Мора да се надополни овој список на 2013та со најважното и најубавото нешто...раѓањето на мојот штумф.
2013 ќе ја паметам по тоа што живото ми се промени за 360 степени во добра смисла , на почетокот беше тешко, но сега е добро и се надевам така ќе остани.
2013 ќе ја паметам како година во која се случија многу добри работи, но и исто толку лоши случки. Загубив многу драга и сакана личност, но имав можност да ја запознаам личноста која за брзо време ми стана причина за радост и тага и поради која почна во мене да расте надеж. Ја испратив оваа година таква каква што беше, и очекувам оваа 2014 да биде една од годините која ќе ја паметам како среќна година.
Годинава ке ја паметам по...... Добивањето на најубавата вест. Доаѓањето на нашиот ангел кој расте и дише под срцево .
По тоа што при крај на годината запознав прекрасна личност , една од ретките искрени и без задни намери , уште се запознаваме ама меѓусебно , се вљубуваме еден во друг , ми стана дечко и ме чува многу . На сите оние кои се спремни да сакаат без да си чуваат резерви и се искрени им посакувам еден ваков
Изминатава година ќе ја паметам по Запросувањето на ханито Веридбата Средувањето на нашиот заеднички дом Заедничкиот живот Подготовките за свадба кои продолжуваат и оваа година
Годината што измина (2013) ќе ја паметам по многу успешни финансиски резултати, турбуленции и осцилации на љубовно поле за да сепак на крај се добро се заврши и по расчистување со паразитите и конзументите на енергија и време т.е. лажните и користољубивите пријатели. Влегувам 100% во форма во 2014 година и продолжувам да нижам успеси во недоглед.
Добри:Наоѓањето на еден од омилените бендови(порано не знаев дека постојат),СУПЕР ОЦЕНИ,научив на гитара да свирам,спокојно лето...станав посигурна во себе,добри односи во семејството и ниеднаш не плачев Лоши:се поделиме у друштвото
По три добри (двете беа прекрасни животни искуства) и една лоша работа. Се надевам оваа година ќе ја паметам само по добри работи
2013 најсреќната година во мојот живот... Фала му на Бога. Ќе ја паметам по тоа што најубавите работи ми се случија таа година, конечно ми тргна во животот. Се надевам оваа ќе биде уште подобра, ако даде Бог.
Нова љубов запишување во приватно средно доага братучедче (дознав пред 3 месеци) убава година сега за сега има уште време до крај
Темава се отворила за 2010, ама феминкиве коментираат уште, се до 2015 Епа оваа година, уште не е помината и не знам што ќе се случи во наредни 4 месеци, но она што досега беше клучно, тоа е врската која ја почнав и се што потоа следуваше со неа, како и запознавањата со нашите семејства како битен момент.