Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Никаков пресврт оваа година. Ќе ја паметам по сите убаво поминати денови во летото...
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.780
    Допаѓања:
    324.986
    Пол:
    Женски
    Samo po loshi raboti
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше ружна годинава,некако ко со сила се беше, се надевам дека другата ќе ми биде посреќна
     
  4. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    2016 - патувањето во Амстердам со дечко ми :)
     
    На crazylady и Crna Dama им се допаѓа ова.
  5. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    I jas :)
     
    На Crna Dama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Годинава ми почна во тивки солзи, лежејќи покрај моите две заспани дечиња и галејќи го третото во стомакот.
    Иако бев болна и едвај дишев, за неколку дена, на прекрасен празничен ден го доживеав третото породување и првата прегратка со најмалото синче, денот по кој ќе ја паметам оваа година.
    И во неа секој ден заради нив ми беше исполнет со насмевка, но сепак ,длабоко во душава секојдневно растеше огромна болка, тага, самотија...
    Во одредени членови на форумов препознав прекрасни личности и дефинитивно стекнав искрени пријателства кои многу ми значат!
    Се надевам дека тие лоши нешта ќе останат засекогаш само како бледи сеќавања на оваа година, и дефинитивно во новата ќе понесам само насмевка и среќа предизвикана од сакани,драги личности!
     
    На Cinderfakinrella, crazylady, deskarada и 11 други им се допаѓа ова.
  7. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Po ragjanjeto na sin mi,po custvoto kako e da se stane majka :l: mamino
     
    На Cinderfakinrella, deskarada, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Ќе ја паметам по Падот на режимот и доаѓањето на слободата. ! :D :D :D :D :D
     
    На Someonespecial, Cinderfakinrella и crazylady им се допаѓа ова.
  9. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Што половина година не си фатив женска. :rofl:
    Ова е NEW record за мене.:lol:
     
  10. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    По колуминација на лошите,негативни чувства кои ги предизвикуваше личноста која требаше да биде со мене и во добро и во лошо,по колуминација на подмолните игри,помали и поголеми лаги,лоши зборови и манипулации,како и разделбата со таа личност.
     
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    Па не ми беше нешто посебна, некако како во заблуда да живеев, дури сега кон крајов на годината да се разбудив од сон. но имаше и некои среќни моменти.
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам повеќе по убави работи.
    Прво запишување во матично па припремите за свадба и денот кога беше свадбата :inlove:
    По раѓање на две прекрасни бебиња на моите најдобри другарки.
    И уште по многу други убави моменти кои многу ми значат.

    Лошото што ми се случи годинава и што ќе ми остане врежано во мисли е тоа што ја изгубив единствената баба која што ја имав :(
     
    На Cinderfakinrella, crazylady, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.149
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам по раѓањето на моето најмило бумбарче :inlove: т.е моето внуче.
     
    На Cinderfakinrella, crazylady, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.835
    Пол:
    Женски
    Со тоа што помина една година, а се чувствувам ко да созреав за десет.
     
    На Ketchup, Lella, sparklie и 8 други им се допаѓа ова.
  15. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Кога посакав/очекував да биде година на физичко и фактичко растење/развивање/созревање на моето семејство стрмоглаво од лош старт се претвори во уште полоша ситуација далеку од лошиот старт. Живот што ли да помислам. Имаше и таму-ваму понекаде и срамежливо,слатки мали нешта,и уште ги има,се надевам постабилно присутни. Година што ме тресна на земја сурово,грубо. Ама станав и решив повеќе ништо да не очекувам и оставам на случајот туку да се изборам фино,ненападно за тоа што сакам во наредната 2017,и таа по неа и секоја следна.
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    По екстремното движење и на добрите и на лошите работи...

    Веројатно најмногу по заминувањето на дедо ми. Нема ден, а да не ми фали. И знам дека ми се случија и убави работи, ама ете, тоа што тој не беше дел од нив фрла сенка врз се'. Уште го чекам да дојде, не се навикнав и после толку месеци.

    Учев многу, работев многу, патував многу, љубев многу ама и плачев многу... Немаше област во која не ми се сруши светот, бар на миг. Имаше денови кога мислев дека ќе ми пукне душичката од мака и болка. Од лоши и погрешни дијагнози до раскинување, до неизвесност за буквално се', со стресови... Многу, многу стресна година.

    Искрено не знам како успеав да си го задржам здравиот разум, ама океј. :D

    На крај, сфаќаш дека е најважно да си жив и здрав ти и твоите најблиски и да имаш мир, другото не.

    Ми се смени животот годинава и мислам дека се' се случува со причина. Ми требаше ваква година за да ме здрма и да ми покаже што и како и зошто. Јас и покрај се', се трудам да гледам на добрите страни и да гледам на тоа дека годинава научив многу работи, се сменив многу, а и секогаш може да биде полошо. Наше е да се трудиме најмногу и најдобро што можеме, другото се средува само од себе.

    Мислам дека сега конечно надокнадувам и живеам како среќно дете. :)

    А да, се исушив годинава, ете добра работа. Што од стрес, што од половични диети, што од грешни дијагнози, што од исправни дијагнози :rofl:, ама ето, сега права правцата рибетина. (hollest):rofl:
     
    На Ketchup, Lella, PrettyDramaQueen и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    По работи кои ги почуствував на своја кожа а ја поседуваа моќта да ми го превртат животот.
    Шити јиар дефинивно, ама ме научи многу нешта.

    Затоа со нетрпение ја чекам 2017тава.
     
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Годинава ќе ја паметам по тоа што ја запознав мојата прва љубов и донесов заклучок дека љубов не е за мене. :') Ќе ја паметам по тоа што осетив како е да си среќен и како е да си осамен......
     
    На Bonus-Kombinator, Crna Dama и Rama им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.651
    Допаѓања:
    79.485
    Пол:
    Женски
    Vitaly?! Не си веќе заљубен и среќен?? И како тоа не е љубовта за тебе?? Па ти најубави мислења за љубов пишуваше овде. :|
     
    На Vitaly и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Таков е животот. Даваш се од себе за некој кој еден ден ти вика дека се е готово без причина... Како да знаев дека вака ќе се случи уште пред да се вљубам. :(
     
    На Bonus-Kombinator, Роберт 7, Rama и 2 други им се допаѓа ова.