Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Секој пат ја отворам ова тема и никако да се решам да пишам нешто.Па еве сега.Годината ќе ја паметам најмногу по него.По трудот кој го вложив.По солзите,по лошите но и убавите моменти поминати со него.По многуте непроспиени ноќи,по глупостите со мојата најдобра другарка. Има многу.Не знам ни јас од каде да почнам.Ај доволно е ова.. Инаку два дена не би ми биле доволни да напишам се.
     
  2. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Мене оваа чудна година ќе ми остане во сеќавање најверојатно по ништо. Па толку ништо да не ти се деси цела година, не е во ред :/ Како да ги потрошив сите интересни моменти, дешавки и големи љубови, па сега најбитната работа во целата година е што прв пат ми пломбираа заб со анестезија :/
     
  3. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    По тоа што станав тетка, и тоа неколку пати :lol:, по тоа што шетнав низ Италија (долгогодишната желба) и по тоа што ја сретнав најпрекрасната личност на целиот свет :)

    (ова е прва година што не ги набројувам лошите работи, и тоа е успех :clap: )
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    уште 2 месеци има до крајот на оваа година незнам зошто ја активирате темата што носис денот не носи годината има уште време
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    по стапувањето во брак и по бременоста
     
  6. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Најубава година ми беше оваа. И најисполнета. Годинава дефинитивно ќе ја памтам по него. По тоа што сум повторно со него после 5 години. По сиот напор што го вложив, по храброста да прекинам долга врска само за да можам повторно да ги почувствувам неговите прегратки. По храброста и решителноста. По лудиот провод ова лето (иако мислев ќе ми биде досадно зошо прво лето да го работам). Имаше и доста неубави нешта годинава, во секое бело мора да има нешто црно нели? :)
     
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    по една љубов и навреди претрпени од истата,учење,нови пријателства(се надевам вистински) и премногу зелени.
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    -лажните пријатели
    -новата љубов
    -и најголемото разочарување кое сум во очите на моите родители..
     
  9. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    - По тоа што успеав да искоренам една голема љубов (која знаев дека беше погрешна) што гореше во мене со месеци.
    И по тоа што повторно се заљубив во друг (и сеуште сум)...и тоа многу. :?:
    - По тоа што му ги видов вистинските лица на некои луѓе кои ме изненадија (непријатно).
    - Лажните пријатели
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.576
    Генерално по многу темелни промени за кои сум убедена дека ќе траат и до година и по неа.
    Ништо не е како лани, освен едно што ме прави среќна.
    Започна амбициозно, па нервозно, па случајности (или не хе) ме доведоа каде што ме доведоа.
    Секогаш мислиме дека имаме цел, а тоа е некој паушал кој најверојатно ќе не разочара, ама за прв пат научив што значи да имаш онака здрава и разработена цел на која упорно работиш и знаеш дека ја сакаш од срце.
    Факултет или наоѓање на работа сами по себе не се кој знае какви цели, туку напротив... природно и нормално некако му доаѓа. Ова е нешто сосема друго, барем јас така се чувствувам.
    И по учењето на многу нови работи и пред се кондиционо желбата за истото како ми се разгори. Ама буквално работи во кои што не сум ни помислила дека ќе се пронајдам, се пронајдов. Поинаку гледам на многу работи и многу луѓе, а за награда кармата ми носи само добри и квалитетни луѓе што ме прави среќна.
    Се изнаучив и нови работи за себе, зошто и како ги правам, продлабочив некои свои карактеристики.
    Се на се научив како да сонувам и да остварам и при тоа да не се разочарам зошто малку сум летнала со мислите.
    И некои други стварчици кои не би ги кажувала,а ми значат СВЕТ.
    Тоа би било тоа за годинава.
    И пријатно финишира.
     
    На Thallia и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Многу брзо помината година ,промени од голем размер за мене ...преселба, нови луѓе, нов начин на живот ...Избришани од сеќавање лоши и негативни работи ,луѓе што разочараа .. ги снемува лошите навиќи и формалности .Пред се успешна година на мн полиња ,ке ја паметам засекогаш .Но ете ОНА разочара :doh: јбг ! Неможе да биде се идално........ Една насмевка без причина е доволна :) а изреката Ќе те чувам како 5% батерија е точна :lol: :D
     
  12. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    По најголемото разочарување до сега.
    По губењето на мојата најдобра другарка.
    Но има и убави спомени. :D
    Засекогаш ќе ја памтам оваа 2013.Ме натера да сфатам некои работи...
     
  13. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    По многу работи. Глупостите што ги правев заедно со мојата најдобра другарка. Запознав многу прекрасни личности, а и многумина избришав. Се сменив. Го имав најубавото лето досега. Петнаесетиот роденден дефинитивно нема никогаш да го заборавам, најубавиот до сега. Запознав едно момче кое за многу кратко време ме освои. Се надевам дека и новата година ќе си ја поминам најубаво. Колку би сакала да и дадам replay на оваа година :lol:
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    По доживување голема болка и разочарување,избришав многу значајни луѓе поради нивното лицемерие и злоба кое прекасно го видов.Оваа година беше луда на многу начини,еден дел од неа бев неизмерно среќна и заслепена,а друг дел си ги преиспитав постапките и се разбудив од розовиот сон.
    Се на се,тешка година,многу тешка,ама ете ќе помине и таа.Сега се прашувам што ме чека во 2014,не би ми пречело пак да се вратам во розовиот сон :lol:
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Воглавно по лошо. За жал.
    Криво ми е, ама џабе е да ми биде криво, не можам да сменам ништо затоа што не зависеше од мене.
    А мразам кога работите не зависат од мене. Мразам кога некој друг ми ги влече конците и кога немам контрола над работите.
    Зашто кога имам контрола над работите, тогаш се‘ се одвива како треба.

    Годинава ќе ја паметам по нешто за кое нема зборови, нешто кое ретко кој го разбира.
    По работи со кои врти-сучи успеав сама да се справам.
    Нека им служи на чест на сите заслужни, верувам ќе им се врати еден ден по заслуга.

    Годинава ќе ја паметам по тоа што се соочив со радикални промени во самата себе.
    И ќе ја паметам по „старата“ Хипица, зашто истата згасна и ја нема.

    Никогаш повеќе нема да бидам истата и патам по тоа, но што е тука е.
    Секогаш велам: „Има и полошо.“
     

    Прикачени фајлови:

  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Уф...по многу работи.
    Како добри, така и лоши. По многу успони и падови.
    Гледајќи вака, од јануари па досега, генерално не се случиле многу работи.
    Секој ден наликуваше на претходниот, и можам да кажам дека ова е година која ќе ја паметам како една од подосадните, иако ми се случија и работи кои вредат да се паметат и кои засекогаш ќе останат врежани во моето срце.
    Од подобрите би ги издвоила оние кои ќе ги паметам цел живот, како што се дипломирањето, апсолвентската вечер, последните месеци од студирањето и дружењето надвор од дома, моментите со него, почетокот на волонтирањето, летната авантура и уште многу други помали, но убави работи на кои во моментов не се сеќавам.
    Годинава ќе ја паметам и по операцијата на мајка ми, која за среќа помина во најдобар ред, по многубројните стресови, стравови, разочарувања, по финансиската нестабилност која траеше скоро половина година.
    По соочувањето со вистината за суровоста на животот и прифаќање на одредени работи такви какви што се.
    Исто така, по тоа што станав постабилна, позрела личност и личност со која моите се гордеат. По пореалното гледање на работите, за разлика од порано. Станав појака личност, личност која не дозволува да биде изманипулирана, омаловажена и искористена.
    Научив да не ја лепам по стоти пат веќе еднаш скршената чаша и дека нема потреба да се враќам на нешто што поминало и кое притоа било неуспешно, бидејќи да било добро би траело.
    Научив да враќам и да постапувам со луѓето онака како што тие постапуваат со мене.
    Со еден збор, можам да кажам дека оваа година, до некаде, се изградив себе си како личност.
    Почнав полека да ги отстварувам поставените цели, и се надевам дека нареднава година ќе ги дореализирам останатите.
    Посакувам преку цела година да имаме здравје, љубов и многу среќа.
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    За жал ќе ја памтам повеќе по лоши работи т.е по ништо добро оваа ми е една од најлошите години, но како велат има од лошо полошо што и да се случи секогаш надежта во нас останва но сепак побрзо нека помини остатокот од оваа 2013 година што побрзо...
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    По среќните моменти со моите родители и мојот сакан и луѓето околу него.
    Следната година би посакала да ми биде на некој начин слична
    секако нека има поубави и посреќни моменти , здравје среќа љубов и само убавини
     
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    -Почеток на најдобрата врска што сум ја имала.
    -Најубавиот поминат одмор.
    -Промена на бојата на косата.
     
  20. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Љубовта..која ме насмеа и натажи :)