По една голема и неочекувана промена на подобро, и по силните емоции што ги доживувам. Прекрасна година
Годинава ќе ја паметам по тоа што го запознав татко ми и фамилијата од негова страна за прв пат. После 20 години.
По многу убави работи. Не се сеќавам вака во една година еден куп убави работи да ми се случат. Запросување, свадба, останав бремена.
Годинава ми почна на најлош можен начин, а ќе ми заврши на уште полош. Сакам само да помине се и се надевам во Новата Година ќе бидеме здрави и многу посреќни.
По две свадби на блиски братучеди. Внука ми започна да оди на училиште. Научив да сакам мачки, поточно една убавица ме научи на тоа, многу ме промени, а во исто време и ме уништи со загубата...
Годинава ќе ја паметам по тоа што повеќето од целите што ги зацртав ги завршив, покрај брзото темпо и патувањата. По тоа што започнав да си го дизајнирам мојот спрат, но тоа нема да заврши оваа година. Среќна сум што имав можност за тоа иако ми останува без мебел, тоа ќе продолжи наредната година. И среќна сум за моето друштво што им се исплати трудот кој го вложија оваа година. Сума сумарум беше година исполнета со повеќе добри работи.
Упорно се обидувам да ми текне на нешто посебно убаво што ми се случило оваа година ама никако да доловам таков момент можеби затоа што и ништо особено не ми се случи, најбитно е што моето семејство е здраво и живо па и нека не се случува ништо посебно
И мене ништо посебно не ми се случи годинава по што би ја памтела искрено. Положив тежок условен испит во 2021 што ме измачи во 2020та, можеби по тоа ќе ја памтам само, а и тоа ми беше најголема новогодишна желба реално... А, уствари и по прележување корона ќе ја памтам годинава...
1. Короната од која сите дома останавме живи и здрави 2, Што го направив првиот и најтежок чекор за подобра иднина за мене и детето 3, Што го кажав името на насилникот и симнав планина тежина од себе 4, Почнувањето на терапија со ад 5. Се вратив на форумов после неколку години 6. Запознав многу добри луѓе 7, Последното е намерно празно оставено зошто се надевам на уште некоја добра работа до крајот на годинава.
Vaa godina ke ja pamnam samo po ubavi nesta. Nogu ubava godina. Ne znam zaso ama taka zdrzuziv se so mnogu luge i prekrasno mi e u zivoto. Isto ke ja pamnam po mojta bff medicina hahahaha mace me sekoj den ziva ostanala
Ќе ја памтам годинава по тоа шо тоа што научив да се сакам самата себе си. Сфатив дека сум еден голем борец. За прв пат во животот се охрабрив дека можам се шо ќе посакам сама да направам!
По раѓањето на мое прво внуче, по сите убави моменти со дечко ми, по досега најубавиот летен одмор, по тоа што научив да скијам, по купување на мојата прва кола и уште многу убави моменти .....