годинава ќе има да ја паметам цел живот, се ми се смени во животот, најубавите работи беа во една година, се омажив, се роди моето срценце, тука беше присутна и тагата, но таа во споредба со најубавите моменти е неспоредлива
Многу напорна година, многу...и ментално и физички. -Промена на работното место, со многу повеќе обврски и одговорности. Нови луѓе, карактери, прилагодување. Но, како и да е задоволството е поголемо. -Долго посакувано патување во Холандија. Прекрасно, прекрасно искуство. -Многу стресно екстерно тестирање, -Уште еден одмор во вистинска смисла на зборот -По целосната промена на надворешниот изглед прилагоден на новото работно место. Ги исфрлив штиклите од употреба, иако ги носам од 18 години. Практична облека, минимална шминка, коса собрана во лесна пунџа. И некако повеќе си се допаѓам сама на себе вака.(А и штедам повеќе пари ) -По конечната одлука да се дистанцирам од луѓето кои со години ја злоупотребуваа мојата добрина и се дрзнуваа да ме вознемируваат во 2 часот, по полноќ, на одмор, викенд за секакви глупости.
Дефинитивно најмизерната година досега. Во секоја година сум имала мешано, најчесто убаво, ама оваа од почеток до крај беше катастрофална, мизерна, очајна, лажлива. Криво ми е за некои работи, но што можам кога сама сум си виновна. Единствено мааалку се подобри нешто од средина Ноември, се почувствував повесело од внатре, како нешто наеднаш да ми ја исполни душава. Се ми стана поинтересно , и чувствувам дека нешто убаво ќе ми се случи. Ишш 2013 бегај, никогаш да не се потсеќам на тебе. Те оставам зад себе , ама ако, од своите грешки најмногу се учи. А јас доволно научив.
^Исто и кај мене.. помизерна година здравје. Ама мене нема нешто што може да ме турне бре и покрај толку срања и лажливи луѓе, јас си го имам инаетот кој фала богу ме турка низ животов. Инаетливо копиле сум јас, не се откажувам.
Многу нешта, најубави во мојот живот... Еден и незаборавен беше моментот од моите соништа, мојата свадба...Потоа следуваше медениот месец, каде што поминавме прекрасни денови исполнети со уживање и љубов, раѓањето на мојот внук на денот на Нова година, и еве се надевам годинава пак ја затвораме со уште поубав момент, мојата бременост. Бериќетна 2013, се надевам на уште подобра 2014 год.
По љубовта што расте и расте и расте како квасец. Време е да замесиме едно лепче, а? По книгата, човеку. Книгата што излезе од мене, како матица прва вода. Со големи прашалници, стеги, чуденки, за на крајот да ја имам в раце на празникот на љубовта, верата, надежта, мудроста. По сите патувања што ме реосознаа, ресоздадоа. Сите селца, сите градови. Микрокосмоси и макрономии. Бои, храна, видувања, бакнежи, урлања, клучеви од стан, врати и прозорци. Предмети и синергии. По растот, личен, себеформирачки, со многу запирања, затки, пророштва, падови, солзи, чекања, статути и статуси, необични среќавања и сеќавања. По желбата, која еве на крајот на годинава ме надвјаса, да тргнам по некој нов пат. Смирен, но чуден и непознат, како и секој нов пат. Се надевам само дека ќе имам доволно храброст. Сума сумарум, фантастична година. Круна без престол, сама своја кралица, сама своја душманка. Со него, нов свет. Делење живот. Создавање многу, а можеби малку. Среќна сум, неверојатно благодарна и желна за деконтаминација во 2014. Ако е можно. Верувам.
По многу нешта и добри и лоши.Многу моменти кои ме развеселија,ме исполнија ме направија среќна,но и некои тажни кои ме расплакаа.Сепак сеуште не е завршена годината,којзнае уште што ќе се случи
Годинава дефинитивно ми беше една од поубавите, и тоа највеќе на љубовно поле. Ке си ја паметам по тоа што си фатив дечко. После толку разочарувања, подеми и падови си најдов личност со која сакам да делам се И прв пат почуствував како е да те сака некој вистински
Најповеќе ќе ја паметам по то екстерно пусто да остани... Не бе,ќе ја паметам најповеќе и по летото..да,да! Игравме нешто како фудбал,и за да ги спасам мај пипл пробав да дриблам ама не сум Меси,Роналдо,Роналдињо или Бекам ,ама ете паднав ко шутарка и коленото го црвеносав и уште ми стои така..хаха не е баш како тогаш,ама споменче си оставив.... ајм лајк а бос
Годинава ќе ја паметам по многу нешта.Прво го сменив работното место.Па следуваа низа настани добри и лоши.Сепак важно е што и покрај се ние сме добро . И да ќе ја паметам и по тоа што станав член на Фемина Се надевам 2014 ќе ни биде далаку подобра.
Рано е да кажувам, многу работи можат да се случат во следниве 20 дена, ама ќе ја паметам само по убави работи. За разлика од 2012, оваа година ми беше преубава. Така почна, а се надевам дека така и ќе заврши
Годинава ми започна лошо, ланскиот дочек беше ужасен. Непосакувано друштво и пијани пријателки, и покрај светкавиот фустан, поминав далеку од гламурозно. Годината понатаму течеше горе-долу океј. Многу пати се изгубив и се пронајдов себеси, мислам дека годинава поминав најмногу време самоанализирајќи се и барајќи ја смислата на животот. Можеби затоа што од годинава веќе престанав да бидам тинејџер. Бев избрана за проактивен член на една организација и работев на еден проект со практиканти од странство. Запознав интересни луѓе и стекнав незаменливо искуство во првите шест месеци. Летото го продолжив работно, во Германија, и тоа беше првата вистинска работа која ја имав. Строги шефови и непријателско расположени колеги, се соочив со се`. Се вратив уморна и неволно ја започнав новата учебна година. За првпат паднав на колоквиум годинава. Си купив уште попаметен телефон. На љубовен план, се заебавав со неколку типци, со последниов тргна многу сериозно, но имаме некои проблеми моментално. Хајлајт на годинава - концертот на Depeche Mode, неколкуте дена поминати во Берлин, и викендот на море на крајот од летото. Како ги нафрлив сите случувања, постов е една голема мешаница - како и 2013та всушност. Се надевам дека нареднава ќе започне подобро, и ќе бидам поорганизирана и поуспешна на секој план