Годинава.. ќе ја памтам по многу работи. Го добив најдрагоценото, најмилото нешто на светот што некој може да го добие. Добив детенце. Поминав низ страшни голготи и што уште не, ама ништо не е вредно во споредба со неа. Таа е најбитното и најсветлото нешто. Ах, да.. успат си купивме и стан, живот во заедница едноставно не е за мене, ни било.. ни ќе биде.
Ќе ја памтам по тоа што ми е како две години да доживеав. Едната половина една година, другата друга. Ќе ја памтам по напуштањето на старото друштво со кое бев 12 години. Ќе ја памтам по неуспешниот обид за работа во Германија и се' таму што доживеав. Ќе ја памтам по летото, кога склопив ново пријателство, но и тоа е со ретко гледање пријателство. Ќе ја памтам по разговорите со пријателот додека беше тука летото, како секој ден се' повеќе се запознававме меѓусебно, откривајќи колку сме слични. Тој стана еден од неколкуте луѓе пред кои не се стегам да бидам своја. Ќе ја памтам по другарчињата од Introverts United, вие сте најдоброто нешто што ми се случило виртуелно. Ќе ја памтам по целта што не успеав да ја остварам а лани ова време си ветив. Премногу стрес доживеав што ме спречи во тоа и тотално ме демотивира, но во новата година одиме со нови сили (барем така се мотивираме). И уште една убава година помината на форумов.
Неуспешен обид емотивно да се поврзам со некој. Имаше потенцијал да прерасне во врска, ама успеа да ме разочара. Две работи сменив. Станав тетка. Спојлер Probably бичу тетку која никада удавала се није Пак имам впечаток дека е една небитна година и како ништо да не се случуваше.
По раѓањето на син ми. Нешто што се доживува а не се опишува. По доењето. Успешна приказна која трае. За мене нема помагичен момент од тоа.
Барав за која година сум пишувала и само за 2016та сум пишала и кнедла ми застана у грло од тоа што прочитав 2017та по бебе, бебе и само бебе, по мојата душа 2018та по вујче мој и по него.. Тага, тажна година, куп убави ствари имаше, ама тагата надвладеа и ме сотре 2019та по првите чекори на бебе мое и што си ја омажив сестра ми и и бев старосватица
По незаборавното патување кое го имав летото во Романија. Воедно и најубавото. Се ми фали. Пријателите кои ги запознав. Да можела би го повторила пак.
Нешто најпосебно што ми се случило оваа година е запознавањето на @Д.Чобанова и нормално лудориите што ги правевме заедно. И плус запознавањето со уште две мили членки Шетањето беше како и секоја година, само што во оваа баш срушив рекорд со дури 7 држави. Другото се во нормала беше.
Научив нов јазик Најдов нова работа Бев во Истанбул Го запознав дечко ми Се зближив повеќе со некои пријателки Се вратив на форумов Научив повеќе да готвам
Годинава ќе ја памтам по многуто авантури, по шетањето низ Македонија, по големата ми љубов, по другарка ми која ми значи неизмерливо многу, по книгата што напишав и објавив, во борбата со ракот, по разводот... Мислам никогаш нема да ја заборавам годинава, една од најтешките, но исто така и најсреќните години во мојов живот
По роденденот и првите чекорчиња на син ми По нашиот прв заеднички одмор По болеста на свекрва ми која сеуште психички не докрајчува По финансискиот напредок По година исполнета со многу љубов со мм и со нашето злато, но и со многу тага. Е неможе секогаш се да е совршено нели?
Прва година и роденден на мојата самурајка. Стартувавме со невладината и заокруживме три убави проекти. Излезе Веселата зграда, беше нов пресврт за мене и моето творештво. Станав посвесна и поселективна во односите со луѓето. Сѐ уште го барам вистинското темпо додуша... Станав мајка во стартна позиција, за да сфатам колку всушност сето тоа е процес и треба малку смиреност, chill, не е сѐ борба во ринг. Научив да правам амерички палачинки од око. Бев на одличен бизнис самит во Полска и уживав во бидувањето сама три дена. Напишав безброј препораки и рецензии за нечии души да се остварат. Се здебелив најмногу што можев во животот свој и не отидов за Париз, за жал.
По секој почеток на месецот,и по трчањето за лекарства. По седењето до нејзиниот кревет и слушање на нејзиното дишење. По конечното ослободување од стариот мебел кој ме гушеше. По тоа што за прв пат во животот не дозволив да бидам повредена. Не заплакав воопшто од немоќ. Не дозволив минатото да ме допира. По грпката на мајка ми која е поголема секој ден. По нивните возрасни чекори по куќава. По тоа што од нигде никаде добив неколку подароци.
По започнувањето на сопсвен бизниз. Станав по ведра особа,по позитивна по решителна. По успехот во водењето на работата. Се изненадив самата себеси колку сум била јака и издржлива а и храбра.
Неуспешна во областите во кои секогаш сум бил успешен и успешна во работите во кои никогаш не сум бил успешен... Година на противречности... Опкружен со најмногу луѓе до сега а никогаш не сум бил поосамен...
- Положив за кола, иако со голем страв се осмелив на овој чекор сепак стравот помина уште на полигон, па официјално од 2019 сум возач. - Спремна дипломска, за која се мислам дали сега да ја бранам или Јан Да ја завршам убаво 2019 или да ја почнам убаво 2020 - Преубав одмор во Турција со мм и двете дечиња - Сестра ми си купи убава кола сама и многу сум горда и среќна за неа Убава година беше, со неколку лоши денови и периоди ама вака да се сетам на нешто ептен лошо нема. Сакам 2020 уште поубава да биде..