По вракањето на мојата другарка и по повторната дружба,по одморот како и многу шетања излавања журкииии мислам дека оваа ми беше најубава година...пу пу да не си ја урочам уште не е целосно заврашила
По наоѓање на другарки .. По губење на едната од нив По незаборавното патување во Турција преку играорна - запознавање на нивната култура и обичаи По училишните денови По една личност која ме докрајчи .. по 3ти пат По сфаќањето дека неколку годишното пријателство ... дефнитивно заврши По ветување кое си го дадов себеси Поминува и оваа година .. Но ќе ја паметам ... Некои работи е невозможно да се заборават
Ќе ја паметам по изминатите 365 дена Ќе ја паметам како година во која ми се исполни една желба која многу сакав да ми се оствари. По утрата за на школо,по деновите поминати таму,по заедничкото седење во групи(какви само муабети паѓаа и цртање по клупи ) делбата по паралелки и сите други школски глупости,ако почнам да набројувам,крајот го гледам онаму долу. Секоја измината година е дел од мојот живот и се запишува во страниците на истиот, со секоја измината година ми се случуваат работи од кои некои засекогаш ќе ги паметам, некои веќе сум ги заборавила,некои сакам да ги заборавам,тие што нема да ги заборавам заземаат посебно место во моето срце и ако во срцево имам кофчеже , ќе го заклучам со клуч и во него ќе ги зачувам тие работи , за да останат таму до крајот на мојот живот. По одморот и по прекрасниот дечко такозван “ѓупак“(татко ми е кумот ) афф само колку убаво си поминав. Некои ,многу мали ситници ми остануваат во сеќавање, како на пример неговата изгледа лажна насмевка ќе ја паметам од оваа година, погледите се друга приказна, хм поубаво што остана само на тоа, повеќе ќе ми беше мака. Дефинитивно ќе ја паметам по успесите на приватен план. И уште по многу други работи кои ги паматам ,ама во моментов не ми текнуваат. Секоја година си носи со себе своја приказна, свој дел од листот кој се закачува во таканаречениот роман (нашиот живот),си носи различни доживувања,успеси,падови (се надевам овие треба да бидат минимални),и секој нов ден е посебна приказна,не секоја година. Како што има 4 годишни времиња,12 месеци и 365 дена во една година(да ве потсетам ,ако случајно не сте знаеле ), постојат и луѓе кои го живеат животот како што знаат и умеат, секој на свој начин и се полни со емоции кои вредат повеќе од сите елки, огномети, петарди и новогодишни транталци. Накитената елка не може да ја смени состојбата на живот, не може да ја смени и искорени гладта, економската состојба или да ти го подобри здравјето, единстевно може да ти ја украси просторијата, да ти зафати еден дел од просторот и да ти светка секогаш кога ќе ја погледнеш Се надевам дека наредната година ќе ми биде уште поубава ,поисполнета и ќе ми ја испрати љубовта т.е ќе ме погоди аморовата стрела и мене и ќе се заљубам(тешко ми оди тоа ) Сакајте се, давајте и делете насекаде љубов, зрачете со топлина ,насмевка, не само во наредната година, туку и во сите наредни. Желбите, плановите од година во година ми се зголемуваат, од мене ,од мојата упорност зависи дали ќе си ги исполнувам целите и ќе си ги надополнувам плановите за еден ден да ги остварам.
Веројатно по катастрофалниот пресврт на мојата врска, по тоа што се разочарав длабоко, и не можам да го искоренам тоа Ама не дека немало убави мигови, како на пример свадбата на другарка ми, или мажењето на другава другарка, па раѓањето на кумашинчето(тоа најпресно) ...уште многу ќе запомнам
По тоа што сфатив дека личноста покрај мене е всушност љубовта на мојот живот и ја направив најмудрата одлука во животот - решив да останам со него.
Значи како можев да заборавам дека годинава што ја измина ќе ја паметам по последните средношколски денови кога бегавме од часови за да пратиме настава преку прозорец (важното беше да се биде НАДВОР од училницата), по небројните партии хант на последна клупа, по песните кои се слушаа исклучиво за време на претходно споменатава активност http://www.youtube.com/watch?v=bLYq_aOVDmM http://www.youtube.com/watch?v=pIC8MUZPtEU http://www.youtube.com/watch?v=BZxSeqxSIdQ По ослободувањата од часови за да „одиме Прилеп/Битола/Скопје по фустани и штикли за матура“, по играњето одбојка користење на нозе и недефинирани потези, по вртењето хулахоп на физичко, по бројноста од тројца до четворица на претходноспоменатиов час....
Не можеше да биде полоша,толку многу лоши работи,што сеуште неможам да си поверувам дека мене ми се случиле
По многу работи ќе ја паметам годинава,се разбира по позитивни Ќе ја паметам по излегувањата,забавите ,коктелите,по неколку концерти,по дружењето со пријателите.. По запознавањата на многу нови личности, Убавиот одмор, Две прекрасни свадби на моите братучеди, Најпрекрасниот подарок-едно мило маченце кое стана дел од мојот живот Убавите моменти поминати со една личност.. По добивањето на една супер и интересна награда , И како последно,но најубаво-по раѓањето на мојата мала братучетка Мила која има само неколку месеци и кое е прекрасно и преслатко бебенце.
После одвратната 2009 и впрочем и многу други претходни години каде се одеше по надолна линија, и едвај чекав да ги испратам и дигнам на клоци, 2010 ќе ја паметам по тоа што беше конечно сталожена и убава. Годинава ја одбележаа моите 30ти, ги дочекав небаре се 7мица на лото Година на многу дружење, многу патување, запознавање многу нови и интересни личности...и година на ФЕМИНА! Сума сумарум, убава ми е годинава и бидејќи сеуште трае се надевам така ќе биде до самиот крај. Не беше пресвртница во мојот живот, но го отвори патот кон подобро утре...барем се надевам.
Мммм најубава година до сега у мојо живот...Оваа година ми беше полуматурската на која си поминав феноменално, потоа следуваше летото кое што ми е било најубаво лето до сега и најубаво си поминав запознав многу нови пријатели другари и си се изнашетав а и ја пронајдов љубовта на мојот живот ...потоа следуваше првите средношколски денови и пак запознавање нови пријатели кои ке сии ги сакам секогаш и на крај по тоа што се преселивме со мојте во Лондон и сега ми е многу тешко али мислам дека ке се подобри во 2011 кога ке запознаам нови пријатели и овде...
мммм... оваа година ќе ја запаметам по многу работи. Да почнам од тоа што во повеќе теми го кажав дека конечно оваа година си го најдов мојот принц на бел коњ. Оваа година ми се насмевна среќата и јас да бидам задоволна од љубовта. Потоа ќе ја паметам годината по тоа што за првпат со друштво отидов на одмор во Охрид и да знаете си поминав топ. И роденденот оваа година си го прославив најубаво до сега. Исто така ќе ја помнам и најголемата караница што сум ја имала со дечкото, но сепак помина. И уште нешто што ќе го паметам оваа година е моето зачленување на фемина. Воопшто не се каам што се зачленив. Навистина ми требаше едно вакво место, каде што можам да си кажам што си имам без никој да не ме знае. Фемина ја замислувам како едно гратче каде што секој ден се населуваат (зачленуваат) нови личности. Гратче кое ни за најголемата метропола не би го заменила. Иако лично не познавам ниту една форумџика можам да ви кажам дека сите ве сакам подеднакво и најрасположена сум кога сум овде читајќи ѓи вашите коментари. Има и други работи но сега овие поглавните ми се врткат во глава
Годинава ке ја памтам по моето дипломирање Одлично беше ,се на време се среди ,но 10 дена после моето дипломирање правев тешка сообракајна несрека при што заборавив на сите добри работи што ми се случија . Како и да е најбитно е дека помина добро ,се трпеше но се издржи ,така да очекувам многу подобра година и се надевам дека после дожд следи сонце