По стресните последни месеци од бременоста поминати во грч дали ќе бидеме добро и двајцата, тешкото породување и конечно по раѓањето на мојот јунак
2022: Damn веќе некое време во теорија не ми тера животот. Ама годинава сум ✨среќна✨ покрај сите стресој. Годинава ќе ја памтам по луѓето кои останаа, по активностите во кои се вклучив, по местата на кои бев и луѓето шо ги запознав таму (буквално НАЈчовекот го запознав годинава на едно од тие места, уште сум под импресии), по предизвиците кои сама ги одбрав за себе за кои претходно немав муда и по ракот шо само проба да ми е пречка. I ain't letting you lil shit win. Никогаш немаше шанса. Ама секое искуство ни дава уше еден слој на комплексност и дефинитивно светогледот ми се смена многу. Во новата 2025 планирам да задржам се, сем ова последното. Пошто ако со срањево сум среќна ради другите аспекти на животот, замисли ако се е ко шо треба. Па можи и така не чини, треба подосаден живот да водам за вака да не мора на "големо" да ме саботира.
И покрај големите падови ,стресни ситуации можи и така требало да биде ..И благодарам што биле затоа што го доживеав можеби и најубавиот дел од животот ова лето .. Дефинитивно по тоа ќе ја запаметам оваа година ,најубавите поминати моменти во Хрватска
Од 0 до 5 оцена -Финансии. 5,успешна година -Здравје ,4 мал вирус -Љубов,1 интрига и голема Лага од особа на која си посветил се ..
- По 100те промени кои ми се случија околу работата и ролер костерот на емоции во тие промени - Интензивната работа на себе. - Првите учества на трки Годинава знам само дека се роди нова личност што не постоеше во мене никогаш, а толку посакував да постои, на физичко и ментално ниво. 2025та нека продолжи вака.
2024… * Напредок во кариера, конечно го работам тоа за кое учев и вистински си ја сакам работата. Е сега штета што во Македонија немав ниеден ден работено по струка, ама тука ме пречекаа со раширени раце. Шведска, фала ти * Деца, здрави, прави, фала ти Господи * Три патувања коишто ни оставија преубави спомени * Го крстивме помалото * Здравјето уште не држи, иако стално си наоѓам некои дијагнози, па после исчезнуваат сами од себе. 2025..? Само здравје да ни даде Бог, се друго ќе се потрудиме сами
По лошо Сестра ми раскина со дечко и ,а беа веќе пред веридба што се вели поминавме тежок период...ама сега се смирија. Скоро дознавме дека баба ми добива рак на матката.....ај се надевам и ова ќе помине. А мислев убава година ќе биде дека паричката на бадник беше во господ ,а на василица во св.василиј ....не знам зошто такви лоши работи испаднаа. Добри работи што сестра ми се смири со нејзиниот...иако уште има некој проблем меѓу семејствата. Исто си најде поубава работа со многу поголема плата. Јас положив тешки испити и се надевам декември ке дипломирам.
2024 Фала ти за љубовта во мојот живот, која од ден на ден е се поголема. Љубовта со партнерот, љубовта со семејството и секако љубов во форма на едно мало слатко човече - нашиот син. И слатките нервози во пакет со сета таа љубов имам прочитано еден коментар на YouTube, прашање кое го добиваме од други луѓе : What do you do in your life? Одговорот е: I live for my loved ones. Ете така би ја сумирала годинава, а и секоја наредна. Живеам за моите најсакани. Тие се моја мотивација за се во животот. 2024 - година на предизвици, стравови, реализирани соништа и желби. Преселба. Имаме уште мнооогу, многу соништа и желби за остварување. Верувам ќе успееме, верувам во нас тројца, that's my power. 2024 - година на среќни настани, пресврти, по малку тага и солзи, караници по коишто следува гушкање и бакнежи. Но секогаш трпение и компромис на наша страна. Благодарна за здравјето - тоа е навистина најбитно и дел по дел остварување на она што сме замислиле. И да, I always feel like a teenager in love cause of you, my love For that I am so damn grateful!
Оваа година ја доживувам како раст, напредок и надминување себе си во позитивна смисла. Најпрво завршив Академија за Софтверско тестирање со што се стекнав со нови знаења, вештини, отсекогаш сум сакал да учам по нешто ново и секако можност за можеби подобра работа во иднина. Станот пополека си го реновирам, почнав од дограмата - ја променив и сум многу среќен. Потопол се чувствува одма домот. А најголемата работа што ја направив, што од мал никогаш не ни помислив дека би постигнал, барем не бев со план оваа година, ама ете некако успеав, е да си купам кола со сопствени пари, моја прва кола... чувството е преубаво! Ми отвора многу можности, пред се да одам кај брат ми да го посетувам и слично... Би рекол дека оваа година ми беше преуспешна во поглед на добивање на стабилна работа со редовна плата, станбено сум осигуран и за тоа веќе не се грижам, количе се снабдив, карактерно напредував доста и на професионално и приватно ниво. Исто така фитнесот ми е на многу високо ниво, дури би и рекол дека сум поспремен и ја имам посакуваната форма што можеби сум ја сакал секогаш. Во текот на оваа година на љубовно поле имав подеми и падови, запознав доста нови личности, стекнав пријателства... Океј, да скратам 2024 ја прогласувам за успешна година! Во 2025 влегуваме со нови сили и нови цели.
Ќе ја памтам по некои нови искуства, работи што никогаш претходно не сум ги направила и носење тешки одлуки. На крајот, годинава ја завршувам со прстен на рака. После долги години каде немаше ништо интересно, годинава беше добра, прилично исполнета.
Трета година по ред како животот ми оди во нагорна линија, на моменти мислам дека сонувам, или животот само ми враќа за сите лоши, сурови години што се нижеа. Годинава професионално, конечно вработување на струка, запознавање со нови колеги, предавања, патувања. Средување на нашиот нов дом со либе и крунисување на нашата љубов, прославување со најблиските и најсаканите. Патувања со либе, многу нови доживувања, пријатни моменти со роднини, пријатели. Како јаготка на шлагот имаме и едно предновогодишно изненадување што си расте од недела во недела и ме прави бескрајно среќна.
По тоа што останав бремена Долгоочекуваната желба ни се исполни, после толку години борба и чекање. Само да не чува Господ да биде се во ред до крај и да си го земеме в раце
Оваа година ќе ја паметам по најубавите моменти! Пред се - променив доста работи кај себе. Работев на себе и допрва уште ќе работам. Оваа година го добив моето бебе Ги завршив сите работи што порано ми беа оставени на пола Вклучувајќи го факултетот, возачката, дури запишав мастер се е тоа додека бев на трудничко Ова е многу успешна година за мене и ќе влезам со чисто чувство во 2025
Јас ќе ја паметам по крунисувањето на нашата деветгодишна врска со брак. И по успеси на професионален план. Генерално добра година. Се надевам дека 2025 ќе биде уште подобра. Посакувам само здравје и убави и среќни моменти со најблиските на сите .
Убава год. ми беше и испадна ми е 2024та. Ќе ја памтам по многу убави нешта, дури малце ми е криво полека што одминува. Да можеше би сакала вечно да трае.