Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годинава ке ја паметам по......

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од newring86, 3 декември 2010.

  1. CheekyChick

    CheekyChick Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    По незаборавната Будва хаха:rofl:
     
  2. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ја паметам...побрзо да ја заборавам...
    2025 та...ти давам шанса да се покажеш
     
    На sj *O*, Mumoftwo30, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.836
    По една здравствена состојба во семејството која ми го смени начинот на живот. Ништо сериозно, ама бараше посветеност.
    Минатата година ја памтев по тоа што беше премногу динамична дури и за мој вкус и посакав оваа да биде посмирена. Е па годинава беше типичен пример за изреката: внимавај што ќе посакаш, може да ти се оствари.

    Поради операција на член од семејството, шест месеци поминав во нега, од кои два и не живеевме дома, затоа што немавме соодветни услови. Секој ден ми беше будење- терапија - работа - лекар или физикална - готвење - јадење, помош околу нега - спиење. И воопшто не ми беше тешко затоа што знаев дека мора да е така, се фокуситав на решавање на проблемот и ништо друго не ми беше важно.

    Под такви околности, на работа имав доста добри остварувања, а сепак немам чувство дека ми било тешко. Мислам дека така беше поради фокусот на приватните работи. За да можам да си одам од работа на време, морав да бидам фокусирана работа, како машина. Волку продуктивна не знам дали сум била некогаш.

    Во целата таа гужва, немав време за површни пријателства.

    Накратко, 2024 беше година на фокус на семејството и обврските, и на продуктивност како никогаш порано. Ми се допаѓа како помина годината, со сите нејзини недостатоци и чудни околности.

    Следната година сакам да се фокусирам на себе, на здравјето и изгледот. Со мали чекори за големи промени.
     
    Последна измена: 21 декември 2024
    На mal.ecka, WhiteCat33, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Уште еден синко.
     
    На Bebce1, Mumoftwo30 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  5. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    2.446
    2024 имаше и убави моменти, но за жал и неубави.
    Пола година на породилно, бев дома со децата и искрено уживав колку и да се напорни некогаш, воопшто не ми фалеше работата.
    Прв пат бевме на одмор како 4 члено семејство. Бебушот се радуваше, поголемото уште повеќе, нас полна душата. Си прославивме и прв роденден и крштевка. :l:
    За жал загубив втора мајка, нежни раце, учител, уште еден топол дом каде што можев да појдам кога сакам ;(.
    Но, таков е животот, едно дава друго зема.
    За новата година ќе си посакам многу здравје за мене и најблиските. И да оствариме со сопругот некои цели кон кои стремиме. (fingers)
     
    На Mumoftwo30 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  6. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Машки
    Поприлично ви се урамнотежени коментарите за тоа на што сакате да се сеќавате, повеќе се насочени кон позитивното... Се прашувам секогаш дали е тоа научено гледање, луѓето се самоубедуваат, си се храбрат, „ако гледам позитивно ќе ми биде позитивно (и овој механизам навистина функционира, докажано од KБT), или мислат „не треба да си неблагодарен, затоа што можеби ќе си ја повикам „несреќата“ во иднина“ или „има и полошо“ (според логиката, ако има полошо значи сега и не ми е толку лошо), или не сакаат во јавност да излезе дека се жалат, или пак, навистина така мислат и така гледаат и чувствуваат... Како и да е, мило ми е за вас ако сте навистина навистина задоволни од годината, искрено, сочувствувам со тие што имале лоша година, лоши моменти, драми, биле разочарани од себеси и другите, веќе го немаат некој друг, било физички или емоционално во својот живот... Мене ми доаѓа да кажам, иако, дури се чувствувам и неблагодарно (имало и полоши години, не ми било полошо од другите луѓе во глобала или не многу повеќе) и би ја окарактеризирал оваа година како аnother bloody year... и би завршил со онаа позната реченица... You arе on Earth, and there's no cure for that. (да, баш со британски акцент и намерно, без превод поради автентичноста.)
     
    Последна измена: 22 декември 2024
    На sj *O*, Selena01, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. BlauAngel009

    BlauAngel009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Глупа и дебилна година,не вреди уопште и муабет да правам за неа
     
    На sj *O*, Снегулк@23, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. North IcelanD

    North IcelanD Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    166
    Најнеуспешна гододина до сега. Ништо што планирав не успеав да реализирам, total failure.

    Седам така со болката во мене, без никаков опиум и со еден куп негативни мисли.
     
    На BlauAngel009 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.482
    Пол:
    Женски
    Веќе месец дена се спремам да пишам овде, ама се одложувам и не немам идеја како да го склопам се тоа, а имам доста за кажување.

    Долго се мислев по што ќе ја паmetam оваа, фамозна година. И на крај се одлучив сите кикс моменти да ги запишам, а овде ќе оставам само дел од нив.

    Прво, и основно. Останав цела година сингл, што за мене тоа е вау, браво. Секако, голем дел од тој период помина во „учење“ и „лечење“ после токсична врска. Ама. АМА. Жива сум, здрава, со здрава психа, повторно.

    Еден од најинтересните моменти ми е, и ќе ми биде, тоа што ПРВА му пријдов на еден младич, прва го викнав на дејт и бев одбиена! Бум. Ова за мене се беше ново искуство. Некој да ми каже дека се ова ќе направам, па и вака дека ќе се заврши ќе го направев будала.

    Ама како и да е, не го сфатив многу, многу трагично овој момент. Дури сега ми е и доста смешен.

    А ова ќе заборавев да го кажам, од црни извори ја дознав причината зошто сум била одбиена, дека типот мислел дека сум пресамоуверена. Ха. Не е смешно!

    Океј, одиме на позитивните нешта, сите предмети ги положив и ниту еден не заостанав, и сум многу среќна за ова.

    Добив унапредување на работа, успешно завршив над 14 проекти и 7 настани.

    И да, супер успешно жонглирав со факс, работа, приватен живот, пријатели … Е се разбира, ова си носеше и свои неdостатоци, како што е на пример недоволно сон … Ама и ова го преживеав!

    Почнав повеќе да вложувам во врските со моите дома, особено со сестра ми. Некако претходните ситуации не оддалечија, па така можам да кажам годинава доста вложив и трудот се исплати. На крај (потесната) фамилија е таа што секогаш ќе остане со тебе, и во лошо и во добро.

    Успеав да научам многу нови работи, пример доста се посветив на проучувањето на Библијата, на православието … И научив подобро да менаџирам со финансиите.

    Мислам дека горе-долу опфатив се, ако нешто ми текне ќе си се дополнам.

    Се надевам дека следната година ќе биде добра бар колку оваа, на поле кариера и факс. А за љубовното поле оставам на Господ.

    Ова овде ќе го оставам, за да си го читам после година, две, пет и да си се смеам.


    [​IMG]
     
    На Thirlwall<3, mickey18, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. North IcelanD

    North IcelanD Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    166

    Ретко се дешава женско да го направи првиот чекор ама освежувачки ми е вака кога ќе прочитам. Ова е само еден мал поглед во машкиот свет на редовна основа :nod:

    Но те охрабрувам ако некогаш се најдеш во иста ситуација, да си ја земеш судбината во свои раце :D
     
  11. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.482
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека нема да морам пак прва да се „жртвувам“ :D

    Ама да, сепак сите треба да сме отворени за нови искуства, макар и истите да завршат вака, трагично ко моево :rofl:
     
    На North IcelanD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    13.016
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::hug::hug:

    Исто. Мене не ми беше толку лоша, ама нема ни да ја паметам по некои екстремни убавини. Инаку, неспоредливо најсолидна за разлика од претходните.
     
    На FridaodaMk и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    По еден ден што задоцнив и никогаш повеќе не го видов, не го допрев , не го чув:u:.
     
    На mal.ecka, јolene, mickey18 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.053
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам по многу убави моменти, но најмногу по загубата што ме остави без дел од себе, смртта на мајка ми. Иронично, годинава ќе ми остане во сеќавање токму по тоа што посакувам да ја заборавам.

    Сепак, ме потсети колку е важно да ги цениме моментите и луѓето што ги сакаме, бидејќи тие се она што ја прави секоја година вредна за паметење, па дури и кога е исполнета со болка.
     
    На CameliaMiller, sj *O*, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.703
    Пол:
    Женски
    Годинава ќе ја паметам како пресврт во животов.Искусив многу болка и тага,повредени чувства и непочит.Слушнав зборови кои мислев дека никогаш нема да ги слушнам и искусив предавство од кое најмногу се плашев.
    Тоа од што се плашиш,тоа ќе ти се случи.
    Но,сфатив колку сум била изгубена вистинската јас .Не потклекнав туку се борев и уште се борам.Сеуште не се чувствувам доволно самоуверено,но среќна сум што сама успеав многу.
    Ќе се изборам за среќа во Новата Година,за мир и спокојство.И јас како и сите други го заслужуваме тоа.
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.957
    Допаѓања:
    90.241
    Пол:
    Женски
    Најпрво започна со голема надеж дека нешто ќе се случи и сме на прав пат ама веднаш вториот месец ни покажа дека не е баш така, следеше разочарување и туркање напред како ништо да не се случило а толку болеше.
    По неколку месеци се случи пресврт целосен и скроз 'неочекувано' остварување на најголемата желба а тоа е позитивен тест за бременост.
    9месеци совршена бременост и прекрасни луѓе околу мене цел овој период.
    Во Новата очекувам синко да си го родам жив и здрав :l:
    Оваа среќа што ја чуствувам дури осеќам како мрдка во стомак не можам да замислам каква ќе биде голема кога ќе го држам и мирисам по цели денови :inlove:

    Се случија и некои лоши работи кои ме повредија многу. Запаметено ќе биде едно изгубено 'вистинско' пријателство и индиректен удар од најблизок кој што психички ме поремети а се случува по втор пат.
    И на крај ќе кажам дека оваа се ситници кои не се ич битни во спротивно на онаа што го пишав погоре.
    Ќе паметам дека сите најблиски ми се на број и купче, живи, здрави поважно од оваа нема :inlove:
     
    На CameliaMiller, LiquidLuna, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Годината кога станав мајка :l::f:
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Ми се исполни една голема желба која тлееше многу долго, но годината ќе ја помнам по многу, многу, многу стрес. Сè беше пропратено со толку многу стресови, јас навистина не помнам друга толку анксиозна година и се надевам дека малку ќе олабавам во следната. Имаше и убави и не толку убави работи, но на крај сè заврши добро, а тоа е најважно. Да сме живи и здрави годинава, посакувам сè да си најде некаков баланс.
     
    На CameliaMiller, RainBow, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.760
    2024...

    Нагоре високо, надолу длабоко година :)

    Година каде што очајував, година каде што успеав во работи кои мислев дека не можам да успеам, година каде што се победив себе, година каде што уште имав депресивни денови, недели и каде што мислев дека сите конци ги имам испуштено.

    Ништо значајна година, само преживеав.

    А во овој вртлог што ми е животот, повеќе него доволно.

    2025 се надевам бар малку (ментално) ќе ме одмори. Физички не мора, нека е повеќе време за физичко потење :)
     
    На H.VAGA и mal.ecka им се допаѓа ова.