Ќе ја паметам по двете цели што си ги поставив, од кои првата е скоро исполнета. Првата половина од годинава, го прескокнав "жолтото" на сликата. Бев на граница меѓу overweight (скоро obesity), сега на граница normal/overweight. Ова е БМИ, во бројка е -16кг. Тоа ми беше првата цел. Спојлер За вторава половина од годинава, целта е малку потежок животен предизвик, не знам дали ќе биде, ама здравје.
По отворање на новиот бизнис, нова личност во мојот живот т.е љубовна врска и реновирање на куќата, дограмата, мебел и нешто ентериер. Па ќе истани уште фасада и купатилото.
По година која во најголем дел си ја посветив на себе: - си купив нов телефон што долго време го посакував - ја добив првата кола и официјално почнав да возам - почнав скинкер рутина и повеќе не можам да замислам како сум функционирала без тоа - посетив 3 држави од кои една нова, два нови градови и еден нов континент - дружбите со пријатели и патувањата заеднички да се множат повеќе од в година - свадбата на другарката од детство - стекнав нов пријател кој можам да го сместам во кругот на поблиските; истовремено други си заминаа, but that's okay, вратата е отворена на кој му се оди, без секого се можи - бев на концерт на ОМИЛЕНИОТ бенд core memory за 2025 што ќе ја памтам засекогаш - си направив тетоважа за прв пат во животот и многу ми е убава - поминав 0 денови во плачење и стресирање за неблагодарен маж и општо за такви луѓе мислам дека најмирно сум спиела оваа година во цел живот Кога ќе размислам вака, годинава не ми беше ни half bad. Имаше некои работи кои не успеав да ги постигнам, но затоа ја имаме следната година. Две нови многу битни цели ми се на листата на остварување. Но најпрво здравје пред сѐ .
- Најубавиот одмор во животов со него. - 7те истрчани трки и целокупната трансформација што ја направи од мене трчањето. Особено летото што бев доволно дисциплинирана да го спремам полумаратонот на ужасни жештини. - Напредокот во работата - Станав многу поотворена со луѓе, запознав и голем број луѓе преку трките. - Ментално многу напреднав. - Раните подготовки на новиот дом И за следеча 2026 све ова да биде само понапред и на подобро.
..по тоа што верував многу повеќе во себе; по достигнувањата на некои полиња; по грижата за менталното здравје.
Оваа година, како никогаш досега, ги прифатив околносите онакви какви што се. Сфатив дека ако некој сака да ме разбере, ќе ме разбере, за останатите ништо нема да им значи и да се објаснувам со денови. Престанав да се вложувам онаму каде што не ме ценат. Годинава имав мал број, но скапоцени моменти со најблиските. Сега, пред крајот на годината, додека го пишувам ова, имам некое чувство како Бог да бил цело време со мене и ми помагал.
По тоа што ми започна катастрофа и мислев дека ми е најлошата година ама се завршува како најубава. Научив многу годинава, дека не сите ќе го направат она што и ти за нив, дека не секогаш се ќе оди по планот, колку и да е тешко не треба да се предаваш, не треба да се обвинуваш за туѓите избори, не можеш да помогнеш на некој што не сака да му биде помогнато.. Исто мислам дека малку пораснав годинава, дури сега се осеќам како да почнувам да созревам иако уште имам детски испади и детски погледи на многу работи, дури сега ми светнува во глава дека сум влезен во светот на возрасните.. Многу се променив и физички ама и психички многу работев на себе, а не се почуствував преморен.. Станав многу поголем верник, многу научив за верата, за христијанството.. Конечно успеав да почнам да живеам сам, не сум баш постојано дм е често кај мене, би сакал од наредната година и постојано да е со мене, ама си направив свој дом и горд сум на тоа.. Си го исполнив детскиот сон.. Ја запознав најубавата личност на светов, мислам дека конечно си ја најдов сродната душа..
Годинава ми започна многу убаво, веридба, регистрација, убави моменти, селидби, средување на животот, остварување на мои и заеднички цели со партнерот, но за жал после летото се судрив со многу проблеми, смртни случаи итн. Не сакам да ја паметам, сакам што побрзо да ми помине. Се надевам дека 2026та ќе биде многу поубава.
По лоши работи-смрт, разделби и семејни проблеми.... Сакам што побрзо да си замине оваа 2025 г. Единствена светла точка е малото врапче Џивџи, сега слободно лета здраво и среќно
Оваа 2025 год нема никогаш да ја заборавам додека дишам, тој кобен Март, душата ми ја распарчи, тој повик во 4 часот изутрина ме уби по кој знае кој пат.Изгубивме премногу, изгубивме, браќа, сестри, роднини, сопружници, тешко е но мора да се живее, никогаш да не се повтори..