2011 ќе ја паметам како година со исклучително трагични настани кај моите најблиски, година на очајно и безуспешно барање работа, година на труд, мака и солзи. Единствениот плус е мојот прв одмор со дечко ми кој беше прекрасен и положениот лекторски испит. Лично, едвај чекам да се отарасам од 2011. To hell with it!
Има многу важни и битни настани по кои ќе ја паметам, но повеќето се неисполнети и тажни .. Сепак сакам новата да дојде што побрзо и да биде поубава од претходната!
ух..2011.. .Ја започнав со моето момче, со преубаво помината ноќ кога стрелките се споија и означија 12, почетокот на една нова страница од мојот живот која чека да биде испишана.Зимскиот распуст не беше натинг спешл, помина веднаш и стигнав до втор семестар.И некоја рутина секој ден.Оваа година ќе ја паметам по летото, по тоа што првпат можев да заспијам и да се разбудам во прегратките на дечко ми мирна и спокојна, без да слушнам дека алармот ѕвони и дека е 2 саат по полноќ и мора да ме испрати.Оваа година ќе ја паметам како година на свадби, нови познанства и како година која ми одлета како да беше еден ден.Бај д веј го положив испитот кој мислев дека никогаш нема да го положам.Се на се ова беше една убава година..
По нејзиниот почеток, кој означи почеток и на мојата, досега, најдобра врска, пуно љубов и среќа и така... Нова средина, нови луѓе, нови познанства... неколку нови пријателства кои знам дека ќе траат и ондак то... се на се, ништо не ми значи една бројка што ќе се смени.
Па, ќе ја паметам по глупи заљубувања. По лош почеток на учебнава година. По НАЈУБАВОТО ЛЕТО. По јаките телефони. По тоа што пробав дрога.................................... ....................................се шалам, знаете спортист сум не знам, се на се, чудна година со многу пресврти и...... би го памтела само летово, иначе Delete from memory forever.
По : - Научувањето да не се замарам многу, многу. - Да не се жалам и да не критикувам толку, станав позитивна до фул. - Новите луѓе кои ги запознав, огромен круг на нови пријатели. - Матурската се разбира, заедно со инцидентот пред матурата. - Љубовниот заплет и расплет летово, хаха - Одличниот успех од матурата, заедно со стипендијата за факултет. - Супер старт на учебната година, бруцош, па, ова па она... - Преселба во Скопје, нов живот, нови места, се ми беше и ми е ново, буквално. Доволно е за една година мислам, со надеж сум дека ќе ја завршам уште многу поубаво ако се оствари тоа што го сакам.... Стискајте, пуштајте, држете ми многу, многу среќа! Сега за сега ќе побарам само здравје, за мене и моите најблиски, па се друго ќе си дојде.
Ах... ќе треба да го отворам дневникот и да ве оставам да си прочитате... ајде, еве на кратко: *Застанав на свои нозе, младоста ми ја врати бојата и силата да продолжам напред. *Успешно завршив прва година на факултет. Стекнав знаења, запознав нови луѓе, нови карактери, нови случки, улици, насмевки, зборови.. *Имав многу интересно, невообичаено, шаренолико лето кое нудеше секојдневна поука, забава, заклучок, игра, занес, зајдисонца, одблесоци... *Го запознав Д. Љубовта повторно го стопли моето срце. Се‘ на се‘ - убава година
Најмногу ќе ја паметам заради тоа што засекогаш ми се смени животот. Ќе ја паметам по екстремните промени кои ми се случуваа, од моменти на бескрајна среќа, во моменти кога го мразев животот и обратно. Ќе ја паметам по добриот старт, по прекрасната неочекувана врска и што за прв пат почувствував дека некој искрено и вистински ме сака, заради тоа што сум. Ќе ја паметам и по огромните промени кои тешко ги прифатив, по ужасното нешто што и се случи на блиска личност, по големите разочарувања кои не ги очекував од некои личности, огромен пад на самодовербата и многу нервози. Кога ќе размислам, со одредени исклучоци, нема некои работи вредни за паметење. Не беше нешто многу добра година и едвај чекам да заврши. Ќе ги паметам само убавите работи и ќе се надевам дека следнава ќе биде мнооогу подобра.
2011 ќе ја памтам по: -отварањето на блогот -губењето на една многу важна личност за мене -убавиот летен распуст -добриот почеток на учебната година -запознавање на некои нови форумџики Има уште многу работи.Некои се добри а друге не... Ама што да правиме?Како што велат живот-компот!Кога ќе го отвореш или ќе биде расипан или здрав Се надевам на другата година со повеќе здравје,успех,љубов и среќа
Па, можеби ке ја паметам по отстранувањето на некои личности од мојот живот, повекето време поминато со мојата љубов и незнам уште што ке се случи до крајот.Само сум сигурна во едно: Дека ке ја паметам по добро
Пааа ќе ја паметем дефинитивно по масовните протести, кризата и сите пресврти низ светот кои започнаа на едно место и се проширија насекаде како некој вирус. Истотака ќе ја паметам по градежната експанзија во Македонија, одамна не се градело толку многу на едно место. По големите апсења кои се случија оваа година. Што се однесува до мене и мојот живот, хмм ќе ја памтам по тоа што и јас исфрлив некои личности од мојот живот и по Зумбата која ми го прави овој турбулентен живот прекрасен.
Она што прво ми текнува е по многууу свадби. Успеавме со мм да венчаме дури 3 пара многу драги личности (наредната сигурно ќе ја паметам по крштевки ) и + 4 свадби на роднини и пријатели -веселооо. Втора работа што Господ ме натера да отидам на безвезе преглед и да откријам нешто што несум го знаела и брзопотезно да го решам (еден е Тој горниот). Многу љубов, дружби и испиени чаши во знак на добра забава . И до крај на месец ако извојувам уште една војна и остварам своја желба е тоа ќе биде полн погодок и една целина за 2011
Најубавиот почеток на новата година, моето полнолетство, матурата, завршувањето на средно училиште, годишнината со дм, упишувањето факс. По убави работи ќе ја помнам годинава.