1. Ми се роди Внук 2. Работев во Странство 3. Ужасна ми е годинава 4. Многу болка 5. Многу плачки 6. На 90% од сите полиња ужас,беда,очај.
Најтурбулентна во последниве 5 год. Со екстремни промени добри и лоши. Со нови личности што живот значат. Со бришење на одредени лоши личности..
По најголем број на смртни случаи и по раскинувањето на врската, не знам што позитивно се случи во оваа одвратна 2019, ми се повраќа нека заврши што поскоро.
Почна мирно, продолжи бурно за на крајов да заврши среќно. Една од потешките години ми беше оваа. Неизвесност за здравјето, среќа на крајот резултатите испаднаа добри. Лоша работа од која бев во шок, ама покасно испадна дека таа ни помогна да ни се исполни најголемата желба. Тргнав од животов неколку токсични личности. Најдоброто нешто во животов ми е тоа, штета порано не сум се освестила. Некои ''луѓе'' оваа година ме научија дека не треба многу да им верувам и да им се доверувам. Од срце сум им благодарна што ми ги отворија очите. Оваа година сум им била ''многу битна'' на некои луѓенца. Од уста не ме ваделе, па и муабетите ми ги испревртеле. И во 2020та само за мене да зборите, чисто да не ви е досаден животецот како и до сега 2020та, со раширени раце те чекам. Знам дека ќе бидеш убава
Успеси на факултет Среќа Грешки Болка Проблеми И завршува со неизвесност, незнаење, исчекување, желби, надеж.
По раѓањето на внука ми. По прекрасните 2 одмори со моите и со неговите родители. По болестите во фамилија, кои ме скршија.
Најбитна година досега во моето постоење. Година во која што си го трасирав патот за иднината. Многу одлуки, многу избори. Се на се, ќе ја паметам по многу успеси и победи на професионално поле.
Стандард последниве 3 години мирен ист тек на животот, да не речам исто па исто, па така и оваа година, фала богу немаше некои големи проблеми или несреќи, освен што ни заминаа двајца добри колеги од лошото, сестра на мојата најдобра другарка исто, друго немаше, а па од друга страна ни добро некое големо, уште една година на работа, дома со дечкото и кученцето, кога кавги, кога убави моменти, после работа стандард на кафе и така цела година. За следната се надевам и ќе се потрудам да имам повеќе време за баба ми и дедо ми, мн ретко одам и се јавувам, а ги сакам бескрајно и жал ми е поради тоа што не се гледаме. Обврски, работа, умор и никако да најдам време да си поседам со нив. И сите да ми бидат здрави и живи на број!
Тоа што се омажив и почнав да живеам во заедница. Да сфаќам дека животот што сум го живеела кај мама никаде го нема. Да осознавам какви луѓе постојат и дека не излегува секогаш правдината на виделина, треба понекогаш да голтнеш и да стиснеш заби. Тотален пресврт на мојот карактер. Тренинг на живци. И најмногу, по бременоста што треба да заврши месецов и да се круниса годинава како што треба, со мојата најголема среќа. Во животот!
Многу тешка и турбулентна година на секое поле,посебно на работа.По многуте смртни случаи ,од кои комшијата ми почина во раце дур му давав прва помош,што ми беше премногу стресно и страшно. Но крајов на годината ми го одбележаа успесите на моите деца ,што ми ја разубави сивата 2019.