Лошо. Само нека помине што побрзо. Грешките што ги направив оваа година се надевам дека следната нема да ги повторам. Почнувам да го менувам односот кон сите во моја близина, па нека е на арно. Како сите со мене, така јас на нив. Се тешам дека следната ќе биде подобра, барем се надевам. Грешки од кои научив многу, увидов многу работи и знам кој се беше до мене кога најмногу ми требаше. Оние кои очекував да бидат тука ги немаше, а од оној кој најмалку очекував беше тука. Во наредниот период ќе знам на кого да го насочам моето внимание. И овојпат нема да згрешам. Покрај лошото имаше и добро, но сепак е лошо. Се надеваме на подобра 2017. Се надевам дека ќе имате уште поуспешна 2017, радост, успеси и се што ви душа сака.
Годинава ќе ја паметам по не толку добри работи.. љубов - катастрофа (толку посна година не сум имал во животов, никако да се појави девојка со која би сакал да го минувам времето), социјален живот и друштво - нула (некако секој по свој пат ништо не е како порано од големо друштво едвај да најдеме време да се видиме) финансии - солидно.. Едино добро нешто е тоа што станав вујко по прв пат
Многу работи, а особено: По тоа шо станав ваква личност, толку цврста психички не сум била колку шо станав годинава. Станав тетка
Една од моите најубави години... Не се случи нешто големо, ама супер си беше годинава. Многу се променив, на подобро се надевам . Запознав многу нови личности, имав многу нови искуства... Cheers to another one filled with new experiences !
Годинава несомнено ми беше најдобра досега. Ова се некои од работите кои ми ја одбележаа годината, од почетокот, кон крајот: бев на натпревар по мојот омилен предмет, првпат зборував со Американци, конечно го завршив основното (кафезот од кој се ослободив), ја слушав Заз во живо, првпат патував со авион, првпат бев во Италија, секако кампот што ми беше како light switch од лошо на добро и од кој го научив 80% од она што го знам денес, честа да запознаам толку многу прекрасни, паметни и забавни личности од кои поголемиот дел најверојатно никогаш повеќе нема да ги видам, но сум бескрајно благодарна што ги запознав, пријателствата кои ги стекнав и енергијата која ја почувствував, оние вечни моменти за кои би дала сè да ги доживеам уште еднаш, најдобрите 7 дена во мојов живот. И секако, тргнувањето во средно училиште, промена на средината, професорите, соучениците и справување со сите навидум неважни предизвици. Ова беше година на промени и себепронаоѓање. Јас сум бескрајно среќна што некаде во почетокот на оваа година започнав да го пуштам мозокот на слобода и оттогаш сè е подобро. Понатамошните настани само придонеа во мојот развој годинава. Навистина сум променета, не можам ни да се препознаам и горда сум на тоа. Како што кажа некој, помина една година а јас чувствувам дека сум созреала десет. 2016... that's a wrap!
Сообраќајка. Раскинато пријателство. Болест. Многу патувања. Лоша психичка состојба. Може слободно да си замине, спремна сум за новата.
Ја доживеав најискрената љубов за прв пат во мојот живот,само што ја видов ја засакав повеќе и од мојот живот,станав МАЈКА..најбогата сум на целиот свет..и така цела година ми помина со неизмерна љубов ☺
Mnogu lezerno pocna da na krajot zavrsi mnogu stresno. Mnogu rabota, mnogu stres. Maturance isprativ za koe bev pozaagazirana od nego samo. Jas trcav organizirav sminka, flizura, tasnicka vo posleden moment....nekako na moevo dete bas mu bese gajle do posleden moment. Konecno dojde denot da odam na odmor i da najdam vreme da podrazmislam sto ponatamu.
Па искрено оваа 2016 година ми беше многу тапа. Убави работи се случуваа кај мои блиски роднини па така некако се разби монотонијата, но имаше и лоша случка. Дечкото имаше сообраќјна несреќа за сеќа излезе се добро.... се на се безвеза година се надевам дека 2017 ќе биде подобра
2017 - Долга и тешка година. Јануари и декември = средина. Се меѓу нив = катастрофа Можеби годината во која запознав најмногу луѓе кои дојдоа и заминаа за краток период. Колеги, другарки, потенцијални партнери. Немало и никаква потреба да се задржат. Не заслужија. Минута молчење за сите средби кои беа "договорени"... Светла точка ми е напредокот на работното место.
По смртта на баба ми,која никогаш нема да ја преблам,состојбата на мајка ми која за среќа се среди и најубавото сеќавање Раѓањето на моето љубовче..мојата принцеза.
Многу работи се сменаа од корен. Тоа што не го очекував испадна, а тоа што го очекував не можам ни да видам каде се изгуби. Ретко дозволвам да бидам изненадена, и не сум сигурна дали ова е пријатно изненадување, или пак не. Во глобала не беше лоша година, напротив, ми летна одма.
2017 дефинитивно ќе ја запамтам како година на промени. За 2016 да не зборувам, една од најгрдите години, ама затоа оваа година ми донесе среќа. Дефинитивно ќе ја паметам по пронаоѓањето на мојата љубов во средината на пролетта кога се е расцветано, кога и мојата душа расцвета откако конечно најдов некој што ми ја возврати љубовта. Ќе ја паметам по првата средба со него, првиот бакнеж во мојот живот со човекот што ми значи најмногу, тој волшебен момент (старомодна сум многу, првиот бакнеж со првиот дечко на 20 години). Ќе ја паметам по скарувањето со другарките, кога сите ме напуштија и смирувањето со истите кога тие го побараа тоа. Тоа беа најтешките месеци во оваа година. Ќе ја паметам по првиот одмор со него, првото спиење заедно. Ќе ја паметам по смртта на моето маченце кога плачев со денови и уште кога ќе се присетам ми се плачи, и по земањето на новото маче кое уште си го чувам и во моментов спие до мене и си го сакам најмногу. Ќе ја паметам по промената на начинот на кој ги гледам работите. Да ми кажеше некој во јануари2017 дека сега вака ќе биде никогаш немаше да му поверувам.
Дипломирање Вработување-не на струка далеку од тоа Нервози и манипулацио на рабпта најдоа наивна и ме прават лом Пронаоѓање на потенцијален партнер И да во плус килажава 10 кг хаха И болници интервенции... Се на се добра година...