Godinava ke ja pametam po mnogu nesta se razbira poveke ubavi -fevruari si dobiv vnuce stanav tetka za prv pat. - si pravevme 10 godisnina od brak - konecno posle 10 godini si dobivme nas pristor si kupivme stan i konecno imame nashe malo gnezdo - vlozivme mnogu trud ljubov srekni momenti za site okolu nas -naucivme deka ako se saka so ljubov, pocit i razbiranke ke postidneme se ( celo e koga se ima se) -naucivme da gi odelime loshite misli
Мн ситни спомени кои живот значат.Два одмори,неколку мали фам патувања,проширување на фам бизнис,првите чекорчиња на беба,првиот продаден цртеж на керка ми и уште мн убавини. Годинава лично не постигнав ништо од зацртаните цели ама научив мн за себе си.Го скршив мразот во две за мене мн тешки ситуации,како никогаш досега почнав да ги сакам ситниците околу мене,да го ценам секој момент со моите најсакани.Научив да контролирам емоции,да не верувам секому,да се фокусирам само на битните нешта,да не си создавам стрес околу тоа што не можам да променам. Овој пат нема да пишувам желби
2022 дефинитивно ќе ми остане запамтена како една од највпечатливите години до сега. Конечно побарав помош од психолог и почнав посериозно да се грижам за моето ментално здравје. Наполнав една година откако сум вработена по струка. Го добив моето прво покачување . Положив за возачка. Имав долг, предобар летен одмор со луѓе кои ми значат. Сестра ми се запиша на факултет кој од секогаш сакала да го учи. За жал смрт на две блиски личности, што уште толку ми посочија која е навистина суштината на животот. И остварување на мојата најголема животна желба: да си купам сама стан на 23 години
По тоа што остварив една од најголемите желби во изминатите години. Малку задоцнето се реализира, требаше уште пред некоја година, ама битно се случи конечно.
По раѓањето на бебка. По тоа што ми покажа колку цврста и истрајна можам да бидам. Не постигнав којзнае какви успеси ама барем знам дека можам и сама да успеам во многу работи, за мене и за неа.
2023та ми беше roller-coaster: -Напуштив токсична врска во која бев жртва на семејно насилство, иако за малку ќе настрадав и целиот процес заврши со тужба и забрана за доближување -Прекинав уште еден токсичен однос со поранешна другарка -Сообраќајка на член од семејството, што за среќа на крај личноста е добра, иако летниот период беше многу тежок бидејќи грижата за неа ја презедов јас -Пола од друштвото беше во странство на некој период, за мене период во кој се навикнав да бидам сама со себе -Лични здравствени проблеми (од кои дел сѐ уште се тука) и психички пад. А имаше и многу убави и среќни моменти: -Ја запознав идеалната личност за мене (мојот сегашен партнер) баш во период кога не очекував а ми требаше -Одмор со друштвото кога се вратија од странство -Прво сериозно вработување -Многу концерти и забави -Нови познанства, од кои дел и пријателства -Заедничка тетоважа со најдобрата другарка -Грижа за здравјето: ги извадив преостанатите умници, станав вегетаријанец, внес на суплементи, и понатаму вежбам, посетување на психолог -Подготовка на дипломската. Целите за 2024та нема да ги кажам
Ништо. Ќе ми беше најубава и најсреќна година ама тргна наопаку и испадна катастрофа. Ова веројатно е годината во која најмногу пораснав и созреав.
Оваа година ќе ја паметам по тоа што бев 1)Лутраки на бањите (бумер јбг), преубо си поминавме со другар ми. 2) Бугарија, Софија бев за да ги слушам моите омилени Imagine dragons. Од посериозни и животни прашања, имотно правните проблеми што ги имав дома, издржав пред се психички, па финансиски и ги средив горе-долу како што посакував јас, најбитно имотно сум осигуран, а дополнителните приходи и се друго е плус. Паралелно работев и учев академија, издржав и тоа, добро ми одеше на академијата за Софтверско тестирање, и работата знаеше да биди напорна ама издржав. Нејзе би ја памтел по простотилукот од колеги што ги имав, и мојот бивши пријател (главен таму) си го покажа лицето. Ментално и физички сум фит, почнав повторно да одам теретана, одржувам здравјето пред се'. И нешто најбитно што ми се случи е што ја запознав најслатката, најфер, најдобра личност и што мислам дека сме апла компактибилни, а тоа е мојата девојка. Го памтам првиот ден кога појдовме Охрид, интересно ми беше, го прославивме мојот роденден во поголема бројка, сепак влегов во 30ката (29 имам ), сега ќе го прославиме и нејзиниот роденден, па Нова година.
Ех арно ме потсети (ко ќе си во брзање ќе заборајш нешто ) Освен одморот со друштвото ќe останат запаметени и еднодневните патувања до Скопје и Охрид како наши први патувања
Ништо посебно да се издвои, безброј мали моменти за паметење, а тука е и убавината. Живи, здрави и сите на број, благодарна сум за тоа.