макотрпното барање на работа кое ми се исплатеше мојата веридба (имав прекрасно романтично запросување) кумството кое го започнав раѓањето на втората внука прекрасните поминати мигови со сите што ми значат
- запознавањето на нови луѓе....а некои оставија посебен печат уште од самиот дочек на новата година - свадбата на еден близок - концертот на дејвид гета - едно пијанство страшно - мнооогу луди журки и играње додека не ми откажат нозете - апсолвентската журка.....
Претежно по лоши работи,и тоа особено во јуни и есента.Единствено добро нешто беа летните одмори,друго немаше.Ќе ја паметам по грешките кои ми го променија животот и кои никогаш нема да ги повторам.По падовите кои ги доживеав,по загубата на една пријателка поради глупост... Едвај чекам да дојде 2011,и иако знам дека нема работите магично да се променат,се надевам дека оваа година помалку ќе грешам и нема да правам исти грешки,се надевам дека оваа година ќе ја обележат успеси и среќни мигови! И после се,јас сум оптимист..
Ах, како ја заборавив најважната работа. Покрај се, и после него.. дојде нова љубов. Ама што ако кога и таа е погрешна, и незнам како толку вртоглаво и проклето брзо се заљубив во него? Се прашувам.. дали е ова љубов или само невина и неопасна заљубеност? Но се сомневам.. Како ми се редат, погрешни до погрешни. Носам лоша до лоша одлука. Се надевам дека во новата година барем малце ќе се подобрат работите, и нема да ги направам истите глупости како оваа. И се надевам дека ќе го заборавам и овој, зашто навистина не вреди и не ни може тоа да биде, 'ние' - тоа не постои.. едноставно.
по големитее расправии во нашата фамилија,кои доведоа до развод по првиот Bелигден тука,по убавите излегувања до сабајле по свадбата на една другарка,по доагањето на блиска братучедтка на посета од мкд,по некои нервози,плачења,осмености,тоа што 2-3 братучетки имаат бебиња,по 1 роденден на керка ми,доагањето на уште член во фамилијата,по убавите концерти засега тоа ми текнуваа се надевам 2011 ке ни донесе на сите уште поубави моменти,срека радост
-по прекрасниот летен одмор, најубавиот во мојот живот -по свадбата на мојата другарка која прва се одлучи на таков чекор -по слабите дневни пазари, дефинитвно оваа година беше послаба од претходната -по љубовта која и те како се зацврсти повеќе оваа година -по мубаетите за стапување во брак кои ни беа честа тема на разговор -по една расправија и променето мислење за еден другар -по честите излегувања на помирни места придружени со алкохол и безвезе муабетчиња!
по убаво.. лошите моменти ги оставам зад мене затоа што -оваа година виртуелно ве запознав -затоа што запознав една личност која е ептееен драга и мила.. -затоа што најубаво си го поминав летото-до 5 сабајле во маало -затоа што оваа година ми беше супер!! нема причина- едноставно бев среќна и се беше О.К се надевам дека Новата 2011 ќе биде уште поубава!!!
Нелче мене 2009 ми беше таква .... Знам како ти е .... Ама во 2010 работите ми одеа кон подобро.... - феноменлна екипа - лудо лето - нова љубов и многу многу убави работи овој пат не се жалам
интересна година доволна застапеност на сите чуства ,емоци и разни работи - мојата прва работа -патување во Италија -запознавање нови фаци и дружења -доаѓање на мојте 3 внуци на овај свет -одмор со непознати личности и нови искуства -ново искуство со снимање на документарен филм запознавање на глумци кој не се познати на јавноста и по моето ново мото Никогаш пораз,секогаш лекција !
Ќе ја паметам 2010 по апсолвентската и незаборавната екскурзија,најубавото лето со мојата љубов и по рекордно малиот број на караници меѓу нас,по даааалеку подобрата финансиска состојба од лани...беше многу подобра од претходната и сакам така и да остане...
Дефинитивно по него! По таа врска која животот ми го смени оваа година,ми го преврти наопаку! Се ми измеша! Оваа 2010 ТОЈ ја обелажа...се надевам новата ќе го избрише од мојот живот!
Па не по многу убави работи, освен смирувањето со дечко ми. Дефинитивно година исполнета со многу пресврти. Се надевам на подобра
Годинава ќе ја паметам по: -првиот заеднички и мој најубав одмор со дечко ми -Прошетка низ Виена,Прага,Будимпешта и Белград -По мојот 18 роденден и возачката дозвола -По прекрасни работи,лошите веќе ги заборавив.
Јас оваа година ке ја паметам по -конечно расчистување со најголемата напаст во мојот живот досега -раскинување на најголемата глупост со можев да ја напраам -свадбата(со погрешна личност) -прлично весело лето -расчистување со личности кои не ми се потребни во животот -запишувањето на факлутет( археологијата мојата љубов ) -по некои глупави стресови -првите колквиуми -мојата колешка-сеа ми е мнооогу блиска другарка -по изигравање Купидон да спојувам други личности створени еден за друг И на крај најмонгу ке го паметам 7-ми октомври денот од коа сум со моето Бубле и што мноооогу си го сакам и ме прифати онаква каква што сум
Година за паметење. Зло за добро. Сепак да набројам: -Мојот најлуд роденден -Матурата на мојата прва брачеда -Првото паѓање во несвест -Свадбата на мојата тетка и запознавањето со Ким -Свадбата на вујко ми, сообраќајката и по 2 пат кршење на аркадата -Средбата на пиво фест во Охрид со најдрагата особа која ја познавам во животов -Раѓањето на неколку бебчиња Мислам дека е доволно.
По конечното долгоочекувано 18то годиште и по задоволството да им ја лепам личната карта на обезбедувањето без да ги погледнам. Тие на мене мала... По ПРЕКРАСНОТО прославување на матурата, по успешното запишување на факултет, по убавиот фустан што го носев И дефинитивно еден од најубавите спомени ќе ми биде свеченото доделување на дипломите... јас, во првиот ред, со црвени капа и наметка... солзи во очите на моите родители, душава-бавча.