Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    ке ја паметам по прекрасните моменти поминати со дечко ми :$ :D
     
  2. LadyinBlack21

    LadyinBlack21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.324
    Пол:
    Женски
    По 17 фебруар
     
  3. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ... тоа што беше најтурбулентната година до сега.
    Толку апс енд даунс, како ролеркостер.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    По тоа што се променив, што станав позрела, што не дозволив никој да ме повреди, никој да ме допре...
    И по една личност што има значајно место во мојот живот
     
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    По губењето на најдобрата другарка шо сум ја имала од ко знам за себе.
    По тешките борби во мене, психолози, паники...
    По огромното количество на алкохол и журкање.

    И најбитно по првата љубов. :inlove:
    Шо дојде во моментот ко ми се распаѓаше се и полека полека ме излечи.
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    По низа турболентни моменти и на приватен и на професионален план кои сепак резултираа позитивно :)
     
  8. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    по тоа што ја изгубив другарками овој месец,
    По тоа што видов какви луѓе постојат..
    По многуте разочарувања.. По новите другарства
    И по тоа што сум најзаљубена и љубовта ми е возвратена
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    По тоа што цело време врвев со сите 5,матемарика регионално 3,воздухопловно региноално 1 по најдосадниот лете одмор и по тоа што на Фемина добив Бело и Сино цветче :lol:
     
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ќе ја памтам по првиот одмор со друштвото,по убавите оценки,сите убави моменти кои ги поминав со моите сакани... :)
     
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    грди работи..во глобала :?:
     
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    What a year !
    Пробав да ја почнам по надежно ама не идеше некако , се оправи при крајот , ама ќе ја паметам по

    -апосолвент станав и дел од последната моја студиска година
    -10-ката по предмет што не ме интересира баш
    -зближувањето со една личност
    -досадно долго лето
    -некои преокрети во животот
    -после долго време се заљубив и засакав искрено
    -учење на компромис и жртви за една личност
    -дипломирањето на моја блиска личност , целото славење , гости и стресови
    -по земањето на дипломската тема
    -расчистување со личност која повеќе проблеми ми зададе не отколку што ми помогна за некои работи
    -зближувањето со едно прекрасно девојче за кое знам дека ќе успее многу и ќе биде многу среќна !
    -за сите промени кои беа позитивни
    -за сите работи кои ги согледав што беа лоши , искуство + и фала к*рцу не се близу мене и не ме преоптеретуваат
    -него ... тој .... што ми ги созададе пепертутките во стомакот и кои после неколку месеци се сеуште присутни секој пат кога ќе го гушнам , бакнам , видам , што на некој начин ми помогна да ги гледам добрите страни ( депресијата не ме мава толку често и толку јако како порано )
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Годинава ке ја паметам по убави работи,запознав прекрасни личности во мојот живот,платата ми ја покачија,кога ке ги ставам на вага работиве повеќе убави работи ми се случија него лоши,сепак се надевам 2014 ке ми биде уште поубава исполнета со многу :inlove: ,здравје и повеке пари.
     
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    2013 беше прилично лоша за мене.

    По што ќе ја паметам? [​IMG]
    Во 2013 се зачленив на фемина, запознав прекрасни личности, иако виртуелно ми оставија големи впечатоци. Некако се променив од кога почнав да сум и актива на фемина, како да созреав малку, црпка бев на времето. [​IMG]

    Исто така ќе ја паметам по тоа што го запознав него, тој што на моменти ме правеше среќна, на моменти тажна, на моменти поради него што сакав косата ја си истегнам, и на моменти кога се смеев до без свест со него. Жално е сега... го нема повеќе. Тука е физички, психички е недостапен за мене.

    Па еј, си ставив и протези. Ми се исправија кривите запчиња и сега сум во поголема самодоверба од било кога. Е така не сум се чувстувала до сега... И покрај тие болки што ги претрпев, сега си се смеам без мака. [​IMG]

    Имав неверојатно лето ова година, нешто необично. Нов свет за мене. Благодарност на другарките кои ми го овозможија тоа. [​IMG]

    Друго се беше лошо, лоши спомени, лоша девојка. Ама се променив.
    Е сега нема да го кажам тоа "нова година-нова јас" бидејќи секоја година го кажував, а секоја година бев истата. Е сега би кажала само

    "2014 get ready for me" :dance:
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Мене оваа година ми е буквално преполовена.
    Првите шест месеци можеби ми беа исполнети со денови за кои сега плачам да се вратат, а останатите шест со денови за кои молам да заминат.
    Беше среќна, исполнета, беше љубовна година, беше година на многу страст, на многу желби, година на патувања, година на внатрешна исполнетост, а потоа преку ноќ стана се` обратно од ова.. И уште трае.

    Ќе ја паметам по дефинитивно преубавиот пречек на истата. По скромните подароци, по бакнежите за добро утро, за добар сон, по сите оние животни кои ги чувствував во себе кога беше тој до мене. Бев лавица, можев да се изборам со се` и со сите, зошто знаев дека тој е тука и дека секогаш ќе биде.. Кхм, грешка. Секогаш премина во никогаш, исто како што и годината премина од добра во поприлично лоша за справување.
    Ќе ја паметам по матурата, по многуте ноќи кои ги поминав надвор забавувајќи се, пеејќи на сиот глас, по моментите кога се чувствував најживо.
    По преубавиот одмор, по запишувањето на факултетот за кој одамна мечтаев.
    Можам да кажам дека на сите полиња ми беше поприлично успешна, освен на она што лично за мене како човек е главна мотивација и поткрепа за уште подобро, ама добро..

    Ќе ја паметам по неколку распламтени стари другарства, по прекинување на некои за кои мислев дека вечно ќе траат.
    Ќе ја паметам по долгите летни ноќи и уште подолгите есенски. По многуте гласни насмевки, воздишки, по многуте солзи, претерани глупаво предизвикани кавги, по губењето на достоинството дефинитивно и раѓањето на новата надеж.
    Надеж, која се надевам дека ќе ме води и во новата година, во која не очекувам ништо посебно на ниту едно поле, само сакам дефинитивно да бидам маааалку посреќна, опкружена со луѓето што ги сакам, што ме сакаат и што ми го разубавуваат животот!

    Чао, 2013.
    :hai:
     
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Најпрво ќе ја памтам по тоа што ми се исполни една животна желба, да ја видам Италија. После ќе ја памтам по рекорден број на изгледани серии и филмови :D , по распаднати две пријателства кои за мене беа многу важни, по зближувањето со две личности кои сега ми се добри другарчиња и по најужасните оцени до сега за прво полугодие. :)
     
  17. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    по тоа што ја изгубив невиноста :$ :wasntme:

    со личноста која најмногу ја сакам и ми значии :inlove: :inlove:
     
  18. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Изминатата година ќе ја паметам според тоа што беше многу баксузна за мене.Не сум суеверна но,сепак бројот 13 ми носи несреќа.Оваа година почина мојот дедо,човек кој треба да биде пример за сите оние кои не знаат што е хуманост и оние кои не знаат што е да се биде работлив.Ова лето го поминав баш како трупец 3 месеци без никаква идеа во главата како и останатите 9 месеци.Искористување,лажење на големо имаше изминатата година.По тоа би ја паметела. :doh:
    Но,затоа пак имам некое чуство дека 2014 е моја година :dance:
     
  19. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    2013 мене ми беше среќна, се омажив за човекот што го сакам, бев на меден месец во мојот омилен град Барселона и успешна и плодна работа.
     
    На mila1111, Lovely93 и Mama25 им се допаѓа ова.
  20. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Еве јас по што ќе ја паметам :
    -Најубавата екскурзија во Италија :inlove:
    -Стекнато едно вистинско пријателство и многу други нови пријатели..
    -Најубавите искачања
    -Почнав да работам на телото кое сакам да го имам(почнав со редовно вежбање и диета :!: ) :D
    -Стекнав нови позитивни карактеристики
    -Еден куп посетени утакмици на рк Металург
    -Концерт кој ќе го паметам
    -Уште еден стекнат сертификат од натпревар по литература
    -Многу учење
    -Почнав да учам да возам кола :lol:
    Ова се работите по кои сигурно ќе ја памтам оваа година,секако позитивни.Ми се случија и некои лоши работи кои ќе гледам да ги заборавам... :|
    Сума сумарум..подеднакво добра и лоша година.. Е оваа година ја почнувам оптимистички настроена и ќе дадам се од себе да биде година за паметење..(по добро ! :!: ) :)