По златните медали и успесите на син ми и ќерка ми! Браво деца! Тато се гордее со Вас, и секогаш ќе виде вашиот грб!
По него. По љубовта и чувството дека сум љубена, најсилни и најтопли што ги имам почувствувано досега...
Кога помислив да ја означам како тапа година 2018та што се троши за 2недели ми светна дека и не беше така лоша. Ќе ја паметам како година во која бев принудена кога се соочував со проблеми и нивното решавање да гледам од повеќе агли, да размислувам како тој/таа/тие од другата страна доживува или доживуваат што преземам. Ме научи да покажувам емпатија и да барам разбирање. Ме научи да излезам од оклопот и да побарам помош. Ме научи да бидам силна и во тешките времиња и никогаш да не потклекнам да се борам и опстојувам. Ме научи да верувам повеќе во себе си и другите.
По двете операции. Тешка и напорна година за мене. Очекувам нареднава подобра да биде, од оваа, сума шамари излапав, доста ми се.
Крајот на 2018та ме изненади максимално, пу пу само да не урочам. Со Господ напред во 2019та ќе им посакаме Добредојде на овие срцулиња што преткаат во моето стомаче. Им благодарам на Бога и мајка Богородица!
2018та Убава година Ќе ја памтам по една убава не толку тешка но не и лесна бременост, и доаѓањето на свет на мојата втора радост А и по многуте килограми што ги начукав,кој сигурно ќе ми требаат уште цели 2018 години да ги изгубам
Годината што ја почнав со скршена рака. Годината кога бев во Париз. Годината кога решив да направам нешто само за себе. И годината со милион проекти, многу стрес и една неуспешна врска, ама супер пријателство
Доста подобра година од минатите но и доста монотона на љубовен план. Неколку патувања,нови пријателства, работа и учење на доста нови работи се причина поради што ќе ја заокружам како позитивна. Можеби и целосниот прекин на контактот со една личност од минатото би требало да го сметам за позитивно... 2019 спремни сме
По тоа што победивме во една голема битка Следнава да победиме уште во една исто така голема ,на мојата среќа ќе и нема крај А знам дека можеме !
По новата работа и што запознав еден прекрасен шеф -човек, што толку има постигнато од титули , а толку е скромен и приземен.Знае и кафе да ни свари, и чоколадо да ни купи и на крај фала да ни каже. Исто и добив преубава вест која ја чекам 20 години , со остварување во 2019 Друго се беше болести и неизвесност.
се соочив со трчање по болници,аама сфатив дека сум можела и сама тоа колку и да е тешко. Другата важна работа-сум откачила една многу токсична личност,која ја толерирав заради некои традиционални уверувања кои моите родители ми ги наметнале(роднини не се бираат,него пријатели).Епа јас и роднини бирам. Ќе си ја памтам и по убавите моменти,и со остварени проекти,и по покушаите да сум супер домакинка а завршуваа со неуспешни колачи