1. Очекувања и планирање на иднината 2. Невработеност и година на изгубен стаж 3. Раскрстување пат со многу добра другарка 4. Повторно качување килограми 5. Патувањата низ државава 6. Неуспешни интервјуа и обиди за работа 7. Одбивање љубовна понуда 8. Желба за предаство, бидејки ми е доста. Уморена сум за илјади години.
Горе доле сите имаме слични случувања во 2019год,така е тоа кога сме во Севернава родени,сите имаме негативни и позитивни случувања,како и да е нека се гони оваа 2019 и нека дојде 2020год со нови случувања и надежи за подобро во секој аспект во животот.
2019-та? Not bad. Цаката е што ништо не е доволно добро за мене, при 99/100 позитивни работи, јас наместо да уживам, ќе се фокусирам на таа една негативна. Татко ми знаеше да ми каже, ти да станеш претседател на државава, во истиот момент ќе почне да те мачи зошто не си претседател на Америка и точно е, стварно за тоа ќе почнам да си плачам (не дека досега немам). Во тој стил некако би ја опишала и минатата година.
По короништево грдо одвратно сите планови отидоа у неповрат. Се остварија некои планови али повеќето не.
По ништо Корона и само корона Нај не убава година, да можам би ја избришала од сеќавањето кога ќе заврши.
Ако не се оправи, богами ич не би ја памтела... Има надеж за позитивни промени, па да се надевам жива и здрава ќе пишам исход во декември 2020.
По што може да се памти. Корониште . Бљак година. Не знам дали има назад од ова. Како во лош филм се осеќам.
Пробвам да се сетам на една позитивна работа али од ко почна годинава на персонален план се надолу ми оди, башка светот е на пауза и то ми комплицира нахнадно работите. Поточно, многу од компликациите ми се ради короната. Како и да е, работи кои мислам дека ќе ги памтам кога ќе се спомни 2020 е дека раскинав скоро 5 годишна врска, фати корона и ми затреси реалноста уште поќе и почнав ново хоби кое премногу ме прај среќна. Ок, не секогаш, понекогаш. Ама има големо влијание на мене и мислам ќе памтам дека сум почнала годинава. И то е то. Има и други работи кои не ги зборам тука ама не мислам дека ќе им направам pin point на годинава ама ќе ги памтам сепак. И пошто таман пола година помина, се надевам другата половина ќе е подобра ( и са јас во иднината за 6 месеци го чита ова и се смеј на то колку сум била наивна).
Напредок на професионален план, силни љубовни чувства, прекин на контактот со ,,токсични'' личности, расчистување на мислите. Може да биде и подобро, но избирам да ја гледам светлата страна. Секогаш ја има, треба само убаво да погледнеме.
По корона вирус, седењето дома, паѓањето и повредата на нога, 6 недели во гипс, неубавиот одмор, тргнувањето на синко во градинка, не одењето Македонија... И сигурно ќе има уште ... Не е завршена годинава.