Нешто посебно немам освен високите достигнувања во моето образование, сепак ми беше досега најубава година. Скоро секој месец ми беше исполнет и секогаш се чувствував среќно. Посакувам и 2023 да ми е таква, а исто на сите околу мене.
По раѓањето на мојата Ирина Не можеше животот да ми подари поубаво нешто од нејзе. За мене е совршена
Два дена размислувам и на ништо не се сетив. Е толку беше досадна. И многу брзо ми помина. Not great, not terrible.
Годинава ќе ја памтам по то шо конечно, после цели 8 месеци планирања, по некоја нервоза и многу трчање по документи, си ја купивме куќата шо ја сакавме и успеавме баш при крајов да имаме лично наш дом. Дај Боже допрва да ни следат уште поубави моменти во ова наше катче, кое едвај чекам полека да си го уредам по мое.
Убавите моменти поминати со личност што мноооогу си ја сакав пред да дознаам некои работи, како и раскинувањето од негова страна. Тоа беше цела година Се надевам следнава нема да наебам толку, ќе се потрудам да ми е поубава сама.
Преубавиот одмор со љубовчето, по 10 годишницата од нашиот прв дејт . По смрта на баба ми. По грди зборови кажани од себична личност на која и помогнав многу . Но ете ќе ја памтам и по тој нож закачен во мој грб кој уште повеќе ме исправи. По работата од соништата проследена со многу нервози и уште повеќе среќни моменти , преубави моменти поминати со пријателки кои ми траат со децении
Годинава ќе ја памтам по тоа што ми се родија близначиња и колку бев цела потресена и имав страв од тоа како ќе се снајдам со три деца. Ама еве преживувам и топ сум И фала богу што го имам најголемото богатство во мојот живот. Cheers
Годинава ќе ја паметам по моето ослободување и мојата цел како едно од подобрите нешта, се друго е ужас, особено откривањето на вистинските лица на гадови... Нека замине побргу!
*Ми се роди мојата втора среќа * Си отидов во родната ми земја после скоро две години. * Положив за возачка и ми падна ооогромен камен од срце * На мои 30 и кусур години седнав пак во школските клупи со надеж дека ќе успеам во кариерата еден ден овде, кога во мојата Македонија не можев *Дедо ми почина
И добро и лошо. Ама , мислам повеќе добро, така да можам да кажам дека годинава ми беше во категорија " година за паметење " .
Мене ми текна едно нешто по што ќе ја паметам и тоа е концертот на Тиесто. Една од поубавите вечери општо во животов, ама останатата цела година... мех.
Ќе ја паметам по сите моменти кога се докажа дека можам да чекорам храбро и самоуверено низ животот, по тоа што сфатив дека е во ред да имаш лош ден или недела,месец и се што е потребно во тоа време е трпеливост. Научив како да излегувам од комфорна зона и да не се чуствувам непријатно бидејќи сите се луѓе и сите сме еднакви, научив дека барањето помош од некого кога ти е потребна е најдобра ствар на светот… Научив дека најдобро е да си тоа што си, да се однесуваш природно и убаво во своја кожа и луѓето околу тебе ќе те сакаат повеќе Ќе ја паметам по патувања и незаборавни моменти со прекрасни луѓе, по прекрасните моменти поминати со фамилијата, одличните вести од членови во фамилијата, прослави, настани кои секогаш ќе ги паметам По многу моменти за кои сонував сите овие години и оваа година ги исполнав, по сите моменти за кои мислев дека сонувам, а беше јаве 2023 спремна сум за уште мноогу прекрасни моменти *секако имаше и моменти кои не се толку прекрасни ама не ги ни паметам бидејќи оваа година ми беше навистина убава
Годинава се осеќам како два животи да сум истерала. Од најголема и најдлабока среќа, до најголема и најдлабока тага. Rollercoaster. Вака ко ќе рефлектирам, радо би да имам нешто подосадна година со неколку исполнливи цели и без загуби. А годинава од нови убај пријателства, работа, терапија, до болест и смрт. Pick your drug муабетот.
Па по потсетикот на животов дека брзо поминува и важноста среќата да извира од сам себе ( да не очекуваш друг среќен да те направи), некако годинава конечно си се осеќам своја , гледам резултат на години работа на сама себе. У суштина една од највпечатливи години ми е оваа, многу луѓе видов на дело, многу работи ми се случија и магично уште сум тука стендинг. И она дека без здравје ништо не е битно. Е тој дел ми фали работа, редно е да не го земам фор грент.