Дипломирањето, вработувањето, првиот мој објавен феминистички есеј Многу внатрешни превирања, но и (донекаде успешен) емоционален труд да си го прифатам личното темпо и да престанам да ги омаловажувам своите животни чекори
Неговата смрт... Првиот секс... Ученик на генерација, второ место на државно ниво по натпревар геог.... Итн итн итн....
Па не дека нешто посебно ми се деси годинава... би ја памтел по тоа што остварив висок успех на факултет,запознав нови луѓе и ги заработив првите пари во животов. За следната имам само една желба, да бидеме сите здрави и коронава да ја стане ендемска.
Многу смрт. Едно огромно разочарување. И издигнување како никогаш до сега што ме направи посебно среќна.
Dva nesrekni slucaevi, edno osloboduvanje od senkite na minatoto - i naogjanje na ljubovta kon sebe. Sega seta ljubov sto ja imam vo mene ja nasociv kon sebe, ne kon propadnati vrski. Pomiruvanje so osamenosta. Ljubovta kon sin mi sto sekoj den se zgolemuva i gordosta sto stanuva covek so koj se raduvam.
По лошо... Иако во неа влегов со надеж дека нема да биде како 2020 кога го загубив татко ми... напротив моите очекувања, оваа 2021 година беше уште полоша. И после две вакви една по друга лоши години страв ми е каква ќе биде наредната... Само здрави и живи да сме, сите на број... се друго е помалку вредно!
По плачење! Толку немам плачено ни бебе кога сум била. Се надевам нареднава да ми започне и да ја паметам по среќа и смеење!
Дипломирав. Посетив 5 држави. Запознав еден куп нови луѓе, со најголем дел сум во контакт. Ги подобрив односите со други. Нови тетоважи. Беше emotional roller coaster, но далеку подобра од 2020. Живи и здрави сме сите, а тоа е важно.
По разболување од пандемијата и одбивањето терапија до сам крај. Стравот, неизвесноста, непредвидливоста, но и победата од тврдоглавоста. По истрајноста, борбеноста и конструктивната агресивност да го имам она што го чекав цели две ипол години, иако сега ми е сеедно дали ќе го добијам. По запознавање значајна личност во која се вљубив, а не очекував тоа никогаш да се случи на ваков начин. По менување на некои фиксирани морални вредности. По откривањето на мојата најголема страст во животот. Има уште, ама да не замарам со монолози. Доста е толку. Во наредна 2022 се гледаме на повеќе дружби во парк. Здравје со повеќе финансии и добро здравје. Среќна Нова!
Годинава мислам дека ја направив најголемата грешка во мојот живот. 2022 ќе ја паметам по тоа и по лузнава што ќе ми остане да ме потсеќа кога прв пат под нож завршив и дека поужасна физичка болка не сум осетила.
Само по убави работи Преубави моменти со моите пилиња, неколку заеднички одмори и еден незаборавен сами со мм. Голем напредок во работата. Сите здрави среќни. Во главно, ништо повеќе не посакувам во наредната, само вака да продолжи
По година во која се случија најмногу промени досега. Завршување академија, преселување, вработување/прва работа која ја сакам, нови луѓе (еден од нив веќе го нема), раскинување неколку годишна врска, изучување руски, многупати излегување од комфорна зона, случување на работи кои претходно само на сон можев да ги замислам, crush on my best friend , некои здраствени проблеми... буквално emotional rollercoaster. Се надевам само сето ова 2023 ќе го однеси во позитивна насока... И дека ќе имам можност да го остварам мојот најголем сон моментално.
Годинава ми беше најубавата година последниве 7-8 год уназад. Ми се појави сосема неочекувано личност, поради која животот ми се промени за 180 степени кон подобро, ми стана најдобар другар, пријател, љубов. Година исполнета со многу убави моменти, насмевки, позитивна енергија и многу, многу љубов. Годинава ќе ја памтам и по првиот летен одмор со дечко . Прво вработување и колку е убаво чувството кога си заработуваш и трошиш пари заработени со сопствен труд. Годинава ќе ја памтам и по тоа колку блиски луѓе што ти се дел од фамилијата и си ги сметал како такви кога најмалку очекуваш ти забодуваат нож во грб и колку само со години ја збирале во душата таа омраза што кога, тогаш испливува на површина. Луѓе што те тапшаат по рамо кога во животот се ти оди во надолна линија но кога ќе ти тргне на добро, не можат да го скријат својот бес и љубомора. Но како и да е, годинава ќе ја памтам само по убави нешта.
Годинава ќе ја паметам по раѓањето на моето второ детенце и убавите и прекрасни моменти со нив двајца
Многу монотона година така што нема ништо по што ќе ја паметам нека замине што поскоро.Следната 2023 нека биде година за паметење.