела год се мачев и аплицирав на сите можни места ) :(

    Ајдеееее иди си 2010!! САКАМ 2011!! :rock:
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    na ovaa tema dragi moi forumdzivki, ke vi pisam na 31vi Dekemvri, ia uste od 2010tta godina :lol: ne e se zavrseno, a i sekoj den e nov pocetok :rofl: na edna prikazna bez kraj : :talk:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    oooo Rainbow, pa sto ne se pofalis??? :)

    cestita veridba, pa naskoro da vlezes i vo bracnite vodi :lol:

    :rofl: I wish all the best :rofl:
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Уфф...па и не беше нешто лоша годинава :)
    За почеток паричката на Бадник се падна кај мене... :P :D
    По моето прво патување во Италија 8)
    По многу нови познанства :emo:
    По Феминава убава, каде скоро секој слободен момент гледам да го искористам :lol:
    По еден убав летен одмор :wasntme:
    Ама и по многу мои неодговорени прашања, за жал... |( :sweat:
     
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Уфф,тешко прашање :)
    * Патувањето во Парис со мојата најдобра дугарка Маријана
    *Љубовта на мојот живот :*
    *Моето најсладко братучетче Михаела :)
    *Нов мобилен во кој има од слатки пораки до тешки раделби :(
    *Едно љубовно писмо ( сеуште го барам праќачот )
    *По ФЕМИНА и сти изминати денови , часови , минути , секунди , седејќи на неа
    И многу други работи , но според мене овие се најважни :*
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ...Денови ли се денови,Георгински маки големи.легни си у ниедно време ,стани си рано рано со петлите...и оп еве си заврши годината :^) :D

    Имаше додуша и среќа и тага,и солзи и смеа,и љубов и кавги,и секс,и гордост...имаше од се на моето годинешно мени.Највпечатливи моменти :!:

    -раѓањето на Викторија (ќеркичката на другарка ми),иако тоа се случи денес,скоро на крајот од годинава јас го ставам како приоритет над се друго,јас сум налудничаво среќна бре жени :clap:

    -моето унапредување на работа :bow:
    -си докажавме со дечко ми колку навистина можеме да функционираме како едно семејство,
    -посвојувањето на Роко (моето кутренце од прифатилиште за животни),
    -повторната средба со класот од средно, ( после цели 5 години)
    -кратењето на мојата долгааааа коса (редно беше,стварно станав досадна) :emo:
    -светското првенство во фудбал (еуфорија беше,шо е право право е)...не ми победи фаворитот ама ќе се пресметаме на Европско :muscle:
    -по зачленувањто во Фемина наравно :$
    -моите две блиски другарки ми се сторија со момчиња...

    Оф леле има сигурно уште нешто,намерно ги пишав само убавите работи,на лошите не се ни сеќавам веќе (добро не ни имаше нешто страшно) ама со испраќањето на старава година им кажувам и нив: ИШ!
     
    На karak, Froshinka и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Aaaaa убава година убава нема што ќе ја помнам по многу работи сега да не набројувам но ќе издвојам потоа што диплоирав и се запишав на посдипломски :)
     
    На Froshinka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    .. ни сама не знам што. Кога гледам вака наназад, ништо ептен значајно не ми се случило. Сепак, си ги памтам сите години по убави и неубави работи. Оваа година тоа се зближувањето со едно девојче од одделение што порано многу ме нервираше, склопувањето уште многу нови пријателства и подобрувањето на веќе постоечките, 28-дневниот одмор, конечното откачување од една другарка која повеќе ми носеше лошо одколку добро и слични ситници. Иако не беше нешто посебно, жал ми е што е при крај. :|
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Врската со дечко ми ја подигнавме на едно повисоко ниво. Созреавме и двајцата. Таа е моето гнездо каде секогаш можам да наидам на љубов, прегратка и разбирање.
    По драмите што ни ги прави татко ми, а кои годинава посебно зачестија. :worried:
    Откривањето на ова прекрасно катче, каде убаво си се вдомив, запознав прекрасни луѓе и поминав часови и часови во забава со вас.
    По светското во фудбал.
    Ги добив најдобрите цимерки...
    Обновив едно дамнешно пријателство.
    По лисјата паѓаат :lol:
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Генерално по лоши и грди работи. Не викам да заврши, затоа што исто ми се фаќа дали била оваа или друга година. Сигурно дека нема од 1 јануари магично да исчезнат грдите работи. Ми останува да се надевам дека ќе се средат тие работи и 2011 ќе ми биде спокојна година... Барем работа да си најдам, затоа што се осеќам крајно паразитски а способна за работа |(
     
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ќе најдеш работа сигурно ;) а јас ти стискам најмногу палци да ми се сторите со либето едни комшии тука :) морам да те уздружам со Rоко :rofl:
     
  17. Froshinka

    Froshinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    13
    Јас генерално ќе ја паметам по убави работи ... Оваа година ми се случија дешафки што одамна сакав да ми се остварат ... Се ми тргна на подобро ... Така да ... Би сакала да 2011 биде уште поубава ... Врската со дечко ми е посериозна ... Добивам повеќе љубов ... Другарите ми се среќни и јас поред нив ... Проблемите дома не се подобрија нешо многу но сепак има напредок ... По преубавото лето ... И итн итн ... :)
     
  18. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    дефинитивно ќе ја паметам по мојата “променлива состојба“ :D , во текот на денот: среќна, тажна, во облаци( :lol: ) разочарана, со болки, +енергија... :talk:
    мојот внук :inlove:
    и да.. по многуте кризи во љубовта :|
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ...по тоа што беше најзаљубената година до сега.
    А истовремено и најнервозната година.
    Така оди тоа љубов=нервоза :D

    ~почетокот на факс, и на многу нови и возбудливи пријателства.
    ~крај на средношколските денови
    ~ незаборавната Анталија
    ~најлудите проводи
    ~драстично скратување на косата
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно напредувањето во љубовта.. Позитивна година за љубов. :inlove:
    Смеење, кавги, гушкање.. Со тој, тој што го сретнав на почеток на годинава, и сеуште е врежан во моето срце.
    Моите родители! Се докажаа како најдобри во се! Ве сакам! :inlove: :*
    На сите прекрасни моменти искочени со моите будалчиња.. На сите пијанчења, на сите смеења..
    Во принцип, Супер година! :rock: :rock: