11 ми е среќен број. А 2011 ми беше не само среќна, туку и година на многу промени. Некои од нив: - станав полнолетна; - успешно завршив средно образование, со одлично положена матура; - зедов стипендија; - прекрасен фамилијарен одмор кај нашиот јужен сосед; - преселбата во Големото Село, животот тука, цимерките; - нови пријателства, повеќе добри концерти, откривање на нови бендови; - случајното запознавање на најслучајното место со една личност која полека, полека ми се вовлекува под кожа, сакала јас или не Се на се, беше добра година, и се надевам дека нареднава ќе биде барем половина добра од што беше оваа. Толку брзо помина...
По многу среќни и несреќни моменти,всушност како и секоја година. Инаку нема нешто посебно да ми се случило оваа година.Добро освен запишувањето на факултет.
Промените... Многу. На добро, на лошо, на неутрално. По средбата што Љубов ми значи. Мноштвото успеси на мои блиски луѓе... Нивниот успех е и мој. А личниот, нека биде моја тајна. Важно, во 2011 се создаде
Првите толкувачки конференции. Достигнувањата на сестра ми на лично и професионално поле. Неколкуте прекрасни личности кои ги запознав. Рингишпилите на љубовно поле. xD
По раскинувањето со сега веќе бившиот дечко . По тоа што после многу време мрднав подалеку од Скопје . По моите битки со анксиозноста , некогаш паѓав , некогаш победував но како и да е мрднав од мртвата точка . По тоа што домот ми е збогатен со уште мили суштества - две мачки , едно кутре и хрчак . По самодевербата која ја стекнав после многу време . По многу обични , а прекрасни моменти кои ги доживеав оваа година . Се на се , ова беше успешна година за мене , исчистив прва година на факултет иако имав потешкотии , воглавно со идењето на предавања , започна лошо но заврши убаво со многу позитивни промени во мојот живот .
И оваа, како и таа лани ќе ја паметам по преубавото лето. По дружбите со една другарка со која баш годинава се зближивме. По навреме исчистената прва година од факултетов. По двонеделнaтa 'работа' во ординација.
Доживувавање на првата права зима во животот. Првиот вистински снег, чувството беше божествено. Подолгиот престој во Мк. Бременоста. Раѓањето на близначињата на бато, сега сум тетка на три ангелчиња. Добивање на македонско државјанство Свадбата. Станување на мајка. Концертот на Еминем. Крштевката на Матео и братучедите. Уф оваа година ми била ептен плодна и бериќетна, година која засекогаш ќе ја паметам по добро. А да оваа година добив и 1 зима а 2 лета
-Станав средношколка -Премиерите на двете представи во театарот каде што глумам -Новите другарчиња што ги запознав
Оваа 2011 ќе ја паметам по *останав бремена(со близнаци ) *новата кола(најнова од пред неколку дена) и друго ништо посебно
Честито на членката над мене Оваа година ке ја памтам по мојата храброст да донесам битни одлуки во мојот живот кој дефинитивно многу ке го променат. По бременоста на сестра ми и по професионалниот напредок.
Уште не е завршена, можеби ќе ја памтам и по нешто друго, но засега.... - убавиот почеток, со авантура и со авантура заврши (во љубовта) - влезе една личност во мојот живот што малце ми го испреврте и тотално ме заслепе - свадбата на другарката и раѓањето на нејзините близначиња - дипломирањето - работното искуство од неколку месеци - убавото лето со 2 одмори - некои интересни ликови кои ги запознав, (а бев скептик за виртуелни познанства) Се на Се позитивни промени и една скала погоре во остварувањето на животните цели
Годинава ќе ја паметам по Насмевките Убавите вечери од летото Зезањето во интернат Забивањето нож во грб што не би требало ама неможе така лесно да се заборави ...
Ќе ја паметам по : -Првата љубов -Не дозволив на многу да ме направат будала -Си го сменив карактерот на подобро -Многу успеси
По успехот на македонската кошаркарска репрезентација.Еден ден би сакала за тоа да им зборувам на моите внуци кога ќе стане збор за 2011. И по најкраткот и најубавиот одмор.Се мислам дека сон беше По ништо друго!
Највеќе по добиената целосна стипендија на ФОН, која толку многу ја посакував. Тоа ми беше желба и цел која си ја поставив за 2011 година и многу сум среќна што тоа што си го зацртав и го исполнив.Сега продолжуваме со нови амбиции во 2012. Ќе ја паметам воглавно како добро година во однос на образование, како година во која станувам академски граѓанин, и тоа како успешниот старт на факултет со оглед на тоа што сите четири колоквиуми ги положив со сите можни поени. Многу ми тргна на ова поле искрено, дури и повеќе одошто очекував, не се замарам сега за просек затоа што ми олесна и си ја имам самодовербата. Ќе ја паметам по преселбата во Скопје, чувството и атмосферата која ја овозможува студентскиот живот, осамостојувањето и оделувањето од дома. Ќе ја паметам како година во која за првпат со моите се гледам еднаш-двапати месечно. Ќе ја паметам како лоша година во љубовта, но сепак да се надеваме ќе биде подобро. Како година во која го имав најпрекрасниот летен одмор досега. Исто така по една многу лоша случка, во однос на тоа што мајка ми имаше здравствени проблеми но од друга страна и добра поради тоа што сега е многу подобра.
по некои мои грешки,по некои нови значајни пријателства,по некои запознавства,по двата прекрасни одмори во Грција,по смирувањето со мојот дечко,по некој договор што се склучил,по исполнувањето на голем дел од моите желби
- По нашата прва тајна. - Нејзиното прво јавање коњ. - Првите извадени запчиња. - Тргање во прво одделение. - Патувањата. - Запишувањето на постдипломски. - Изложбите во Белград, Кавадарци, Гевегелија. - Први објавени поеми в туѓина. - Првите објави во Шведски весник. - По зборовите Те сакам од Марио и љубово.. - Операцијата на мајка ми. - Втората награда не светско ниво во фотографија. - По истражувањата. - Средбата со Саша и нашето огромно пријателство. - Изненадувањата на Саша на аеродром. - Чекорот на Киттен да живее со мужето. - Нејвувањата на татко ми. - Работата на сестра ми. - Поемните на Љубово драстични кон подобро. - Разводот на другар ми. - Најубавото лето минато во Охрид во душевен мир и многу џез. - Осамените моменти. - Борбата. - Секојдневното учење да ги грабам моментите. - Надминувањето многу болки и смиреноста во многу ситуации.
Годинава ќе ја паметам по: - нашата врска се среди - многуте преубави заеднички моменти - запознавањето со неговите родители - новата куќа во Скопје - новата кола - подршката од моите родители, која ја добив кога ми беше најпотребна - убавото лето