Годинава ќе ја паметам по добивањето лепасе,документ што би се рекло дека немам само семки во тиквата туку и тровче мозок.Ќе ја паметам по огромната позитивна енергија и љубов што ја добив токму од сите на форумов.Па како Феникс пак по којзнае кој пат од пепелот се издигнав,додуша повеќе како ларва која стана пеперутка,ама ај...За се друго негативно нема да спомнувам,за тунелот кој крај како да нема,светлото е таму некаде,се назира само.Важни се само благодарноста моја,топлината,љубовта кои ги добив од сите вас и поради овие тројца дома,само ќе ги истресам колената од паѓањето,па исправена во коштец со животот ќе се фатам
По тоа што уште не се решив што точно сакам иако наакав години . По умирања, црни хроники и една од посаглам днк група што ја имавме си отидоа така и другите со нив , греота . Воглавно , не знам по што да ја памтам годинава , по црна хроника .
- Црниот 16 март кој остави длабока трага во мене иако не сум лично погодена од трагедијата. - Моето конечно, долгопосакувано застанување на цврсти нозе на професионален план. Воглавно беше мирна година без некои настани со посебно значење.
Како секоја обележана по нешто така и оваа... Годинава беше турбулентна со многу успони и падови... Ќе ја паметам по конечно открив работна позиција која ме исполнува и каде тимот ми беше врв ,и не се деси тој момент кажан ааах морам на работа.. Јас идев со кејф..Дефинитивно ќе ја памтам по летото,работата и луѓето околу мене
По двете црвени линии кои ќе ни го променат животот по борбата што ја имавме за потомство. Исто така по убави дружби, настани, свадби, по позитивни луѓе.
Нашето прво подалечно патување и прво со авион со ќерка. Радоста за двете цртки кои за неколку месеци ми станаа најголема рана Храброста што ја покажав во одредени ситуации во кои мислев дека нема да можам. Професионалниот успех. Новите неочекувани пријателства.
Не се сеќавам на некои значајни и убави моменти оваа година, веројатно затоа што ги немаше... Долго време се чувствувам несреќно, празно, изгубено и во времето и во просторот. Не паметам оваа година да направив нешто од ќејф, туку се беше затоа што морав. Ќе ја паметам по наредбите од домашните, кои нема да се сменат и во новата...Многу ми е празен животов, не знам дали ќе научам пак што е среќа...?
По тоа што оваа година ми се уклучи некое копче во мозокот и некако ми се промени перспективата за одредени битни работи и направив нешта кои ми беа предизвик и излегување од комфорт зона. Истовремено донесов и некои многу questionable одлуки за кои сега се прашувам з о ш т о, ама па, за тоа се 20ти години.
Ако треба да ја опишам годинава со еден збор, тоа би бил прочистување. Накратко година на чистење на старото и поставување темели за новото
Убава мирна година полна со спомени - Нај важно и на прво место ми е што нај саканите ми се здрави и среќни - Фамилијарно патување за Велигден - Не сум активна 1 година на социјални мрежи и раат сум конечно (којзнае колку се "потресени" тие што ми мереа и сега не може да видат каде и колку сум шетала, во кој кафич кафе сме пиеле итн) П. С и форумчево е доста токсично, мислам токсични го прават доста ликови така позади тастатура(чест на исклучоци) па после месеци се уклучив, онака новогодишно - Првиот одмор со ќерка наша спомени тон - 16 години со златниов мој, уште траеме Љубов, почит и разбирање, за мене нај битно - 28 Август нај убав празник, прв пат на тоа место, со нив двајца - Ќерка тргна во градинка, немаше плачки, ниту таа да плаче, ниту јас со неа, дете среќно насмеано, јаде пие спие, за мене како мајка, битна работа уште посреќна сум јас - Вториот роденден сè помина во нај добар ред и според замисленото(контрол фрик, тоа е) Ааа, и кога ли ми порасна бебево пее, игра, збори, трча - Сè што е исфрустрирано, љубоморно, негативно тргнав од животов, од пријатели до роднини! Не планирам веќе да ме трујат со негатива и да седам на маса со негативци - Сега, нај романтичното топол дом, елка, храна на маса и САМО ОНИ ДВАЈЦА за новогодишната ноќ и следните празници искрено и гледајќи од страна, и само они ми се нај битни, живи здрави и да сме на број! Не останаа многу луѓе покрај мене, и некогаш сум тажна, ама па од друга страна, лажливост не поднесувам! Доволни ми се они, вредат за милиони личности на планетава! Среќни празници
Сочувство на сите што имате загубено некој близок. Многу убаво ве разбирам. Имам изгубено и јас личности кои ми значат многу во животот, пријателка многу блиска и прв братучед во тешка сообракајна несреќа. Нека им е светол патот и нека ни даваат сила од горе. Никогаш нема да бидат заборавени.
Многу се изгуби во 25 тава. Но сепак најубавото беше раѓањето на мојата втора ќерка... Баш пред да се породам ми излегуваше боди со натпис ,,best thing from 2025 " или некако сличен беше насловот и навистина така испадна.
По храброто решение да дадам отказ од работа која ми го упропасти психичкото здравје и да тргнам по друг пат во животот.
Мислам дека на 2025 можам да дадам титула на најубава година од мојот живот, без преовеличување и ќе ја памтам засекогаш. За прв пат во животот склопив точно онакви пријателства какви што отсекогаш сум сакала. Имам прекрасни луѓе околу мене и тоа никогаш, никогаш нема да го земам здраво за готово. Неколку месеци живеев она што за мене претставува Идеален живот, бев среќна и исполнета секој ден и знаев дека тоа е период што веројатно никогаш нема да ми се повтори во животот, затоа го искористив максимално. Прекинав да живеам како баба и дА сИ гО ЧуВаМ мИрОт и почнав почесто да излегувам на журки како што ми доликува. Огромна промена за мојот карактер што ќе ми остане и во 2026. Моја перспектива кон љубовта и каква врска посакувам се смени за 180 и преку ова приметив дека едноставно сум... пораснала. Од друга страна си дозволив да правам questionable одлуки во мојот љубовен живот, што никогаш не сум си дозволувала претходно. Ама ова последново ќе го оставам во 2025, беше забаво додека траеше. Дипломирав и се преселив во друг град... повторно. Но, најмногу, најмногу ќе ја памтам по првата точка, по конекциите со други луѓе, разговорите, излегувања и оној friendship glow што го осеќам во срцево спрема моите луѓе.