И да додадам бескрајна благодарност што во најтешкиот момент за мм а со тоа и за мене останав присебна и го направив најдоброто.
Годинава ако може само побрзо да си замине. По ништо не сакам да ја паметам, ако имаше селективно бришење на меморија ќе го употребев за одвратнава година. И ќе кажам нешто што мразам да го слушам и читам, ете до таму е. Нека не се повтори.
По глупи одлуки и по многу преживеан стрес,да имам магично стапче би ја избришала цела година како да не постои.За мене една од најлошите години во мојот живот и искрено сакам само да заврши што побрзо и никад да не ми се повтори ваква ужасна година.
2025… Почна со една агонија, каде е, што е… Таа агонија заврши со една голема трагедија на крајот на 2025 Почивај во мир даде Ако ја гледам годинава ептен одблиску во мојата најтесна фамилија генерално беше добра. Деца, здрави-прави. Јас и маж ми така така, здравјето почна да не зеза де мене де него па така си се менуваме наизменично. Се запишав на факултет за да дополагам испити што ми фалат, еве ќе завршам веќе и во 2026 ќе сум лиценциран наставник. Патувања, одмор прекрасен. Во 2026 ќе си посакам како и секогаш само здравје, друго можеме се со нашиве две раце и малку ум
Почна генерално напнато и тензично . Големи притисоци на работното место , стрес , напнатост .. Страв од " што ако ме отпуштат , што ако јас сум следна " .. Средина на мај , ми дадоа отказ . И некако не ми беше гајле . Сфатив дека сум на многу повисоко ниво . Дека не е во мене проблемот , туку е до перење на пари . И без стрес и напнатост се спакував и истиот ден ја напуштив таа проклета фирма . И конечно дишев . Набрзо најдов нова работа . Работев некое време и бум , како гром од ведро небо , ми стигнаа долгоочекувани документи . Отпишување деца од училиште , отказ , преселба .. Нов живот , нова средина , нови луѓе и многу можности за работа . Во екот на сите папири и работа по институции , почина и баба ми . Жената која ме порасна , која го правеше најубавиот сендвич од зелена салата ( немаше многу состојки , ама затоа имаше многу љубов во него ) , жената која од едно правеше две . Иако некогаш ( уствари , често ) знаеше да е груба , да ги двои внуките , да направи кавга .. Сепак , ме порасна . На некој чуден начин ми фали . Сепак , крвта не е вода . Денес , на само неколку часа од 2026 , чекам повик за почеток на мојата кариера , во една поприлично голема и позната компанија , не на ниво на Балкан , туку на ниво на Европа . Се надевам дека ќе успеам да се покажам како што доликува на една таква реномирана фирма , дека ќе ги исполнам и своите , а и нивните очекувања . Во новата 2026 , пред се ми е здравјето мое и на моите најблиски , сакам конечно да се собереме сите на куп ( братучеди , сестри , зетови , внуки и внуци ) и да прошетаме тука , сите на куп онака , како да сме го ослободиле градов . И конечно да положам веќе еднаш , да не ги пукам сите психички .
По сите 272949 апарати кои ги земав за сликање, сите 5-6 албуми кои ги пополнав, сите луѓе со кои се видов, сите места на кои бев. Дефинитивно ќе памтам (трајно) последното хемо како одам со розова коса и утрото заглавив во WC, ок "заглавив". А, сама во станот. Не сум се заклучила инаку ама 30 минути пробвав да се отклучам и имав мелтдаун дека ко за последен пат ќе закаснам и заглавам на клиника. Дефинитивно момент на 2025. Ок, и "срамот" да му пишам на слаткарката дека сакам тортата да ми личи ко да е мочана. И вау, не мислев дека ова ќе се случи ама еве 31ви Декември, 2025 - прва кола. Се шо ми требало е да видам украсена кола и да сфатам дека го сакам баш то. Ок и лаптопот, открив нова пасија во дигитално цртање која полека, полека ми го убива креативното мртвило. Редно беше. Ама то е моето бебе, мислам дека телефонот одма би го дала на сметка на лаптопот. Ајде 2026 нека е креативна и уба, веќе имам убај планој во неа, и нека има уште многу други убај планој. Јас лани: Јас годинава: аЈдЕ сАмО дА сЕ пРаЈ нЕшТо, Да Не Е дОсАдНо
2025.. Па можам да кажам дека оваа е најуспешната година во мојот живот.. Почетокот на јануари аплицирав за работа во друга држава,ја добив работата средив документи и во Март си заминав. Сама. Нова работа, нови луѓе, се навикнав. Бев исполнета, сама со себе, далеку од сите.. Имаше потешкотии нормално, ми фалеа моите, пријателите, ми валеше дома.. Го поминав летото на море.Мислам дека поубаво од тоа немаше.. Како и да е сепак после 8 месец живот далеку од дома решив да се вратам дома, иако работата и платата ми беа океј, иако имав мир, сепак ми фалеше нешто. Ми фалеше блискост со луѓе каде што таму неуспеав да го воспоставам, и сакав да бидам дома, близу до луѓето кои што ги сакам. Дадов отказ се спакував и си дојдов. Добив убава понуда за работа, во друг град, тотално се непознато и пак сама. Ја одбив, иако сега сум невработена .. дали се каам.. НЕ Успеав да остварам поголем дел од целите коишто си ги бев заддала.. Си купив автомобил, посетив 5 нови држави, запознав нови луѓе, научив нови работи, психички се доведов во ред, моите се живи и здрави.. Што повеќе да посакам.. За ништо не се каам во оваа 2025, се би исто пак направила. И сега во овој последен месец од оваа година се појави една особа од минатото, со која имам преубаво минато. Незнам како ќе се одвиваат работите натаму но само се надевам дека нема да биде првата грешка од 2025 за која ќе се каам хаха.. како и да е во новата 2026 само ја сакам најскапата работа на овој свет.. а тоа е здравјe за сеебе и за моите блиски.. друго ништо. А јас како и оваа година, така и во следната ќе се трудам да ги доостварам другите цели.. и да се посветам повеќе на себе, хранење здраво и self care..