Годинава ми беше најубава до сега но некако и најтажна, сакам лошите моменти да ги избришам а добрите да си останат засекогаш во сеќавање. - Имавме преубаво роденденско патување во Дубровник, најубаво место на коешто сум била до сега, може се чувствуваше специјално затоа што не сме биле до сега на нашиот роденден во странство. - Си купивме стан, нешто за коешто мечтаевме 3 години. - Си го уредивме станот со наши сопствени пари, прегорда на тоа. - Најубавиот подарок за во станче, Медо кутрето наше - Положив повеќето испити и сум поблиску до дипломирање. Посакувам само убави нешта да ми се случуваат и во 2026
Жал ми е Господ да ви дава сила Што и да речам знам дека нема утеха. Ден после тоа син ми имаше роденден, 14 години. Имав резервирано во едно ресторанче во близина и немав време да откажувам и да се спремам за дома да ги пречекам децата што требеше да му дојдат, отидовме во тоа ресторанче... Тоа беше најтажниот роденден, сите беа тивки и тажни и само си разговаравме. Штета за сите нас... посебно кога си родител, таа болка ја доживуваш скоро исто. Безрезервна поддршка од мене, тука сум за што и да треба
Прими сочувство, имам загубено пријателка блиска и прв братучед на трагичен начин... Те разбирам како ти е.... Остана само надежта дека сега се на поубаво место, во рајските градини,под Божја закрила во спокој, љубов и мир душите им се радуваат...
Последниве неколку години сите ми се лоши. Од никоја немам убави спомени. Но, се надевам дека 26та ќе е моја година и ќе успеам сето она што одамна го посакувам.
Еден од поубавите моменти годинава ми беше можноста случајно да го запознам дедо Кенџи од Јапонија кој пензионерските денови ги поминува патувајќи низ светот. Самиот разговор со него беше животна лекција и патоказ.
Ќе ја памтам по тоа што конечно собрав храброст да излезам од комфорт зоната и да направам нешто ново, нешто што со години сум сакала да го направам, а не сум имала храброст. Си ја исполнив една од најголемите желби, сама, без да чекам на другите. Здравје, во 2026 имам уште неколку работи кои би сакала да си ги остварам. Годинава беше прилично тешка и исцрпувачка за мене, ама колку беше тешка, толку беше и ,,освестувачка". Благодарна за сите лекции, за сите успони и падови, за сите убави моменти.
Една од најуспешните години во животот: - Си купив нов телефон ајфон - Си купив apple smart watch - Бев на одмор 4 пати од кој што еднаш на dream vacation - Најдов нова работа со скоро дупло повисока плата - Земав возачка - Си купив стан - Трчав на маратон - Се искачив на рекордно најголем број на планински врвови во живот - Почнав да вежбам редовно За 2026 сакам: - Да си го средам станот - Да си купам кола - Патувања во 2026 нема, ќе се штеди пари.
Дефинитивно не сакам да ја паметам, една од најлошите. Претходните исто беа за никаде буквално се се сруши одамна ама оваа беше врв. Најголем дел ми помина по болници, здравствени проблеми кои никако не се решаваат, ужасна работа од која дадов отказ, огромно разочарување од најблиска пријателка и уште еден милион разочарувања во секое поле и милион проблеми. Имав повеќе контакт со полиција и пријави отколу социализирање или било какво друштво. Се си остана исто и полошо и се што сакав и сакам да остварам буквално не се случи, пак под кирија пак до нигде, пак во исто место. Најпозитивна работа е што сум жива ( не здрава само жива) и што среќа немав некоја смрт во поблиско семејство. Освен тоа ама баш ништо позитивно дури ни еден ден оваа година не ми паѓа на памет.
Во топ три: Запросување Стапување во брак Преселба во друга држава. И по многу љубов и убави моменти, прошетки на нови места, работа на себе и личен развој, дистанцирање од токсични личности. Се надевам 2026 ќе биде уште подобра.
...давање отказ од работа заради преселба во странство. Вторпат преку барата на нов континент овој пат за преселба, но од х причини краткотрајна. План, желба и надеж ми се од 2026та понатаму да биде долготрајна таа преселба. Колку на почеток да ми беше тешко, нов континент, нов свет, поинакви луѓе, строго почитување на правила, мир, ред, тишина, поинаква деловна култура и многу други нешта сега кога гледам од некоја временска дистанца сето тоа ми фали и следна прилика ќе гледам побрзо и полесно да се прилагодам. Ќе ми фалат само блиските, други не, бидејќи кога заминав и се вратив сфатив кој што ми мисли и посакува, па од драми и токсичност премногу ми дојде, раскрстив по брза постапка се со таквите. Убав одмор, непланиран, онака...изненадувачки супер си поминав како за нешто на кое тргнав од денес за утре. И да не престанав да вложувам во себеси, од повеќе аспекти и во многу сегменти што ќе продолжат да растат и се развиваат и понатаму и деловно- професионално и приватно. Иако беше тешка година, научив многу нови нешта, би пишала ми ги отвори очите, конечно прогледав...
По тоа што ја почнав со правила - што сè ќе сменам у 2025-та, ги практикував недела-две, а после пак се вратив на старо, како и претходните години. Гарант и оваа ќе ми почне слично. New year, new me мото од кога бев зигот, и секоја година истиот курац.
По него Нешто најпозитивно што ми се деси годинава беше он.. Годината во која преминавме на некст левел и премногу се зближивме. Година во која, јас после толку време конечно се осетив дека на некого можам да му бидам најбитна личност во неговиот живот, и тоа да ми го покажува буквално секојдневно Првпат доживеав да осетам каков вкус имала вистинската безусловна љубов. Незаборавна година на љубовен план. Ми го подари него како најубавиот подарок За наредната само здравје и среќа си посакувам, и оваа љубов да ја негуваме двајцата како и до сега, па и да ја издигнеме на уште повисок левел Сакам да биде наша година на разни полиња ☺️ Исто така по ненормалното трошење пари ко да нема утре За ова по малку и се каам, да сум искрена.. Сфатив дека никогаш материјалното не може доволно среќна да те направи
Годинава ќе ја паметам по нотари, адвокати, дарови, преговори, продажба, купување и со тоа решавање на прашања коишто тлееја со години, во убава атмосфера. Искрено, се чувствувам како со ова да сум ги завршила обврските на светов, и приватно, и професионално. Не е сѐ готово, следи раздолжување, реновирање… ама ќе биде.