По многу работи. По прв чекор, по прво забче (па уште пет потоа), по успехот на работа, по хармонијата дома, па и по луѓето овде на форумов...
По нарушувањето на здравјето,и лежењето во болница 10 тешки денови,каде видов и искусив многу жални нешта. По смирувањето со бившиот,со љубовта на мојот живот. И по многуте лудости и непромислености,кои се составен дел од мене
По мнооогу падови, емотивно најнестабилна година до сега. И многу станувања со последниот атом на енергија. Многу прашања и одговори. Но на крајот од годината има зрак надеж. Сега со сите лекции и мудрости спремна сум да ја дочекам новата. Но имаше и добри работи: Веридбата и најпрекрасниот одмор Прво работно искуство Шетања, обуки, положени испити и др.
у глобала добра година Ништо посбено ништо трагично.Најбитно од се е што децата ми беа цела година здрави прави среќни.Јас онака..со лични психички успони и падови,маж ми завршува годината со нов бизнис и нов почеток од економски аспект.Имаше шетање,одмори,кавги,гушкања,смеаи солзи. Догодина нека биде уште подбра И малце повеќе позитивен адреналин
Плодна година. Се купи стан. Сите сме здрави и живи.. Син ми напредува во студиите. Имаме за јадење и пиење и не сме должни никому. Што повеќе да посакам,би звучело нескромно.
... па има уште една недела, однапред не би искоментирала, за 5 минути животниот тек може да се сврти и кон лошо и кон добро по што може да се запамти годината!
2017 што уште не е завршила ќе ја паметам по добри и лоши работи, добро не толку лоши де. Ќе ја паметам по тоа што дознав нешто за љубовта, по тоа што раскрстив со повеќето луѓе повеќето машки што ми се лигават, по тоа што внука ми тука почна да учи, по тоа што другарките се омажија и родија прекрасни бебенца. А највеќе ќе ја паметам по тоа што сум кума на една од другарките. Само по убави работи ќе ја паметам, лошите ќе ги заборавам, а и тоа што се зачленив на форумов.
По него. Небитно како ќе се одвиваат работите понатаму и дали на крајот ќе завршиме заедно или не, секогаш ќе го паметам по тоа што направи за прв пат во мојот живот да се чувствувам ценето како вистинска ЖЕНА. И почит, и љубов, и внимание... не би можела да посакам ништо повеќе од тоа што го добивам. Потребата која што ја чувствуваме еден за друг и покрај многуте километри кои не делат, не се мери со ниедна близина ако ја нема истата. Генерално беше добра година на секое поле. Најдобрата во последните пет. Оваа што доаѓа да биде како годинава што изминува. Не сакам повеќе.
Се на се годината беше добра, но како и секогаш можеше подобра да биде, но оставаме за наредната година да биде уште подобра од оваа. Оваа година бев за Германија, Грција не е којзнае што, но за мене толку шетање во една година е нешто. За прв пат заедно со дечко ми бевме на одмор. Имаше кавги, смеа, солзи, тажни и депресивни денови но пред се имаше многу љубов.
-Ќе ја памтам по ептен траумателен развод -2 бремености од кои: -1 Спонтан абортус -1 Успешна бременост(моментално 4ти месец ) -Свршувачка -Губење на работното место Во просек и споредба со други години и не беше толку лоша година
Завршува годината која ми отвори нови видици,можности за многу следни години понатаму само здравјето и умот да ме служат исто како годинава што се ситни и ита кон крајот се друго имам потенцијал и мотив да го продолжам понатаму. Инаку најмногу 2017ма ќе ја паметам по најзабавниот летен одмор исполнет со водени лудории по тобогани,скокалници.Опуштање во морето,само ти ветренцето пирка,плуташ и гледаш само синило над тебе околу тебе и потполно уживаш растеретен од сите небитни мисли,луѓе,настани.
Позитивни: - Семејни прошетки низ земјава со новата кола...Места за кои не знаев дека постојат. - Спремање последни испити и пишување на дипломската. - Дипломирање. - Првата официјална средба со него. - Прва посета на Париз заедно со него. - Подобрување на имунитетот и исфрлање нездрава храна од мени. Негативни: - Посети кај специјалисти и дремење по болнички ходници. - Операција на баба ми. - Прекинување на долгогодишно другарство. - Мала незгода. За 2018 посакувам сите да не служи мнооооооогу повеќе здравје и среќа, а воедно да се подобри финаниската состојба. Се надевам дека следата година ќе најдам работа по стурка, и не една туку 101 земја ќе прошетаме заедно со него.
Секогаш кога ќе се најдам у ситуација да го одговорам прашањево .. произлегува следново Не ја паметам по ништо. Само ги паметам моментите кои што ги паметам. Не се огранучувам себе си за процесот на настаните да го распоредувам според сметквни години како папки у адмнистрација. Али текот на настаните ги паметам по мојот турбулентен развој на мојот карактер. Simple .. keep it simple.
По борбата сама со себе. Успеав, се изборив. Ништо потешко не сум доживеала, но преживеав. Сфатив многу, изгубив многу. Научив да се сакам прво јас, па после другите. Разочарав многу, се разочарав и сама, но на крај јас знам која сум и тоа е најважно. Се прифаќам со сите маани и недостатоци. Многу привремени луѓе кои и покрај се ми се блиски при срце. Знам дека ме чека голем пресврт сега, спремна и храбра го прифаќам предизвикот. Иднината ќе ја креирам јас и никој друг. Мојот живот зависи само од мене.
Генерално лоша година. Повторно многу стрес, немир и неспокој. Единствена позитивна точка ми беше, е, и остана тој. Ќе ја паметам единствено по нашето потпишување и почнување заеднички живот. Ќе ја паметам како година на нужно зло. И ќе престанам веќе да се надевам и молам следната да биде подобра, како што си правам на себе секоја година. Овој пат не ми доаѓа новата година мене, туку јас и идам на неа да си го земам се она што го заслужувам!!! Од новогодишни резолуции за 2018: 1. Земи се што мислиш дека заслужуваш, и не прифаќај ништо помалку од тоа!!
По многу патување и интересни дружби. Имаше и некои случувања кои на момент го нарушуваа мирот но сепак убавите моменти доминираат.
Годинава што изминува е една од потешките. Исполнета со разделби, развод, пакувања, преселба, патувања. Не сакав, но така мораше да биде. И покрај сите натежнати издишки и почеток на непланиран животен тек, сама и своја, успеав да останам смирена и свесна за случувањата, знаејќи дека секоја рана залечена со приоритетите побрзо поминува. Во сите помалку убави денови, оние со насмевки и радост останаа само капка во надојдената вода. Среќата ја чувствувам по здравјето кое добро ме служи. Душевниот мир нема цена.
Годинава сигурно дека ќе ја паметам долго...долго..до крајот на животот. Имаше убави работи меѓу кои и последното заедничко семејно летување.......нови средби со драги луѓе....секојдневните радости со А секако ќе ја памтам и по распадот на бракот