Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Уффф, по многу нешта.
    - кажав "ДА" на човекот кој го сакам повеќе од себе.
    - научив многу работи за христијанството, бесценети! Животот ми го сменија, на подобро се разбира. Многу подобро!
    - се вработив (прва работа), видов се и сешто. Видов колку тешко се печали минималец. Грозно искуство во секој случај. Го елиминирам полека, но научив нешто што не се учи од книга, на факултет и сл... Научив дека очите треба да ги држам широко отворени!
    - оттргнав многу луѓе од мојот живот, научив да игнорирам, да не допира ништо до мене
    - ги сфатив сите постапки на моите родители кои не ги одобрував, а тие упорно ми велеа : ќе си видиш кога ќе се осамостоиш.
    - ми се верија/омажија две најдобри другарки и пресреќна сум за нив.
    - го совладав готвењето :D Многу тешка работа :P
    - си прошетав на места кои ни беа зацртани, спомени еден куп.
    Во глобала реализирав се што имав зацртано, освен магистерската.
    Таа ќе почека за наредна година. :)
    Единствено не научив да штедам и оваа година.:$(facepalm)
    Не би сменила ништо. :)
    Правев се што мене ме прави среќна.
     
    На dunika, eli25, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.411
    Допаѓања:
    22.694
    Пол:
    Женски
    Да почнам со ред...
    Годинава ќе ја паметам по прошетката во Златибор и БиХ, мнооооооогу снег и таму, а богами и тука цела зима.
    По вселувањето во реновираниот стан со дм и почнувањето на заеднички живот само ние двајца, кое што толку многу го посакував и чекав 2ипол години.
    По преубавиот одмор на Крф летото, и новите пријатели.
    По веридбите на 2 најдобри другарки и целата возбуда околу нив.
    По смртта на баба ми, дедо ми и еден синоок ангел од само 18години, а сето тоа се случи за 12 дена. Многу тешки мигови за целата фамилија, голема болка и тага.
    По двете бремени колешки во исто време.
    По многу убави дружби со моите блиски луѓе, многу смеа и радости за нив.
    По тешката состојба последните 2 месеци во фирмата кај што работам, и уште потешка и понапорна година не очекува.

    Се надевам следната година ќе биде подобра, повесела и полна со убави мигови за сите.
     
    На dunika, eli25, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Ivan4e04

    Ivan4e04 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    7.999
    Пол:
    Женски
    Ах годинава...Дефинитивно најтешка година досега.Имав убави моменти,но еден настан го одбележа и промени мојот живот(на полошо).
    Посакувам 2018та да биде повозбудлива,помалку стресна,замислените патувања да ги реализирам,да научам повеќе да го ценам животот и да станам поцврста личност.
     
    На eli25, stetoskop и Rama им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    -Падот кон дното
    - Тишината која ми стана најдобар пријател
    - Патувањето во Санторини - мој сон од поодамна.
    -Патувањето во Будимпешта.
    - Новите пријателства
    - И најважното правев се што ми е убаво.
     
    На eli25, crazylady, stetoskop и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Исклучително интересна, турбулентна и добра година, иако не беше се' добро, особено не на здравствен план. :)

    Мислам дека после минатата 2016, конечно ми се избистрија некои работи во главата, па успеав да застанам цврсто, а да не тонам во жив песок под мене. Се пронајдов и видов кои се моите приоритети во животот, се осамостоив целосно на начин на којшто одамна го посакував и посреќна не можам да бидам заради тоа, та дури можам да речам и дека се гордеам со самата себе заради тоа што успеав да си остварам еден мој дамнешен сон. :)

    Голем, голем успех на професионален план, брз напредок за кратко време, професија во којашто комплетно се пронајдов и вечно ќе бидам благодарна за поддршката што ја добив на почетокот од сите околу мене. :)

    По многу забавни и убави моменти, нови познанства и ептен, ептен интересни мигови и убави дружби, 8)иако за жал, годинава, моите патувања се бројат на помалку од една рака. Меѓутоа, благодарна сум за сите нови пријателства и познанства, дружби, седенки, кафиња, вечери, ручеци, сладоледи и што не... навистина ама навистина ми се разубави секојдневието и ми се разби монотонијата, ќе полудев да не беа луѓево околу мене.

    Годинава стекнав и навика за редовно вежбање, нешто што ми помогна да бидам посмирена воглавно, па дека моментално не вежбам сум троа биполарна вака по темиве. :D

    За жал, годинава посетив повеќе здравствени установи неголи предвиденото и посакуваното, :rofl: по половина побелена коса и играње пинг-понг со мојата дијагноза и тело. Требаше да ја испратам годината со операција, меѓутоа, ајде да видиме дали ќе ја дочекам новата така. Што и да е, желбата ми е само да се мавнам веќе од состојбата од којашто сум заглавена.

    И..... и тој е тука некаде, не можам, а да не го спомнам. Нека седи тука, додека е убаво и додека трае. Почитувам што ми подаде рака кога ми беше најмизерно, иако не мораше.

    Аааааааа - и година на нула слободно време. Ама сама свесно така си одбрав и не се жалам, туку уживам во хаосот во којшто секојдневно живеам. :D

    Од Дедо Мраз годинава ако може здравјево да го средиме, другото јас ќе преземам, како по обичај. :D
     
    На dunika, eli25, Lunaria и 14 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    67.472
    Годинава донесов решенија кои што целосно ми го променија животот.

    Се научив да се дружам без да верувам слепо, нешто за кое што не бев способна порано. Се научив да бидам слаткоречива и да си ги контролирам емоциите. Ништо лично, во бизнисот нема пријатели и чувства.

    Сфатив дека не можам да направам и да постигнам сѐ сама и дека е во ред да побарам помош. Мислев дека ќе се чувствувам понижено и помалку вредно доколку некој ми помогне, ама не било така.

    Fake it till you make it. Моето мото за 2017.
    Си купив DSLR камера и вложив доста за да конечно моето хоби стане реална професија. Баш кога мислев дека годината ми тргнала на лошо, добив понуда за работа како фотограф. Платата повеќе од солидна, работата за мерак. Научив многу, премногу. Не само за професијата, туку и за луѓето воопшто.

    Сега почнувам свој бизнис. Верувам дека ќе успеам и дека сѐ што ми треба веќе го имам, дали опремата, дали самодовербата. Научив дека сѐ зависи од мене. Без разлика дали на личен план, или пак материјално, сѐ е возможно, немам ограничувања.

    Се фатив како плачам де од тага, де од среќа. Се фатив како е да бидеш изгубена додека светот продолжува да се движи и те остава назад. Се фатив како се сомневам. Но годинива разбрав, јас можам многу повеќе. Сите досегашни успеси не се само чиста среќа, туку и напорен труд - а јас можам многу повеќе.

    За малку завршив на операција годинава, ама ситуацијата ми се подобри - на своја рака земав лекарство кое што ми помогна, барем за сега. Ништо страшно, ама не им верувам на докторите слепо никогаш повторно.

    Верувам дека сѐ е добро, а понатака ќе биде уште подобро.
     
    На dunika, green.eyes, Lunaria и 6 други им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Како една од најлошите...и да не се повтори у секој поглед.
    Лошо почна,полошо завршува.
    Мрш оди си:@:sweat:
     
    На dunika, eli25, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.607
    Допаѓања:
    39.713
    Пол:
    Женски
    По тоа што за прв пат станав мајка и по тоа што со мм успеавме да си створеме свој дом и фамилија.
     
    На dunika, mal.ecka, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    По раѓањето на мојот син. Нема поголем подарок од тоа
     
    На eli25, Rama, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ariaelon

    Ariaelon Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Po noviot partner i sekako nezaboravniot odmor grcija
     
  11. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    По пропуштените шанси...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    Годинава ќе ја паметам како една од најмонотоните и најдосадните години...Ја доживеав како крајно неуспешна на личен план...

    Убава ми ја направија градењето на куќата и новосоздадените пријателства тука, посебно со една личност :)
     
    На eli25, Rama, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    ...тоа што не се случи никаков прогрес во однос на минатата...

    Како исклучително тешка година, во која многу денови поминав соочувајќи се со борба за себепреживување.

    Година на многу разочарувања и прашања на кои одговори нема.

    Година на многу откажувања...Од сама себе... И од него.

    Надеж дека следната ќе донесе нова радост...
     
    На eli25, Luciferovog zlo♧ и Rama им се допаѓа ова.
  14. Lejla8

    Lejla8 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27.995
    Пол:
    Женски
    Во секој случај тешка година,нека заминува побрзо,доста се стресови,јадови,солзи.
     
    На eli25, Rama, PUPICA и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Катастрофо наречена 2017 замини си и никогаш да не ми се повториш !!!!
     
    На Rama и PUPICA им се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам многу долго по многу лошо се надевам никогаш нема повеќе да се повтори.
    2018 be kind :(
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    2017 ми беше многу лоша година ,особено психички се изморив и попуштив.
    Премногу проблеми и грешки,лоши моменти и сето тоа настегано во толку краток период.
    Ама сепак,ќе ја памтам по убавите работи и ситните успеси што колку-толку ги имаше и во оваа година.
    Фала ти 2017 на сите лекции што ме научи,замини што побрзо, за 2018 да ми е најдобра и најуспешна година до сега.:angel::P
    Ако ништо друго,за инат на 2017! :D
     
  18. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа шо 2016 ми беше мноогу лоша година па едвај чекав да ми дојде 2017, али џабе чекање кога испадна и оваа исто лоша, ќе ја памтам по развод на моите родители,губење пријатели и уште многу лоши моменти..али сепак и уште верувам во она СЕКОГАШ ПО ДОЖДОТ ИДЕ СОНЦЕ па кај мене могуче да врне 2 години па се надевам дека дај боже во 2018 ке дочекам сонце.
    СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  19. filip4

    filip4 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    3.671
    Пол:
    Машки
    Po nishto nema da ja pametam a i ne sakam.
    Pochna ubavo,ushte prviot mesec,zavrshuva katastrofalno.
    2017 ta godino idi u pichku mater i nikogash da ne se povtorish vo godinite shto sledat.
     
    На Herrera и PUPICA им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    ја па мислев по мене ќе ја паметиш :emo:
     
    На filip4 му/ѝ се допаѓа ова.