Интенцијата на девојката што ја постави темата не беше кој и колку троши на одмор и дали се скржави, туку дека просечната македонска жена е секојдневна слугинка и роб на просечниот македонски маж и дека перење и чистење на својот маж/дечко е лична деградација на жената, па уште на одмор ли да робува. Мојот пост беше чиста иронија на девојката и колку да ја доловам оригиналната интенција на темата, а тоа беше подмолна и безобразна деградација на мажите во РМ.
Според моите скромни познавања би било повеќе. Сепак немам актуелни најнови цени во глава, од времето кога работев во авио компанија можеби има некои намалувања, можеби и толку драстични. На крај краишта не е ни важно. Секако сме малку офф. Сакав само порално да ги доловиме целокупните трошковите за таков вид на дестинација. И јас одам летово Грција и не се чуствувам навредена околу истото. Воопшто не ми паѓа на крај памет дали некој ќе помисли дека одам таму бидејќи имам/немам финансии за на друго место. Несвесно сами си ствараме предрасуди и некој вид на притисок со таков вид на размислување. Кога бев помлада и без деца имав други критериуми и барав одмор од друг вид и друг ритам. Сега друг. Сите знаеме зошто се бира Грција кога имаш мали деца и тоа е тоа.
Значи ти дома ја шамараш жена ти '' ако си женет'' па после одите на одмор како хепи фамили и јадете салата направена од краставици и црвени пиперки
Епа ај еве да се насмееме, да не ти пропадне пресмешната иронија Интенцијата на девојката беше баш против вакво гледиште како твоево со кое се исмејуваш со сите овие работи. А првото мислење јас го прогласувам за најпогрешно разбрано и најизвртено во историјата на Фемина. #ИЈасСумГош
Немам деца и обврски го напоменав тоа погоре. Да не се повторувам прочитај поназад што напишав како би постапила кога би имала Џој абе и 10илјади евра можам да потрошам во Грчка не дека е тешко многу тоа и во Охрид можам исто толку да потрошам. Ама апсурд ми е да фрлам толку пар за на Халкидики 2300€ ко што кажа кога можам било кога да отидам таму... не ми е тос целта. Исто ко што не ми е целта 1400€ у хотел со две * па да јадам у МекДоналдс цел одмор. Е за таму поише кеш ми треба за да можам и по одтровчиња да прошетам, па тура у џунгла па ехее милион работи има, нема да се мкнам до таму за на крај пак да завршам со готвење и стискање и на плажата од хотелот да седам 15 дена. Пошто не е мисловна именка и се вреѓате коа некој ќе спомне дестинација подалеку од балканов зашто потроши толку пари у Грција наместо во Италија да речеме... Бај д веј Италија е поефтина од Халкидики. Или тоа дека уживаше да готвиш и да се грижиш за фамилијта и на одмор да јадат домашна храна? Не е поентата колку каде кошта, за тие пари на Санторини си можела да идеш и ал инн ама си го направила тоа што ве прави среќни цела фамилија, исто ко што мене ме прави среќна одмор во Тајланд. Не се штрецајте одма некој коа ќе спомне убава дестинација, немора да значи дека е милионер и дека потценува туку може си штеди до години за да си го дозволи тоа.
Девојќи ве читам и секој втор пост да речам се пишува како тоа ние жените ПЕРЕМЕ за одмор од 10 дена пример,зар навистина постои некој што пере за тие малку дена?
Види вака се е релативно и Охрид можеш да ги потрошиш тие твои 2.300 евра ако си сместена во Инекс Горица, Тино, Вила Александар.... ама можеш и 100е да потршиш ако си сместена настрана од градот, Сакам да кажам ете и да отидеш на некоја дестинација што е сметана за најефтина можеш да ги потрошиш тие пари и од кога тоа Грција е сметана за најефтина дестинација, по кои критериуми? Да се едитирам ме потсетивте на еден виц со тоа штедењето, двајца мажи разговараат, едниот му вели на другиот: оти пушиш? Па со тие пари што ги фрлаш бмв ќе возиш, а другиов му вели: па гледам ти не си пушач, па кај ти е бмв-то
За критериуми прашај ги погорниве што 100 пати ја спомнаа Грција како една од поочајните локации за одмор.' Подобро ке штедам неколку години за саглам одмор отколку во Грција да одам' така се велеше.
Поентата на годишниот одмор не е во тоа каде ќе одиш, дали ќе биде хотел, камп или апартман дали ќе готвиме,или ќе се раниме по ресторани поентата е дека ќе си го излуфтираш малку мозокот од секојдневните обрски.Дека нема да морам да станам во 07;00 часот за да се спремам за на работа, дека нема да морам да се ѕверам во компјутерот на работа 8 часа.Тие што имаат деца нема да брзаат да ги однесат во градинка или школо.и не гледам проблем и ако нешто се зготви па на крај краева и дома готвиме и јадеме домашна храна сигурно повечето од нас готват сите не се раминиме по ресторани.Многу ми е убаво кога ќе си направам домашна салата и со сопругот ќе си ја изедам на тераса мезејќи ја со ракија или узо ако имам и тогаш сум најрелаксирана и се чувствувам најубаво.А мобилниот го ставам на игнор. .
Баш ја отеравте темата не во друг,дури во трет правец. И очекувано дека ке се оптегнеа финансиите и чукањето во гради. А требаше менталитетот да се коментира. #амасекјаприликаморадасеискористи
Поентата на годишниот одмор е во тоа што секое семејство, пар, непар, индивидуа.. како и да милувате, си има своја поента за годишниот одмор. И додека едни се скроз ок со изборот за годишен одмор на другите, другите отидоа до таму што ги набедуваа првите дека цитирам: "се задоволувале со малце", со други зборови одат на одмор од немај каде, и бесрамно лажат дека така им е убаво. Тука настана дискусијата.
Сериозна забелешка: Очекувано застапување од страна на модераторите за "другарката." Почело е, а не би требало А како тоа само вие ја разбравте добро, а сите други не? И кога толку вртите на нејзина страна, зошто не согледате реално оној став кој испровоцира вакви постови? Секој на својата страна ќе си влече тогаш. Галапче , финансиите беа спомнати во самиот воведен пост. Нели? Значи, јас немам видено пример кога бевме на море кој Гош го спомна во постот. Ако е за пред 20 и кусур години тогаш да, вероватно постоеше. Во денешните времиња такви "угнетувани" жени и не одат на одмор оти или се стари или живеат некаде во пештера. И ако се најде некаде таква, тоа е мал процент, а не глобалната слика која беше претставена во воведниот пост. И сега, нели добро разбрав?
А шо е одмор без финансии Галабо? Можеше фино лепо да ме тагнеш без од околу да вртиш ,имам осеќам еве дека на мене се однесува твојот пост #изненаџенаиувреџена искрено
Гледам семејства заедно се прават. Шетаат заедно, ги шетаат децата, се бањаат со децата, дали јадат по апартмани или ресторани, заедно се и заедно се прават. Те тоа јас гледам. А ти?
А кoј се пoсoмневa декa не јaдaт зaеднo, не се шетaaт зaеднo и не се бaњaaт зaеднo? Зa тoa се збoри oвде?
Џои тебаше да тагнувам повеќемина,на некои постови и не се сеќавам чии беа. И баш ми се без веза и не во склоп на темата. Бар јас така го протолкував постот. Креирање тема основана на еден пост не секогаш трпи. Верувам дека доколку имала членката намера да креира тема ке се подобјаснела поинаку за вистинската поента. Грешка на модераторот,ј.бига,се греши. Скај,јас пак приметив доста членови дека инаку ја сфатија темата,не само колегите на Гош. Одмир без финансии не оди,да. Суми беа спомнати,ама за мене примарна цел беше менралитетот. И пак ке се повторам. Моето опкружување односно може дека спаѓам во групата просечни до 200€ укажува дека македонскат да не речам балканската жена се чувствува покорисно доколку зготви нешто отколку доколку си поигра со детето. Буквален пример.
Па еве не знам тогаш за што се зборува. Не за пиперки и ѓаки, не за жената да прави се сама, а маж и седи со шише пиво во рака, не за поефтини и поегзотични места. Не за менталитет? Па погоре Бендер за менталитетот зборува, или еве Спешлка дека не сме разбрале поента Мислам уврдивме дека секој прави како сака, оди каде сака, штеди или оди по можност, што друго остана?