Мајка ми го победи ракот Само здравјето на тато се влоши ама почна да иде на добро сега и знам дека ќе биде добро Се верив
Многу лошо почна 2017, открија проблем кај татко ми со кој животот на конец му висеше. Како капак, не бев во можност да дојдам да го видам. Вечност ми се чинеше процесот додека чекавме да закажат операција, ама за среќа испадна се во ред. Од тогаш наваму прилично мирна година, со многу љубов и ретко некоја кавга и недоразбирање. На моја огромна среќа, многу малку разболување на син ми во текот на оваа година. Научив многу нови работи, научив јазик, имам уште за учење во следната година....се надевам ќе донесе тоа што сакам и кон што се стремам. Цела година, заради сплет на околности, не успеав да ги видам внук ми и внука ми. Душата ме боли. Ова се надевам никогаш повеќе нема да не се повтори.
По шо да ја паметам бе? А чекај иа убај работи:крстив бебуле,двете брачеди ми соопштија дека се трудни,бев на најјаката пракса во живото во една градинка каде шо иам премили спомени со дечињата...ама пак ќе ја памтам по то шо поќе ме бива сингл да останам отколку во врска... Малер,шта чеш
Иако имаше и не толку убави работи и дешавки годинава сепак одлучувам годинава да ја паметам по работни искуства, патувања и по помирување со најсаканото
Очекував да пишеш дека годинава ќе ја паметиш по коњите и кравите што ги среќаваш на секој чекор низ Битола (сликите од ФМЌ )
Година на солзи, разочарувања, тешки разделби, неисполнети ветувања. Мојата свадбата и целата еуфорија.
Ете, веќе дојде 31.12.2017... штотуку заминува старата а доаѓа НОВА ГОДИНА.. ви посакувам на сите, во новата 2018.. да ви се исполнат сите неостварени желби! да ви биде 10 пати по бериќетна од оваа што помина, да ви биде исполнета само со радосни моменти, неубавите работи да ги затвориме во оваа што помина! Јас да си кажам за мене, почетокот на 2017 добро ми тргна, како од финансика гледна точка, па се до „успешна гледна точка скоро во сите полиња“.. Бизнисот, мислам дека „годинава ми цутеше“ имав ТУРБО работа,.. Премногу дружења, запознав премногу нови личности, кои оставија белег како добри „пријатели“ .. Успеав да се „подзаљубам“ во ептен погрешна личност.. среќа навреме заврши Решив многу проблеми што ми беа останати од 2016.. за кој мислев дека тешко би се решиле.. А дали заебав некој работи годинава.. мислам дека не заебав ниедна работа, освен тоа што сум влегол во неколку месечна „ВРСКА“ со крајно погрешна личност.., ај се простува подПРЕНАПИЈАН бев, коа сум ја смувал/фатил.. искрено не го памтам моментот како беше..... И крајно триумфално, ја завршувам со успех од деловна страна, добив пред 1месец, едно „Тендерче“..
Видов многу вистински лица. Изгубив драги личности... Научив дека нештата ама баш никогаш не одат по мојот план. Дека пократкиот пат не значи подобар и поуспешен пат. Дека некои работи не можам да ги поправам макар го превртела и светот. Благодарна сум. За секоја промена и за секоја препрека. За тоа што бев оваа година и за тоа што сум спремна да бидам.
Ах годинава ..... Започна лошо, раскинавме и психички паднав на ниско ниво до самоубиство. Не сакам да ја коментирам првата половина. Моите од дома ништо не знаат колку тежок период имав, одев на работа ко дрогирана од лекови и секојдневно плачење...........да да, далеку од дома, далеку од сите.... Од Јуни месец почнав активно да пишувам на форумот за да се оттргнам од црни мисли , но се закачив на осетливи теми за брак и љубовни врски и таман мислев дека сум дошла на степен каде не реагирам на ништо , се појавија неколку светици на форумот во тие теми и почнаа да се караат со мене и ми го влечеа вниманието па се заразив посебно во темите за отворен брак и дали сте среќни во бракот, уз пат и онаа тема за магии која беше пролазна. Тој период беа дојдени сестра ми со мажот и , па се замарав со нив. Во меѓувреме некои чудни никови од форумот почнаа да се зближуваат со мене и почесто да комуницираме, искрено ќе си признаам имаше и изјавување љубов и голем дел посебно машки никови кои бараа некакви совети од мене. На работа се стандард, плус дополагав некои други испити за сертификати оти ќе ми се најдат се е поврзано со авијација, тоа ми е најголемата љубов, авиони, аеродроми, патници, максимално ме исполнува работата и мислам дека и ко ќе бидам на смртна постела пак ке сакам да дојдам на работа од што ја работам со полна љубов. Еве го Октомври месец, се мислев дали дечко да барам, ама изгубив доверба во мажи, а баш си замислував пред празниците да најдам дечко па да идеме на планина, на скијање, во некој резорт сами ние двајца. Ај да не летам во облаци, не верувам во љубов, само време си губев со оној. Ништо не очекувам во 2019, нема да се трудам на љубовно поле, другите сфери од животот ќе ги контролирам само. ..........Најтежок чекор до сега е следново скалило што веќе добро го знам......
Завршување на едно поглавје во животот, а започнување на ново. Запишување на факултетот кој го сакав од мала, преселба на друго место далеку од дома.. Спојлер И најдолгата врска досега, 4ри месеци и сеуште трае
Дефинитивно по лошото здравје, буквално цела година.... Мислам дека нема ден кај што не бев болна, а и моментално сум ужас....
По се најлошо,полоша година мислам и не можев да имам....уствари,лажам,последниве две години ми се тотален хаос