2010 ќе ја паметам секогаш заради мојот прв бакнеж, мојот прв дечко кој многу си го сакав и по чекањето на 2011 заедно
За сега би рекла по апсолутното ништо епохално битно, освен пар ситници, ко по некоја извојувана битка, некој пораз, некоја болка, насмевка... депресија, меланхолија и многу бед луѓе околу на кои памет не им доаѓа да си тргнат по патот со облаците. Одете си бе, бонбони не делам, гага ручок не давам, пијалоци не частам... шо фајде?!? Ама да видиме ноември што ќе се случува Според еден од бандата астролози, нешто битно треба да се деси.. да ми се деси ццц оф! едит: ваквите приказни од астролози, гатачи и врачари се прилично добри да те одржат ако ништо друго пошто ти подигаат расположение, независно колку безвезе ти е во тој период, пошто нели.. имаш нешто за чекање маа мани (по бугарски)
По некои неубави моменти. По 360-степенската промена на моето секојдневие. По едно љубовно разочарување. По убавата „екскурзија“ во Битола и Прилеп.
До сега: - По стабилноста во однос на љубовниот живот (сите преубави моменти ). - По државната матура и сите стресови околу неа и сега претстојните околу уписите на факултет.
Mногубројните поуки што ги научив од грешките кои ги направив,и кои ми ги направија,по првото гледање со внука ми,по најубавото љубовно искуство кое сеуште трае
2011-дефинитивно ќе ја паметам по завршувањето на 8 одделение и воедно по прва година во средно знаете како одат тие работи,исто така по лудориите,журките од ова лето Едно од најубавите лета досега во моите 14 години
2010/2011 ке ја памтам по мрцварењето по патиштава натаму наваму , секој викенд пат - СК- (...) само за да бидам со дечкото што го сакам. Ама сето тоа е слатко мрцварење пошо не ми е тешко ни у пола нок ако треба да идам у градот кај што живее и работи. И тоа све само за неколку саати гушкање Love you Dar-Ling . Се надевам девојка му ова нема да го прочита
По моја животна промена да заминам некаде далеку, но и по мој баксузитет (одкако заминав да се затрескам у некој од мкд )
Ау пред некој ден размислував на ова и сеуште не смислив,ама дур си мислев единствено што чувствував беше благодарност.
цела 2011 сум во врска. прв пат во мојот живот. чудно за мене зашто обично не можам никој да трпам подолго време се на се, најубава и најљубовна година во мојот живот
оваа година ке ја паметам по тоа што си ја најдов вистинската љубов ,и ми се промени животот на мн мн подобро
Како Каша,исто и јас ни па јас досега сум трпела некој, ни па некој друг мене. Сум била со друг подолго време, но тоа баш и не беше некое трпење Освен по љубовта, годината ќе ја паметам и поради тоа шо се пронајдов себе. Мислам дека тоа е поврзано со него на некој начин, тоа пронаоѓање и таа изненадна промена. Не промена ами некое самооткривање, некое просветлување, сијаличката на Едисон.
2011-ќе ја запаметам како една позитивно-темпераментна-раздвижена година. Се веривме со Петко. Се роди Д. И уште неколку мали ситници, што ја прават да биде посебна, исполнета, среќна и убава.
Оваа година ќе ја паметам по многу работи.. 1. Ставање крај на агонијата. 2. По прекрасните патувања кои ги имав оваа година. 3. Запознавање на една нова љубов, која ми го промени животот на подобро и која ми докажа дека секој може да се смени ако сака
По многуте нови пријателства, блиските луѓе кои повторно беа секогаш до мене, ниту едното љубовно разочарување(за промена ), напротив по големата љубов што си ја најдов , промената на две работни места како и искуствата кои произлегоа од сето тоа, а и патувањата, за кои се надевам дека наредната година ќе се намножат(барам засега од година во година добро ми оди )
Што за разлика од претходната година, или таа пред тоа.. домашниве љубимци ми се тип-топ... совршено не, но споредено со тоа „пред“, вреди богами босоног да се искачиш на планина и да си викнеш, чисто ради ќејф. И следната нека е исто.. ако може и подобро.. пф не ќе се бунам де.
Оваа година се уште не е завршена за мене. Имам уште доволно време за можеби да ја запаметам по нешто вредно. Но, како позначајни настани би ги издвоила мојата „фатална“ врска, незаборавната екскурзија и дружбата со него, мојата драстична промена, за жал кон полошо, и бришењето на некои личности од животов. Ќе пишам повторно, имам верба дека до Нова година ќе има уште нешто по што би ја запаметила оваа година.