Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Само по убаво.. :l:
     
    На H.VAGA, Herrera, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. An4e banance

    An4e banance Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    707
    Пол:
    Женски
    Подеми и падови,ништо посебно.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Машки
    Исто и како и претходната, секојдневие.
    Ќе ја паметам највеќе по тоа што, уште на почетокот од новата година ми се оствари сонот, си купив кола, омилениот бренд. И другава е иста марка, само што таа ние семејна, па мораше +1 бидејќи положи и сестра ми. Тие два дена во текот на купувањето ми беа најубави.
     
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    9.864
    Пол:
    Женски
    По тоа што на свет дојде моето најмило. ❤
    Моето најголемо достигнување, станав мајка.
    ...
    Но, исто така и по тоа што изгубив мил човек кој засекогаш ќе го носам во срцето...
     
    На mal.ecka, МикиМаусовка, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.066
    Пол:
    Женски
    По загубата на блиска личност.
    По преселбата во странство.
     
  6. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    2.209
    Пол:
    Женски
    По тоа што се сменив на подобро.По тоа што ги согледав и одстранив сите лицемерни луѓе од животот. Решена бев, по цена и да останам сама.
    И останав, имам само една другарка.
    Нареднава се надевам дека ке запознаам нови луѓе иако сум асоцијална, само оптимистички(fingers)
     
    На stargirll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.863
    Годинава ќе ја памтам по динамиката. Постојано се случуваше нешто. Најчесто се чувствував како да сум на лента. Нема застанување.
    Или како животот да ми е филмска лента. Го гледам од страна, како некој друг да го живее.

    Годинава ќе ја памтам по многу луѓе. Постојано со луѓе. Многу сакам да бидам со луѓе, ама имаше моменти кога беше премногу.

    Годинава ќе ја памтам по тоа што не најдов време за себе. Да се прашам што сакам. Да најдам време да правам нешто што ме исполнува. Да размислам, научам и продолжам напред. Никогаш не сум била болку несредена. Или така се доживувам.

    Годинава ќе ја памтам по нови пријателства. Почувствував припадност во нови кругови, со нови луѓе. Посебно чувство.

    Годинава ќе ја памтам по несигурнист и недоволно самодоверба, без да има потреба за тоа. Чудно е како долготраен притисок може да измести.

    Годинава ќе ја памтам по убави работи во семејството. Некако, сѐ си дојде на свое место. Имам впечаток дека сите се чувствуваат добро во сопствената кожа.

    Следната година сакам да ја памтам по тоа што ќе се ставам на прво место. Ќе си дадам простор и време. Ќе им посветам многу време на сите кои ги сакам. Ќе скратам време на непотребни работи.
     
    Последна измена: 29 декември 2023
    На mal.ecka, NarCis@, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    По тоа што конечно го запознав човекот на мојот живот:l:
     
    На МикиМаусовка му/ѝ се допаѓа ова.
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Втората половина беше многу подинамична,за разлика од првата.

    Ќе ја памтам по тоа што ме измести од комфорт зоната во која си чмаев.По многу работа,малку повеќе пари,недоволно сон и хроничен недостиг на време,и по огромно искуство.Нови познанства и проширување на границите и видиците,а може и по отворање на очите.

    Следната сакам да ми се исполни тоа што не зависи од мене,а долго време го чекам.
     
  10. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    2023та имаше секакви моменти, крајот најубав ќе ја паметам по него :)
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    2023 како да се обиде да нѝ надохнади за сѐ што 2022 нѝ зеде.

    Иако сѐ повеќе се тркаме со времето и тоа почесто победува, успеавме да одвоиме време за две семејни патувања, во кои се зближивме уште повеќе.

    Среќна сум што го надополнив и унапредив физичкиот изглед, колку и да е неважен, ми прави да се осеќам подобро во врска со себе.

    На професионален план удари и неправди, ама се навикнав веќе, ништо ново.

    Благодарна сум на новосоздадените пријателства, кои иако не се премногу блиски, се доволни.
    И тоа што иако никогаш не сме се виделе, со една посебна личност сеуште сме како сестри.

    Од помалце убавите работи, благодарение на кои созреав е и последниот ,,удар" на моето родено семејство, кое како и по обичај ме стави на последно место.

    И борбата со говорот на малото, која иако се стреми кон победа, е долга и тешка, и ја продолжуваме понатаму, со надеж догодина да пишам дека сме ја добиле.
     
    На st-el, mal.ecka и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Станав мајка
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    По тоа што Господ ми ја прати љубовта што ја барав.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    6.247
    Пол:
    Женски
    Po toa shto Gospod mi go dade najubaviot poklon (bebe).
     
    На sino.o.oka, Bitter-Sweet и H.VAGA им се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Машки
    Уште малце и влегуваме во новата уште појако и помоќно, масааа е мамаа :muscle:
    Screenshot_2024-11-20-20-45-53-322_com.instagram.android-edit.jpg
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.790
    Пол:
    Женски
    подеми и падови, многу убави моменти и загуба на многу драги личности. најубави моменти со двете мои пиленца најмили:l::l:многу работа од страна на кариера, многу доусовршувања,учења.. годинава ми летна за секунда, другата да биде уште поубава:inlove:
     
    На Mnik, Mumoftwo30, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.181
    Допаѓања:
    102.315
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам по еден храбар и смел чекор и одлука,одлука која во целост ќе ги промени нашите животи.
    Посеано е семе а следната година го очекуваме плодот и жетвата од тоа семе.
    Следната нека е поубава и поуспешна :l:
     
    На happygirl, mal.ecka, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    24.916
    По реновирањето на купатилото. :wasntme:

    И по успешното останување вистинска сама на себе, неоткажувањето од битните навики, константното учење на нови нешта, константното работење на себе и подобрување во секоја смисла. Не ме заболе колку звучам ко тикток гуру, секој збор е вистина и си давам право на себе си да бидам горда. Што ми е мотивација плус само да продолжам исто у новата. :sun:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.854
    Пол:
    Женски
    Годинава ми летна ненормално брзо. Ќе ја паметам по ново работно место, нов дечко, прв пат на Острог и средување на многу проблеми.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.325
    Пол:
    Женски
    Најмногу по совладувањето на два важни стравови што ги имав: заболекар и автошкола. :D Од кои во второто сфатив дека уживам и не беше само учење да возам кола, но истовремено сосема тргање на мисли од други работи што се случуваа претходно. Здравје во 2025 ќе влезам со возачка в рака. :*:
    Исто така по разочарувања и губење личности во почетокот на годината кои сакав да ми се засекогаш во животот и смрт на дедо.. :rain:
    По запознавање на некои пролазни личности со кои изгубивме контакт, but you can't have em all.
    По едно од најважните работи: ми се врати во животот блиска другарка која многу си ја сакам :inlove: и ме натера да се прашувам што сме правеле овие неколку години една без друга.

    Воглавно, како одеше годинава од почеток до крај јас прогресирав од лоши периоди, нервози, солзи до станување посреќна и позадоволна со себеси. И исто така пронаоѓање нова цел што сакам да ја постигнам во животот. :l:
    Но, тоа не е сѐ, до нова година сакам да се подновам со две важни нешта. ^_^

    Хајлајт месец на оваа година кој би сакала повторно да го доживеам: дефинитивно септември :inlove:
     
    На Евроазија, lovely91, mickey18 и 2 други им се допаѓа ова.