првата голема љубов и пропаст...ум в глава да не сум искрена на емоции повеќе... Спојлер ку*ките се попривлечни... и никогаш не се надевај на среќа
По матурата и почеток на факултет-на полето образование. По многу досадното лето-на соушл лајф полето. По многу нервози, а во исто време и најубави спомени-на љубовен план.
Годинава ќе ја паметам по - 1. двете парички за бадник и стара нова година кои ми донесоа многу среќа 2.моето конечно скрасување на едно место со либето 3.моето забременување
2013 година За некои 13 бројот баксузен за мене среќен. Ќе ја паметам по тоа што дипломирав, по свадбата, тоа што добив решение на работа и сега чекаме бебенце, ќе станам во декември по втор пат тетка, унапредувањето на мм на работа и преселбата во нашиот нов дом.
По дружбата со колегите од факултет секој ден. По најубавата прошетка низ Европа - апсолвентската екскурзија. По одличното лето во Германија, второ по ред. По прекрасниот одмор со дечко ми во Грција. Се надевам, ќе ја паметам и по моето дипломирање во скоро време. Не дека немало и лоши моменти, ама поубавите преовладуваат за мене годинава.