По тоа што купив попуст за Wizz Air и никаде не го искористив. ПУ! Барем за тие пари ќе купев маски и дезинтали.
По тоа што ми е најтешка досега, на сите полиња. А на мене секојдневието обично ми е "complicated on so many levels", значи навистина ми дојде повеќе.
Ретко убава година, некако од 2010та оваа ми е така помаркантна, следно слични убавини да дочекам за едно 10 години изгледа во 2030та Дочекан роденден во мојот најомилен град, е потоа фати корона кризиштево, па ми беше прилично ограничено движењето, ама сфатив што ми фали домче, едно одамна посакувано мало, мило кутре и бидна и тоа. Потоа одмор во блиско соседство и сега на почеток на есен, тотоално непланирано одморче и првиот авионски лет за оваа година, ризично, ама авантуристично. Од октомври нов проект кој малку бавно започнува, ама ќе биде и во план нешто најважно во мојот живот. Така да до крај на декември се надевам на убави и позитивни промени Е и како заборавив најубавиот подарок-изненадување, мојата прва Пандора белегзија со привезоци подарок од маже добиена оваа 2020та.
По коронава и лошите моменти, сакам делит и се надеваме ни доаѓа подобра година исполнета со прекрасни моменти...
Ке ја паметам по: Солзите кои ги пролевав секоја вечер Стравот во душата Болка По можност нека заврши побрзо
Сите можни планови што ми пропаднаасите празници што поминаа празно, осамено и тажно, секој страв и паника што ги претрпев...
- Убава фамилијарна помината вечер за бадникаров оган и секако роденден на чичко ми - Славење роденден на цимерката ( траеше цела недела ) - Одделување со цимерката во различни станови - Живеење со дечко ми под кирија во Март - Корона, пандемија, безброј авантури со дечкото во карантин - Раѓањето на внук ми од прва братучетка - Прв карантински Велигден со дечко ми - Зачнување на нов живот, планови за бебе - Соопштување на најблиските дека сум бремена, споделување огромна радост - Преубавиот одмор во Албанија трет месец трудна - Раѓање на втор внук од прва братучетка - Родендени на сите мои блиски - Дознав на вториот скрининг дека ќе си имам девојчица - Стрина ми положи за возачка - Купување на стан. Нашиот прв дом - Мојот 27 роденден, прв пат бремена во 27 недела - Секој ден одам на работа без слободен ден без разлика што сум трудна и мислам дека тоа највеќе придонесува со психата да сум екстра Сума сумарум, пресврт ми направи 2020 Турбулентен позитивен бум
Годинава ќе ја паметам по карантин, корона вирус, по неславење матура, една лоша случка, запознавање ново друштво.